Сеси земи си ги ташните чевлите и ланчето, иако се преубави и тие ама ќе ти ги предадам. Али тој Ели Саб го сонувам за фустани. Штета што не можев да му ја најдам продавницата во Париз а бев решена ако не можам да пробам барем да допрам негов фустан. Тоа е скапоцено чудо бре
И конечно првиот парфем од Елие Саб рекламиран од Ања Рубик. Top notes: orange blossom Heart: Sambac jasmine, jasmine grandiflorum Base: cedar, patchouli, rose honey Се надевам набрзо ќе го најдеме во нашите парфимерии, бар ако неможам да носам негови скапоцени фустани, нека ме опие тој Елие Сабовски мирис и ќе се замислувам дека шетам со негов фустан
Знам дека се пар хиљади, али поконкретно колку дали има некој идеја? Има по 100-200 долари на нет фустани али некои шеснаести копии и чкарт верзии, ме интересира само информативно са паре коштаат убавиниве.
Јас прочитав една ваква информација, дека фустани на Ели Сааб не се етикетирани со цена, затоа што еден фустан се прави рачно за еден посебен клиент, а цената зависи од богатоста, односно квалитетот на материјалите употребени при создавањето. А, оние фустани видени на модната писта се достапни во нивното атеље во Париз, Бејрут и Лебанон. За сите фустани цените се движат некаде околу 3000 до 5000 долари, иако јас прочитав дека можело да се најдат и за 500 долари, меѓутоа не верувам дека Ели Сааб би бил толку евтин. Така да.. Сигурно е од 3000$ до 5000$, па нагоре.
Добивам впечаток како овој креатор да ги зема најубавите материјали,прави абракадабра и излегуваат магични,преубави фустани.Не можам да им се изнагледам.Прекрасни се. ^Колку убаво изгледа Хали Бери во овој фустан.Убавини.
Не знам дали постои жена која не сака во својот ормар да има барем еден фустан од Elie Saab. За мене човеков е прав волшебник. Неговите фустани се како магија, сигурно сите кои облекле негов фустан се чувствувале како принцези, во вистинска смисла на зборот. Толку се женствени, блескави, префинети, елегантни, софистицирани...ма едноставно совршени. Сите ми се допаѓаат, ама баш сите. Но овој дефинитивно ми е најубав...се заљубив на прв поглед
Елии Сааб вил ју мери ме? Мислам совршенство, шта друго речи, излишно е. Гледав по сликиве, лиги до земја пуштив, и јанѕа почна да ме јаде, тешко дека некогаш ќе го ставам газов во ваков волшебен фустан. Затоа ќе го омажам Ели, па вакви фустани и за по дома ќе носам, убави фустани-долга љубов .
Го обожавам сите креации му се супер посебно фустаните се топ,прекрасни .Убави елегантни женствени разиграни немем зборови .Со заоволство би носела некоја негова креација и не само јас секоја жена би носела негов фустан .
Дефинитвно еден од моите омилени дизајнери , а за креациите нема ни да зборувам , едноставно те оставаат без зборови. Доста креативен , секогаш оргинален. Ако ви е потребен фустан за некоја посвечена прилика , што и да изберете од неговите креации нема да погрешите.
Сите ми се убави. Без исклучоци. Човекот е волшебник. Креациите вриштат со раскош, елеганција, софистицираност...совршенство. Материјалите изгледаат толку нежно што ми се чини дека се нестварни и дека не може да се допрат. Како од бајка.
Го обожавам, предобар е. Се надевам дека некогаш ќе можам да си дозволам да облечам негов фустан. Сега тешко. Еве неколку фустани кои ме воодушевуваат: