Elite (Netflix)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од lola55, 31 август 2019.

  1. lola55

    lola55 Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2018
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Elite nCmvIoksgj.png
    Las Encinas е едно од најелитните училишта во Шпанија каде богаташите ги праќаат своите деца. Училиштето оваа година им дава можност на тројца ученици-степендисти од работничка класа да студираат во елитното училиште. Во училиштето се извршува убиство. Жртвата е Марина-една од елитните ученици.. Серијата има 9 епизоди со времетраење 50мин. Втората сезона излегува на 6 Септември. Жарн-крими,трилер,драма
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    14.891
    Допаѓања:
    72.251
    Пол:
    Женски
    Јас ја гледам серијава и многу ми е убава. :)
    Денес излезе втората сезона и одма изгледав 3 епизоди. Гледа некој друг? Засега добро оди приказната, ќе видиме како ќе биде понатаму до крајот на сезоната.
     
    На lola55, MissDior и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  3. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    17.904
    Пол:
    Женски
    И јас ја гледам. Прва сезона до 4та епизода.
    Искрено, ја почнав заради глумците од La Casa de Papel, но засега не е лоша. Се надевам на добар расплет.
     
    На lola55 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    929
    Допаѓања:
    7.255
    ми го разубави викендот, одма пуштам втора сезона
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    14.891
    Допаѓања:
    72.251
    Пол:
    Женски
    Баш ќе те тагнев за да видиш, да има со кој да си правам муабет за новата сезона.
    Јас сум на епизода 4. Има две нови девојки сезонава и онаа Ребека (мислам дека така се викаше) ми е закон. :D
    За другата ќе видиш и сама. :)

    Има уште еден нов лик, наводно некој полу-брат на Лу. Ќе гледаш па ќе кажеш. Ако минатата сезона беше секси&steamy, оваа изгледа ќе биде дупло повеќе. Во секоја епизода има по некој бесен кадар и уште побесни спојки. :sweat:
     
    На MissDior му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lola55

    lola55 Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2018
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Како ви се допаѓаат ликовите? Мене во првата сезона омилени ми беа Гузман и Надија :inlove: се надевам во вторава сезона нема да ги упропастат...
     
  7. lola55

    lola55 Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2018
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Само што ја завршив втората сезона од Елит и многу ми се допадна посебно крајот кој најавува интересна следна сезона (со оглед што официјално е потврдена 3 сезона)
    Од новите ликови најоткачен и најинтересен ми е Валерио имаат интересен frienship со Надиа..
    Карла е многу сменета во втората сезона не очекував дека ќе ги спојат до Самуел со оглед дека Самуел и Лу имаа многу фанови (особено за вторава сезона)..
    Ендру дефинитивно најглупав лик во цела сезона.. Мислам дека во првата сезона се откри дека Гузман е посвоен па се надевам дека во третата сезона ќе има нешто повеќе околу тоа..
     
  8. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    5.524
    Допаѓања:
    84.829
    Ау Сабота е бе, ова вчера требаше да излезе сезоната. Ах ништо новата серија шо ја почнав сабајлето да ја остам за друг пат, ова сакам да си го гледам.
     
  9. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    929
    Допаѓања:
    7.255
    Ја изгледав 2 сезона, интересна ама повеќе предвидлива од првата, во секој случај држи внимание до крај. Надија и Лу ми се меѓу најинтерените ликови, новите ликови супер се вклопиле и ја освежуваа серијата. Инаку ќе беше монотона ако не се проткаеа приказните на новите девојки и Валерио.
    Јас обожавам тинејџерски, средношколски серии уште од времето на My so called life, меѓутоа сексот на гејовите ми беше на моменти too much, исто така и инцестот, за среќа немаше многу експлицитни сцени.
    Гусман многу интересно еволуира, и ликот има тежина. Додека Самуел уште од прва сезона не можам да го сватам и сварам, цело време е загрижен, лут, само него нешто не ми оди, а можеби е и до глумецот, не ми се погоди. Како бејби Енрике Иглесиас. А да ќе заборавев и саундрскот на епизодите со журки е супер.
     
    На lola55 и Mishela им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    5.524
    Допаѓања:
    84.829
    Валерио е маче. То имам да кажам за него. Толку. :D

    73644.jpg 73648.jpg

    Е сега прво ќе зборам за Лу зошто многу реагираа на тоа што направи со ''yaaas Queen'' иако јас мислам дека не беше за аплауз. Сфаќам дека е повредена и сфаќам од каде иди се што Лу направи, ама мислам дека можеше да изведи се на поинаков начин без да се одмазди и баш да испадни хероина. Ама, се работи за Лу и знајме дека то нема да се случи.
    Карла ја изневери.
    Кајатана ја изневери.
    Гузман ја изневери.
    Надија се сплетка со Гузман.
    Е сега и сами знајме дека многу често изневерен партнер и по третата страна мава и затоа Надија си го јаде. Ама, мислам дека Надија многу се погази себеси. Не, јас не мислам дека секс е нешто лошо и ЗА МЕНЕ не е нешто шо се чува за брак, ама Надија тоа го мислеше и за неа беше нешто специјално, нешто за во брак, голем верник исто така и додека сите живи се јадеа таа го имаше тој мир, и само за да задржи внимание на Гузман имаше секс со него. И криво ми е за девојчето поради тоа шо после то се осеќаше како срање, Лу го држеше то врз неа и на крај дознаа нејзините дома (иако изреагираа со "that girl is not you'').
    Дали се шо направи Лу беше заслужено? - Да.
    Дали се шо направи Лу беше непотребно? - Исто така да.
    Лу вистина можеше да испадни ''yaaas Queen'' ама ништо од то.

    [​IMG] [​IMG]

    Следно, гледав многу Гејм оф Тронс и Валерио и Лу -- ship it. Баш ме интересираше дали се крвно поврзани зошто Валерио сакаше да нагласва дека се ПОЛУ брат и сестра, а не памтам да се спомна, испадна дека да, делат крв. Имаат заеднички татко. Ваљда зато Валерио му велеше оти да не пробаме немада имаме деца посекако.

    Карла и претходна сезона, и сега, ми стој за омилен лик. Упс.
    Има чувства, не ги крие. Од сите во училиштето е таа која можи да ги изманипулира сите, да ги сврти на прсте шо се вели ама дур го прај то си дозволва да осети и мислам дека то му е дел од шармот. Би се повредила себеси со чувства само за да добие реална емоција за ситуацијата.

    upload_2019-9-9_11-44-3.png
    upload_2019-9-9_11-45-43.png

    Поло и Кајатана. Поло ми беше како зомби сезонава, разбирливо и ми се допаѓа тоа. Кајатана и Поло не ги гледав заедно и искрено приказната на Кајатана ми беше многу убавка. Дур и малку глупо ми падна кога читав на ТвТајм и уствари таа не е меѓу омилените ликови особено зошто има интересна приказна, интересно изграден лик е и се тоа. Како и да е, кога си пречитвав мислењето место Кајатана прочитав Кајгана. Секој со маката.

    И за крај, сакам уште за Ребека збор- два. White trash.

    Океј, за останатите, Гузман - идиот.

    Самуел - всушност победи против Карла, така да - кретен.

    Нано ме расплачи со ливчето од клиниката за абортус.