1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Elvis (2022)

Дискусија во 'Филмови' започната од elimkd, 12 октомври 2022.

  1. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    48.079
    Пол:
    Женски
    Филм за пејачот и актер Елвис Присли. Пораснат во црнечки кварт чија што музика подоцна ќе има огромно влијание врз неговите песни, движења и танцување.
    Опфатен е неговиот живот низ призмата на менаџерот Том Паркер.
    Филмот има извонредна сценографија, музика, костимографија, биографски филм кој не е ни малку налик на останатите филмови со ваква тематика.
    Austin Butler совршено се снајде во улогата на Елвис Присли, исто така во филмот глумат и Tom Hanks и Olivia DeJonge.

    Дали го гледавте филмот и дали ви се допадна?
    78D8B817-C20C-4593-B95D-7A08282E18D6.jpeg
     
    На _beautyy_, Cosmic Girl, Kasiopaja221 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.206
    Пол:
    Женски
    Откако излезе ми е на листа за гледање, ама никако да дојде на ред. :lol: Добро што сега постои тема, тука ќе ги споделам впечатоците.
     
    На Cosmic Girl, boomsleng и elimkd им се допаѓа ова.
  3. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.206
    Пол:
    Женски
    Патем, актерот не ми личи и не ме потсетува на Елвис :tmi: Ќе видиме.
     
    На BlackNight и boomsleng им се допаѓа ова.
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    48.079
    Пол:
    Женски
    Исто како податок кој скоро го прочитав глумецот кој го глуми Елвис всушност гласот е негов во филмот-тој ги пее песните.

    На аудицијата за избор на актер исто така и Хари С. учествувал но не ја добил улогата ради неговата огромна популарност на друго поле-бар така се изјаснија од тимот.
     
    На Cosmic Girl, boomsleng и nextredstyle им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.787
    Допаѓања:
    122.396
    Пол:
    Женски
    Ми се допадна глумата на Остин.Полн погодок!
    Совршено го одглуми. (y)
    Филмот има некои непотребни сцени, но Елвис е добро претставен.
    И добро е прикажано каков алчен гад бил Том Паркер.
     
    На _beautyy_, Pinkdust, Cosmic Girl и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.107
    Допаѓања:
    44.824
    Пол:
    Женски
    Го изгледав и јас.... прекрасно вклопен. Некако и мене не ме потсеќа многу глумецот на Елвис, ама па сам како појава ми е :inlove:

    А интересен момент е што негде прочитав дека всушност Елвис бил русокос и се фарбал темен за да му доаѓаат до израз сините очи.
    Дури и по завршувањето на филмот,гласот на Остин му останал таков како што го имитирал Елвис во филмот:подлабок него неговиот.

    Последниот негов настап ми остана како грутка во грло. Толку изнемоштен а со последни сили се бори да ја задоволи публиката
     
    На _beautyy_, Cosmic Girl, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.255
    Допаѓања:
    5.473
    Пол:
    Женски
    Го изгледав на HBO, одлично одработен филм од секој аспект, актерот добро го глумеше, но ми пречеше што воопшто не личи на него.
     
