Ја изгледав. Мене ми беше најслаба од сите сезони оваа. Генерално приказната беше предизвик кој со кого ќе има секс (преувеличувам оти само тоа ми остави впечаток) Крајот беше онака, добар.
Значи послаба и од претходната, леле. Ме изнасмеа коментарот ама некако мислам дека не преувеличуваш зашто серијата се сведе на секс. Ај ќе видам што ќе направам, со секоја нова сезона ми е истото - од една страна ме копка да гледам од љубопитство (да не пропуштам нешто интересно или пак може магично се опраиле), а од друга страна сакам некој да ми ја раскаже сосе спојлери и да се спасам од агонијата.
Ужасна е новата сезона. Крш. Во претходните имаше мистика и приказна да те тера да следиш, оваа е кој од кој поодвратен да го направат. Спојлер Највише ме налути тоа што онолку ги расипаа Менсиа и Ребека. Прекрасен пар беа, оваа сезона toxic до бол. Иван се ебеше со брат и сестра. У ж а с. Омар непостоечки цела сезона. Принцот одвратнотија, жими Каетана некој стандард држеше сезонава. Плавата нова девојка на почетокот ме нервираше, ама нејзината приказна на крај беше највпечатлива. Одлично беше тоа осмислено, се надевам ќе си ја чукне некој главата од можни последици ако претера со дрога. Самуел ми е најодвратен, де сакам со оваа, де неќам, де сакам на иднината да си мислам, де ама ај не сепак сум фер, не знае на кај тера. Ребека и Менсиа ми беа хајлајт на 4 сезона, со тоа што ги уништија сезонава не знам ни дали ќе гледам 6та.
Карла уште ја нема да не се брзам, така? Без неа немам желба за гледање, така да ќе гледам новото ко ќе немам поќе шо.
Не, Естер Еспозито ја нема, исто Дана Паула што ја глуми Лу ја нема, она сака на музиката да си се фокусира. Парче прави со прегледи, супер и оди сеа за сеа Ептен се осеќа нејзино отсуство, не може секој добра кучка да глуми
Да, знам и претходна сезона нели не беа. Ама претходна сезона гледав да не случајно има некое камео. Сега веќе не ми е приоритет.
Ни крајот не ми беше нешто посебно, ама сепак далеку поинтересен од сите други случки што ги имаше сезонава. Ги извртев епизодите набрзина и среќа што не си изгубив осум саати да ги гледам од почеток до крај. Не да не вреди...жал ми е само што ептен забега концептот на серијава ама тоа е. Новата девојка Исадора очајно сака да биде микс од Карла и Лу, ама нешто не ѝ одеше баш од рака. Ако не друго, ќе се изнагледа човек мода и ексцентрични модни комбинации кои те оставаат со подизната уста. Браво за стилистите, ете тоа имам да кажам, барем тие си останаа верни до крај на стилот, на другово турете му пепел.
Навистина е преубава. Таа глумеше и во шпанската серија Ангели (Casi Angeles). Од таму ја засакав и ми беше многу мило кога видов дека ќе глуми и во Elite.