Elite Las Encinas е едно од најелитните училишта во Шпанија каде богаташите ги праќаат своите деца. Училиштето оваа година им дава можност на тројца ученици-степендисти од работничка класа да студираат во елитното училиште. Во училиштето се извршува убиство. Жртвата е Марина-една од елитните ученици.. Серијата има 9 епизоди со времетраење 50мин. Втората сезона излегува на 6 Септември. Жарн-крими,трилер,драма
Јас ја гледам серијава и многу ми е убава. Денес излезе втората сезона и одма изгледав 3 епизоди. Гледа некој друг? Засега добро оди приказната, ќе видиме како ќе биде понатаму до крајот на сезоната.
И јас ја гледам. Прва сезона до 4та епизода. Искрено, ја почнав заради глумците од La Casa de Papel, но засега не е лоша. Се надевам на добар расплет.
Баш ќе те тагнев за да видиш, да има со кој да си правам муабет за новата сезона. Јас сум на епизода 4. Има две нови девојки сезонава и онаа Ребека (мислам дека така се викаше) ми е закон. За другата ќе видиш и сама. Има уште еден нов лик, наводно некој полу-брат на Лу. Ќе гледаш па ќе кажеш. Ако минатата сезона беше секси&steamy, оваа изгледа ќе биде дупло повеќе. Во секоја епизода има по некој бесен кадар и уште побесни спојки.
Како ви се допаѓаат ликовите? Мене во првата сезона омилени ми беа Гузман и Надија се надевам во вторава сезона нема да ги упропастат...
Само што ја завршив втората сезона од Елит и многу ми се допадна посебно крајот кој најавува интересна следна сезона (со оглед што официјално е потврдена 3 сезона) Од новите ликови најоткачен и најинтересен ми е Валерио имаат интересен frienship со Надиа.. Карла е многу сменета во втората сезона не очекував дека ќе ги спојат до Самуел со оглед дека Самуел и Лу имаа многу фанови (особено за вторава сезона).. Ендру дефинитивно најглупав лик во цела сезона.. Мислам дека во првата сезона се откри дека Гузман е посвоен па се надевам дека во третата сезона ќе има нешто повеќе околу тоа..
Ау Сабота е бе, ова вчера требаше да излезе сезоната. Ах ништо новата серија шо ја почнав сабајлето да ја остам за друг пат, ова сакам да си го гледам.
Ја изгледав 2 сезона, интересна ама повеќе предвидлива од првата, во секој случај држи внимание до крај. Надија и Лу ми се меѓу најинтерените ликови, новите ликови супер се вклопиле и ја освежуваа серијата. Инаку ќе беше монотона ако не се проткаеа приказните на новите девојки и Валерио. Јас обожавам тинејџерски, средношколски серии уште од времето на My so called life, меѓутоа сексот на гејовите ми беше на моменти too much, исто така и инцестот, за среќа немаше многу експлицитни сцени. Гусман многу интересно еволуира, и ликот има тежина. Додека Самуел уште од прва сезона не можам да го сватам и сварам, цело време е загрижен, лут, само него нешто не ми оди, а можеби е и до глумецот, не ми се погоди. Како бејби Енрике Иглесиас. А да ќе заборавев и саундрскот на епизодите со журки е супер.
Валерио е маче. То имам да кажам за него. Толку. Е сега прво ќе зборам за Лу зошто многу реагираа на тоа што направи со ''yaaas Queen'' иако јас мислам дека не беше за аплауз. Сфаќам дека е повредена и сфаќам од каде иди се што Лу направи, ама мислам дека можеше да изведи се на поинаков начин без да се одмазди и баш да испадни хероина. Ама, се работи за Лу и знајме дека то нема да се случи. Карла ја изневери. Кајатана ја изневери. Гузман ја изневери. Надија се сплетка со Гузман. Е сега и сами знајме дека многу често изневерен партнер и по третата страна мава и затоа Надија си го јаде. Ама, мислам дека Надија многу се погази себеси. Не, јас не мислам дека секс е нешто лошо и ЗА МЕНЕ не е нешто шо се чува за брак, ама Надија тоа го мислеше и за неа беше нешто специјално, нешто за во брак, голем верник исто така и додека сите живи се јадеа таа го имаше тој мир, и само за да задржи внимание на Гузман имаше секс со него. И криво ми е за девојчето поради тоа шо после то се осеќаше како срање, Лу го држеше то врз неа и на крај дознаа нејзините дома (иако изреагираа со "that girl is not you''). Дали се шо направи Лу беше заслужено? - Да. Дали се шо направи Лу беше непотребно? - Исто така да. Лу вистина можеше да испадни ''yaaas Queen'' ама ништо од то. Следно, гледав многу Гејм оф Тронс и Валерио и Лу -- ship it. Баш ме интересираше дали се крвно поврзани зошто Валерио сакаше да нагласва дека се ПОЛУ брат и сестра, а не памтам да се спомна, испадна дека да, делат крв. Имаат заеднички татко. Ваљда зато Валерио му велеше оти да не пробаме немада имаме деца посекако. Карла и претходна сезона, и сега, ми стој за омилен лик. Упс. Има чувства, не ги крие. Од сите во училиштето е таа која можи да ги изманипулира сите, да ги сврти на прсте шо се вели ама дур го прај то си дозволва да осети и мислам дека то му е дел од шармот. Би се повредила себеси со чувства само за да добие реална емоција за ситуацијата. Поло и Кајатана. Поло ми беше како зомби сезонава, разбирливо и ми се допаѓа тоа. Кајатана и Поло не ги гледав заедно и искрено приказната на Кајатана ми беше многу убавка. Дур и малку глупо ми падна кога читав на ТвТајм и уствари таа не е меѓу омилените ликови особено зошто има интересна приказна, интересно изграден лик е и се тоа. Како и да е, кога си пречитвав мислењето место Кајатана прочитав Кајгана. Секој со маката. И за крај, сакам уште за Ребека збор- два. White trash. Океј, за останатите, Гузман - идиот. Самуел - всушност победи против Карла, така да - кретен. Нано ме расплачи со ливчето од клиниката за абортус.