  8. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.112
    Допаѓања:
    8.251
    Пол:
    Женски
    Филмов го пуштив да го гледам ради реда. Искрено очекував уште еден лош biopic. Немав гледано ништо за него, ни трејлер ни коментари. Сега ми е мило што го гледав на овој начин, можев да формирам впечаток од филмот а не од мислењето на другите.
    Првиот впечаток ми беше дека филмот е далеку подобар од што очекував. Додека го гледав заради стилот на режија ми личеше познат, како Ромео+Јулија од 90те. И после филмот проверив и испадна дека сум била во право. Buz Lurhmann е режисер на двата филма. Прв филм му е Strictly Ballroom (филм кој многу го сакав како дете), а истотака и на Мулен Руж и Great Gatsby-препознатливи во ист стил, и на Австралија (со Никол Кидман и со поинаков стил од другите)
    Првиот пат точно заради стилот на режирање не ми се допадна, и заради тоа што не се навлезе подлабоко во некои моменти од животот на Елвис особено оние поконфликтните аспекти на неговиот лик.
    Но потоа го гледав повнимателно втор пат и забележав многу моменти, сцени и детали што не ги видов првиот пат, сфатив што сакал да постигне со филмот и можев да заклучам дека тоа е успешно постигнато. Сепак филмот е со амин на Присила Присли, која се грижи за тоа Елвис да остане запаметен во најдоброто светло, заради своите квалитети а не маани.
    Филмот е направен со цел да се обнови споменот за Елвис, влијанието што го имал врз тогашната, сегашната музика, а веројатно ќе продолжи и да ја има и врз идната. Претставена е успешно неговата харизма и шарм, благодарение на талентот и харизмата на Austin Butler кој го има тој х фактор што го имаше и Елвис а кој ги тера жените да сонуваат за некого. Austin е новиот кршач на женски срца дефинитивно.
    Филмот има одличен soundtrack. Мене ми е моментално на repeat. Има песни од Елвис, најпознати и некои помалку познати и далеку посовремени песни од денешни популарни музичари со елементи од песни на Елвис. Некои сметаат дека модерните пејачи се додадени во филмот заради тоа што целта на филмот е да се привлечат новите генерации за Елвис Присли, и дека на тој начин режисерот се обидува филмот да ја привлече и помладата публика која не го знае ич или не го знае доволно Елвис и неговата музика. Факт е дека стварно тоа го прави, зошто кога го гледав филмот со ќерка ми и син ми кои се тинејџери, тие не ги познаа сите песни на Елвис ама на песната од doja cat одма си запејаа и дури на втора препознаа дека пее hound dog, така да знам дека е точно. Ама не е само тоа причината за мешањето на песните. Мислам дека е многу подлабоко размислено кога се правел филмот и дека причината е подлабока- за да се покаже колкаво големо влијание имала неговата музика врз развојот на музичките правци во иднината и врз културата воопшто.
    Austin ми е откритие на годината. Не би ме зачудило да стигне до Оскар момчево. Сите настапи пред публика во филмот уствари ги пее самиот тој и е многу добар. Снимал првпат песни во животот со овој филм и тоа баш во студиото каде што снимал и Елвис. Нормално, не е лика и прилика на глумецот, но не треба ни да биде според мене и стварно одлучно го одглуми. Со оглед на тоа колку се посветил на спремање за улогата и дека живеел две три години секојдневно гледајќи се што има за Елвис, не ме ни чуди. Не само што ги попримил некои аспекти од ликот што го глуми (гласот, гестовите со рацете) туку како што вели самиот осетил некоја малку повисока поврзаност со Елвис. Во некои интервјуа вели дека полесно го глумел заради тоа што имаат и двајцата изгубено на иста возраст мајка и можел да го разбере искрено ликот. А некаде вели дека кога пеел на некои сцени и ја осетил енергијата и воодушевувањето што го буди со настапот кај публиката, и со тоа не само што го осетил тоа што го доживувал и Елвис кога настанувал, туку и се осетил како да е тоа некој надреален момент.
    Заради филмот се информирав повеќе и за него. Има 33 години ама личи помлад. Почнал со детски серии на николодион како дете. Оваа улога го искачи многу и направи да чуеме за него. Мислам дека допрва и ќе има што да видиме од него. Моментално работи на улога во Dune 2 каде го глуми ликот што во филмот од 1984 го глумеше Стинг. Има голема моќ на трансформација. Го глумеше Текс во Once upon a time in Hollywood, но никој не го препознава од што е различен. Вчера гледав инсерт од тој филм каде што јава коњ и личи како да јавал цел живот. Наводно секој ден, со месеци јавал по неколку часа за да се усоврши. Се што ќе фати да работи, работи темелно и се посветува максимално. Неговата бивша Венеса Хоџинс велеше дека не ја чуди успехот зашто не само што е многу посветен туку и има јасна претстава што сака и е упорен. Има план што сака да глуми и за кого и не престанува да се бори за тоа. Само се надевам дека сепак ќе успее да го задржи своето јас, тоа е голема и тешка задача за сите актери.
    Единствено жалам што не го гледав филмов во кино, на голем екран. Бил во Cineplex во јуни, сега не се прикажува веќе.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.112
    Допаѓања:
    8.251
    Пол:
    Женски
    Да, точно. Они двајца и уште тројца други актери меѓу кои и Milles Teller кој го играше Ruster во новиот Маверик.
    Наводно Остин прво испеал една песна и ја снимил за да ја прати наредниот ден снимката на Баз за аудиција. Осеќал страв и несигурност дали ќе е доволно добар за улогата кога си легнал вечерта. Самиот кажа дека сонувал страшен сон во кој ја сонувал мајка му која е почината од рак кога имал 23-4 години и во сонот уште еднаш го преживеал нејзиниот губиток. Но во сонот таа му дала храброст.
    Наредниот ден сфатил дека тој губиток му е нешто заедничко со ликот што треба да го глуми и дека може да го разбере. Си рекол нема шанси да му ја пратам оваа снимка на Баз и седнал и снимил нова. Овојпат ја пеел unchained melody-песната која Елвис ја пеел на неговиот последен настап пред да почине. Песната е љубовна, ама ја пее како за мајка му а не за партнерка, со многу емоции. И очигледно му успеало :D
    Austin тука малку си наоѓа објаснување дека има впечаток дека виша сила го водела кон успехот.
    А за Хари режисерот Баз рече дека е момче со прекрасен разигран дух, кое обожува да пробува костими и може успешно да се трансформира во разни улоги, но дека за Елвис барал и нешто повеќе од ова. И го нашол во Батлер.
    Го сакам Хари, ама мислам дека не згрешил ич со изборот. :D
     
