Вреди воопшто да се почне новава сезона или? Толку немам нерви за нивниве драми... Само ме интересира како замислиле да се одвива се без некои клучни ликови, инаку не верувам да се оправи серијава, отидена е веќе одамна.
Некој што ја изгледа 4та сезона на кратко во спојлер да ја прераскаже? Ја почнав ама многу досадна. Новите ликови евтина копија на главните ликови. Се гледа истиот ,,шмек" сакале да го задржат ама не е исто кога ги нема најинтересните ликови.
Мене стварно не ми е јасно зошто му е нова сезона кога е буквално се исто од предходните само ликовите се други. Океј знам дека е kesh во прашање, ама барем да се потруделе малце. Оваа па Ари ми е буквално wannabe Lu. Спиев веќе на втората епизода.
Спојлер Доаѓа нов директор во школото. Неговите 3 деца се нови ученици. Постарата ќерка (Ари) е бледа копија на Лу (на нерви ми газеше женскава) и Гузман и Самуел се тепаат за неа. Брат и' (Патрик) близнак, во љубовен триаголник со Омар и Андер. Помалата сестра (Менсиа) во врска со Ребека. Гузман срцепарателно раскинува со Надиа и се прашува "како ли ќе ја преболи", и тоа траеше точно минутка, одма тргна по Ари. Менсиа е нешто како ребел па татко и ја остава без пари, почнува да спие со еден лик (Армандо) кој ја плаќа мислејќи дека е проститутка. Менсиа некое време се гледа со човеков а во меѓувреме и со Ребека. А да, доаѓа и принц од Франција да учи во нивното школо, поради тоа што во Франција се ширеле муабети дека е предатор, што подоцна и се потврдува кога сакаше присилно да има секс со Кајетана. Тоа ми беше преклише, принцот се вљубува во чистачката лол. При крај на сезоната, Менсиа го одбива Армандо и овој сака да ја уценува со тоа што прво доаѓа кај нив дома на ручек. Ребека дознава за Армандо и Манесиа и и' кажува на Ари. Доаѓа Новогодишната забава, Армандо ја наоѓа Менсиа и и' се заканува, Ари ги здогледува и оди да ја одбрани. Ари и Армандо остануваат сами покрај езерото и она се заканува дека ќе го викне татко и. Армандо ја претепува. Во меѓувреме Самуел и Гузман се кршат од ќотек за Ари и му паѓа телефонот на Самуел. Гузбам гледа порака од Ари дека ќе го чека Самуел кај езерото па се упатува натака. Ги затекнува Ари и Армандо, Армандо брга па Гузман иде по него. Ари од повредите губи баланс и паѓа у езерото. Гузман и Армандо се тепаат и Гузман го убива Армандо. Потоа се враќа со другиве и сфаќаат дека Ари нигде ја нема. Доаѓа полиција, брза помош и ја спасуваат Ари, на крајот е жива. Самуел Ребека и Гузман го фрлаат Армандо во езеро. Гузман и Андер одат на backpacking авантура. Main points: - нов директор и 3 деца - Гузман и Самуел се тепаат за едната ќерка - Патрик, Андер и Омар се маткаат - Менсиа проституција и врска сл ребека - Предаторскиот принц од Франција и чистачката Кајетана Сезонава беше секс-лапање-туширање-секс. Никаква конекција не осетив меѓу ликовите, едино Андер и Омар на моменти си го негуваа она од прошлите 3 сезони. Другите ликови х-а-о-с! А и сакам да напоменам дека премногу беше очигледен крајот, односно кој е виновникот.
O M G па ја уништиле скроз. И мене бледи копии ми беа новите, ептен пластични ликови. Драмава, мислиш некој во 2 минути ја смислил. Се пресмеав со делот Гузман и Самуел. Како дечиња во градинка. Фала ти.
И мене новата (не и го памтам дури ни името) премногу ме потсеќа на Лу, преочигледен чекор. Ја изгледав првата епизода само и изгледа толку ќе биде, не ми се губат уште 7 саати од денот.
Мене па ми се допадна 4 сезона. Да, ништо не може да ги замени Лу, Карла и Валерио, ама па пак ми е интересна серијата, ми се допаѓа тоа што е експлицитна, тамам ми е за ладење мозок. Првите сезони ми беа каде каде подобри, ама и оваа не е толку лоша. Ребека ми е омилен лик од овие што останаа, ја носи серијата на грб. Другиве сите знаат да ме изнервираат, само таа не. Ми има нешто во ваквите серии што ме заразува и не можам да ги откачам. И предобри секс сцени има сеа, реално
Немаше конверзација меѓу ликовите оваа сезона да не заврши со секс. И мене не ми беше многу импресивна сезонава, ама интересна ми беше за гледање главно поради естетиката што ја има целата серија.
Ги гледаше некои овие short stories што им се? Почнав со Карла и Самуел и изгледа ќе застанам тука . Поголемо срање, амин. Јас ни во трета сезона не видов некои посебни моменти со нив ау-бау ама овие 3 епизоди беа врв на глупоста. Ја убедува, ја моли да остане, љубовта на неговиот живот, еднаш се искараа и отиде се јабана. А да не зборам што љубовта на својот живот никад не ја спомна у новата сезона и одма се затреска у друга. Се мислам дали да ги гледам Надиа и Гузман, имав надеж за нив у трите сезони, мада видовме колку славно заврши и таа "голема" љубов.
Ако не ти се допаднала таа со Карла и Самуел, останатите ич нема да ти се допаднат. Можеби би можела да и дадеш шанса на таа со Гузман, Ребека и Кајетана.
Јас серијава ја почнав викендов. Изгледани две сезони и сега за сега ми се свиѓа. Физички најубав Андер, а вака комплет самуел(во првите две сезони). Едвај чекам да почнам утре 3та сезона
Доаѓам до заклучок дека штом направат повеќе од 3 сезони од некоја серија, ја утепуваат. Што им требаше 4та сезона, па згора на се и 5та. Полека полека сите глумци ги сменија со нови. Нема смисла.
Последната сезона убедливо најлоша. Глупаво малце и што ја искористија славата на актерите од ла каса де папел па после првата сезона ги тргнаа. Не дека останатите беа лоши ама сепак ..
Ја завршив новата сезона колку да не ме копка што и како било. Не знам зошто продолжија со нова сезона, немаше потреба. Ама ете кога веќе ја има - убедливо најлоша досега. Вака кога си го враќам филмот, веројатно само првата сезона вредеше, другиве ептен послаби. За новава навистина немам коментар, ич немаше нешто да се издвои и новите ликови ми беа ептен безвеза. Ставени колку да пополнат епизоди. Посветиле внимание само на секс, мода (е ова ми беше баш интересно, ете бар нешто), уште секс, голотија и толку. Требаше да си заврши серијава со минатата сезона.
Што материјал им остана за разрешување за да има потреба од нова сезона, еве не знам, ама ајде нека има нешто за гледање па сега... Ова ко реприза на втората сезона, имајќи предвид дека мене и четвртава ми беше ко да ја гледав прва сезона од почеток со скроз нова постава. Сега гледам дека имало и кратки приказни. Ќе ги гледам онака деновиве, да пополнам време.