Интересен стил, ама јас лично некако не се пронаоѓам во него. Ми делува агресивно, а јас сум нежен тип и повеќе практикувам кежуал стил, најчесто во пастелни бои. Не сум многу по впечатливите парчиња облека, чевли и накит, едноставно не знам да се носам со тој стил.
А јас си бев во заблуда дека ова е некој вид на рок стил па тоа нитните ме потсетуваат на рокери Како и да е, има некои фини парчиња кои можеби би ми се вклопиле во мојот стил, но да го носам целосно овој стил не, не би можела
Ова е стилот што ме дрмаше едно подолго време во основно. Сега од сите вакви парчиња облека ги имам задржано само старките, алките и кожната јакна и ги комбинирам со поедноставни парчиња.
Не би се облекла вака целосно, ама сакам само еден додаток, на пр. ташна, или такви фармерки, а другото да е покласично. Вака целосно од глава до пети се облекував едно време додека бев средна школа, ама ми мина таа мода од главата.
Ми се допаѓа овој стил, но лично јас не се пронаоѓам и не би можела да носам се. Би можела да носам само некој детал, односно само едно парче гардероба во комбинација со нешто покласично или винтиџ. Еве на пример фармеркиве дефинитивно би ги земала: Јакничево исто така ептен ми е кул: Или некои од овие чевли: А на ташниве велам едно големо ДА
Интересен е стилов,ама не е за мене.Има само некои парчича од овој стил што ми се допаѓаат се друго,НЕ.
Мислам дека овој стил е многу уникатен.Многу ми се допаѓа ама не го применувам. Има некои парчиња од овој стил кои ми се допаѓаат
Од секогаш сум имала склоност према рокерскиот стил, никогаш не сум била типично рокерски облечена од глава до пети. Мојот стил е кежуал, но често носам асесорис во рок или еџи стил искомбинирани со најразлични други детали. Во продавница секогаш несвесно се фаќам за кожни детали, накит со метални елементи, нитни и сл. Едноставно овој тип парчиња се битен детал во мојот секојденвен изглед иако понекогаш се во комбинација со нежни и романтични модели облека.
Не го сакам стилот и никогаш не би се носела така. Еветуално може да пројдат овие луботин штикли и Мекквин ташнички, ако воопшто спаѓаат во тој стил.
Го обожавам овој стил!Само не го практикувам,а знам дека добро ќе ми стои Спојлер Блиску сум со стилов?
Оваа есен и зима пак се враќа edgy стилот, нитните, кожата и остало. Во Солун на секој излог е поставена новата колекција и вришти од нитни. Мене око ми фатија на Зара чизмите го глужд, со едни морам да се подновам. И на Бијонсе последната колекција има доста edgy парчиња. Zara fall/winter 2012-2013, пак има многу edgy моменти во колекцијата, претежно во чевлите. Значи ќе се носи и следната година. Мене ми е баш мерак, обожавам нитни и не стигнав да ги изнаносам сите работи пред две-три години.
Јас го обожавам стилов и го практикувам, но умерено. Мислам дека на моиве години, не би ми стоело баш да се облечам од глава до пети така, не ми доликува. Уште така фали да излезам сега кога повеќето ме гледаат ко да сум паднала од на марс.