Ваква тема не видов, ако има затворете ја Имам рокерски (edgy) стил. И многу сакам така да се облекувам. Што мислите за тој стил, и дали го применувате? ЕДИТ : Ако знае некој кај има такво ланче со Стоунси, одма нека каже !
Кога бев средно се облекував вака,ама ми пројде и тој период и сега се што ми е останато од тоа се старките и по некој детал од време навреме, ама не е тоа тоа..
Го обожавам стилов, иако не се облакам вака. Некогаш имам испади и ништо чудно да ме види некој во вакво издание па ми се чудат Имам многу маички налик на овие, со Стоунси итн.. Имам и накит од дамнешни времиња коа повеќе се облакав вака
Баш е убав, но мислам дека треба време да се изгради. и тоа подолго време. Можеби се облекувам со некој детал, старки, некое уникатно парче облека во овој стил.. но, не можам да речам дека целосно се потпирам на него.
Е ова е нешто што ми се допага.Омилената блуза која веќе ми е мала ми е баш ваков стил.Црна со црвена, мала гитара, синџирчиња,боцки...абе прубава е Инаку таа блуза ми е единствена од овј стил бидејки не се облекувам вака но го ценам стилот
Ми се допаѓа стилов, посебно маичките - Стоунси, ваљда тука спаѓаат и слични модели со налепници на Кингсите, СОАД, РАТМ, па и Слипкнот можеби итакамунатаму. Не би ги облекла единствено тоа хеланки/хулахопки, што и да се - не се пронаоѓам во таквите води баш. Ама, сума-сумарум, ми се допаѓа.
Ми се допаѓаат одредени сегменти од стилов, ама измешани со кежуал облека. Не сум била облечена целосно вака, ама затоа чевлите и чантите ги обожавам. Еден период бев опседната со нитни, па од дечко ми добив подарок чевли, а сама си направив чанта.
Прејак стил, секогаш изгледа моќно и секси. Сонувам за штикли со нитни а веќе имам обетки, алки и ташна!
Убав стил, ми се допаѓа, ама само ако не е пренатрупано ептен со нитни и такви ствари. А ланчето со јазикот на Стоунси ми е непребол. Инаку, имам каиш во ваков стил, старките секако и ташна некоја мислам ќе се најде. И да, подобро изгледа кога е измешан со кежуал стил.
Стилов со кежуал во комбинација дефинитивно ДА, не со рок, емо, панк. Нитни во умерена доза се супер, чанти и чевли посебно. Не сум видела салонки со нитни кај нас, а би сакала да поседувам едни. Може и умерен рок стил, онака кожно јакниче обично, чевли и чанта со нитни мх мх. И не ги сакам оние шпицести нитни, не сакам да ја повредам околината Со јакнава може некој да убиеш
Мене многу ми се допаѓа стилов иако не го практикувам многу.Имам неколку пара старки, ташна и алки со нитни,маички...И да, повеќе ми се допаѓа измешано со кежуал стилот.