Е.л.ф. нема во Македонија, ама баш би сакала да има. Многу се евтини производите и колку-толку се квалитетни-од она што го имам видено на јутуб. http://www.eyeslipsface.com/
Пред неколку години имаше, но го затворија. Иначе може да се нарачува од http://eyeslipsface.co.uk/ до утре имаат бесплатна достава со нарачка над 10 фунти. Кодот е POPSHIPEU.
Јас имам сенки за очи и искрено не сум презадоволна, некако многу се ронат, пола сенка ми се има изронато. И не стои долго. Во споредба со сенките од Авон....ма не може ни да се спореди.
Пред неколку години имав земено карминче/руж, четки за сенка и уште нешто не се сеќавам. Карминчето/руж не ми се допадна ни како стои на уста ни на образи па уште одамна го снема, веројатно го фрлив, а четките се супер до ден денес ги користам.. Многу беше ефтина козметикава за тие пари имаше доста добар квалитет, али одамна немам прочитано/видено нешто за елф се прашувам дали сеуште постојат.