Во серијава никако виновниците да си платат за стореното, ме изнервира крајот и тоа ептен а сезоната генерално ми се допадна. Таткото на Надија...двојни стандарди пуштени на најјако. Нема врска тоа што го пуштија видеото, тоа не е нивната ќерка и можат да пројдат преку тоа, ама синот е геј и леташе од дома како валкана крпа. Тоа недозволиво нели... Многу ми беа убави Надија и Гузман, иако мислам дека да му дадеше шанса тогаш кога дојде да разговара со неа во дуќанот, сè ќе беше поинаку. Нејзините ќе сфатеа, слаба точка му е она на татко и и едноставно ќе и попуштеше и ќе го прифатеше Гузман како нејзин дечко. Ама шпанска серија не е шпанска серија ако не убацат малку драма и галама. Кајетана многу ме нервира од почетокот, баш си се погодени со Поло и двајцата исти такви замотани во сто маски. Едната загушена од комплекси на нижа вредност, а овој другиов од лични фрустрации. Лу...не знам што да кажам за неа, многу лош потег и беше тоа што изигра така со Надија, ама моментот па кога ја откри Кајетана...драмици. Можеше да пројде тој момент и без зурли и тапани, ама океј е. Карла ми е многу убавка и многу беа слатки со Самуел, ама мислам дека она никогаш не го сакаше, т.е. не го гледаше никако и од старт се знаеше зошто он трча по неа, а нејзе мислам дека и беше јасно. Ќе има ли трета сезона, има ли најава?
Многу ја сакам серијава уште од 1та сезона. Вторава дури и некако поинтересна ми беше. Поло за толку слаб карактер, изигра сурово. Андер го разбирам и сожалувам многу, преголема тежина е тоа. Омар го сакав многу повеќе во првата сезона отколку во втората. Самуел ми е лигле малку. Ги ship-ував со Карла, која патем и мене ми е еден од омилените ликови. Надија, друг омилен лик. Иако сексот со Гузман, додека тој бепе во врска а таа со поинакви сфаќања, беше надвор од нејзиниот карактер. Гузман - најомилен од сите (да, и него не го сфаќам што не прекина со Лу пред да биде со Надија). Лу, премногу егоцентрична ама ми падна жал после хуманитарниот настан. Кајетана ми беше антипатична. Ребека ме иритираше со гето понашањето, ама прекрасна ми е на лик.
Мене Ребека и Самуел ми беа убав пар, мислам дека ќе ги спојат ако има наредна сезона. Не знам Самуел дали се правеше слеп, апла се гледаше дека Ребека е затрескана во него. Многу убава девојка е, малку така ко во позадина беше ама ептен ми се допадна како се вклопи.
Мене Надија воопшто не ми се допадна сезонава... Цела прва сезона имаше поинакви сфаќања а во вторава сезона одма му се фрли во кревет.. После тоа Гузман и рече дека ќе раскине со Лу за да бидат заедно она му ја тресна вратата демек се чуствувала лошо па кај и беше паметот кога одеше по клубови и го заведуваше... Јас воопшто не го кривам Гузман зошто тој воопшто не ја ни притискаше ама нејзиниот лик скроз ми го упропастија... За разлика од неа Лу оваа сезона е доста подобар лик за разлика од првата сезона и Данна многу подобро глуми сезонава.. Валерио ми е најинтересен лик од новите и Џорџе предобро глуми.. Иако првата сезона Гузнадиа ми беа омилен пар и поради нив ја чекав вторава сезона ама мора да признаам дека Валерио и Надиа ми имаат хемија
Инцес е и воопшто не сакам да бидат заедно башка последната сцена кога рече дека не ја сака Лу дефинитивно му поверував.. Надиа и Валерио мене ми имаат хемија и доста фановии имаат пишувано теори за нив како потенцијален пар но не верувам дека ќе ги спојат со оглед на големата база на фанови на Гузнадиа... Но ништо не се знае во сите очекуваа Лу и Самуел да бидат пар но кога излезе 2 сезона сите ги засакаа Карла и Самуел...
Серијата не е ништо посебно, скоро се е веќе видено, некои работи ми се too much и нереални за 16 годишни тинејџери, но и покрај тоа ми го задржа вниманието. Глумачката екипа ми прирасна за срце, интересен спој се. Првата сезона ми беше подобра од втората, во втората не се случуваше ништо ново, се се вртеше во круг. Воопшто не им го сакам ретроспективниот концепт. Ќе има и трета сезона, при крај се со снимање. Андер ми е омилен лик Во втората сезона се однесуваше како идиот да, но за жал беше изманипулиран од психопатот Поло и премногу ми беше жал за него и неговата ситуација. Сега во трета се шпекулира дека ќе биде болен од рак или нешто слично, се надевам нема да го убијат.. Ребека и Валерио ми се едно интересно освежување во серијата. Валерио и Лу имаат хемија ептен и многу ме изнервира што морало да измислат инцест Карла и Самуел како сосема неочекувано нешто ми се допаднаа заедно. Самуел не беше толку досаден како предходната сезона. Сигурна сум дека во 3та сезона ќе бидат заедно бидејќи беше очигледно дека се вљубиа еден во друг иако беа сосема свесни зошто се заедно. Надиа и Гузман како пар се добри но оваа сезона како ликови не ми беа нешто посебно. Убедливо најдобар беше Омар.