    На elimkd и nextredstyle им се допаѓа ова.
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.112
    Допаѓања:
    8.251
    Пол:
    Женски
    Режисерот има кажано дека има материјал долг преку пет часа од снимањето на филмот. Публиката се надева дека еден ден ќе има прилика да ги види во некоја документарна верзија.
    Вчера налетав на ова видео. Само една избришана сцена од филмот.
    Погледот директ во камерата на крајот од клипот му е како да ти продира директно во соларен плексус :inlove::whew:Дури и жена му на Баз му рекла дека Остин има нешто во начинот на кој ја гледа камерата. Знае жената :lol:
     
    На elimkd и nextredstyle им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.787
    Допаѓања:
    122.396
    Пол:
    Женски
    Не знам како Остин не ви личи или не ве потсеќа на Елвис. :?:
    Многу личи и потсеќа.
    И во гласот дури.И емоциите убаво ги долови.
    Заради тоа и пишав во претходното мислење дека е полн погодок.
    Телер и Стајлс иако се одлични актери никогаш не би можеле да го одглумат Елвис правилно.Ем не наликуваат, ем на нив повеќе им лежат самобендисани, подарк и злобни улоги.
     
    На boomsleng, Angie1432, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    48.079
    Пол:
    Женски
    Елвис во својата кариера имал снимано нешто околу 700 песни, голем дел сум ги слушнала, исто има и многу добри преработки, да не зборувам и во колку филмови неговите песни се прикажани така да секој еден и да не го знае ќе ги препознае неговите песни, исто така во Лас Вегас ден денес го сметаат за бог, дури се вели дека таму има луѓе кои веруваат во Елвис место во бог. Години подоцна неговата ќерка ќе се омажи со М. Џексон.

    Она што не го знаев е неговата харизма која има моќ да ја плени публиката, да ја освои и да ја доведе до лудило, на сред настап се бакнува со девојките, заводливо се смешка дури пее, никогаш не излегува на сцена со предходно подготвена кореографија туку се препушта ритамот да го води неговото тело.

    Ги гледав на јт клиповите и ги споредував со сцените од филмот и можам да кажам дека совршено глуми Остин, свири на гитара која му припаѓала на Елвис, немам што да додадам за момчево, на прв поглед од каде сега баш ова момче кое воопшто не наликува на Елвис за по завршување на филмот да ме воодушеви и да ме натера да поминам часови прегледувајќи клипови на ут.
    Би сакала оскарот да заврши во негови раце, а за најдобра споредна улога Том Х.
     
    На boomsleng и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  13. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.502
    Допаѓања:
    17.500
    Пол:
    Женски
    Јас го гледав во кино, и ми се стори премногу долг одеднаш. :D

    Впечатоците ми се дека филмот е добар, супер беше доловена историјата, ама ништо уау. Човек да се подзамисли каков потенциал се губи при безкарактерни персони.
    Да си талент како Елвис, и да дозволиш друг да ти го диктира животот...

    Немаше нешто што може да те изненади ако ја знаеш горе-доле историјата на Елвис. Ама сепак би го препорачала на кој сака да го гледа.
     
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.112
    Допаѓања:
    8.251
    Пол:
    Женски
    Оф леле пак го гледав вечерва филмов, Божееее.
    Дали е ова регресија кон адолесцентска возраст дечки, не знам што ми е. :D Вака само на неколку мјузикли се навраќам и на дизниеви цртани :lol: ...и пак нешто приметив што не приметив претходно:

    Полковникот го гледа Елвис на сцената после настапот во Вегас и додека паѓа завесата и очигледно е дека концертот е успешен тој скришно заплакува. Потоа се созема и ги крие салфетките кои му паднаа и на кои е напишан тајниот договор со газдите на казиното со кој го предава Елвис. Имав впечаток дека после предавството на неговото момче (како што го нарекува Елвис) како да му е жал што го злоупотребува за својот долг. И ми дојде впечаток дека неговиот лик не е толку едноставно прикажан и дека не е само негативец, туку дека како сите луѓе има и добрина во него, и тој има внатрешен конфликт. Дека истовремено и го злоупотребил и го сакал и се грижел за него. Истиот впечаток го добив и за чувствата на Елвис кон него. Дека свесно го остава полковникот да продолжи да го злоупотребува не само зашто не може реално да излезе од договорот и финансиски бил зависен туку затоа што во себе и му простил за земените пари. И зошто повеќе му било грижа за луѓето него за парите. Ова е во прилог и на сведоштвата дека Елвис донирал и помагал кај стигне и на коиќј и да му побара пари. Има некој татко -син однос меѓу нив. Сосе сите позитивни и негативни емоции.
    Заради филмов луѓе ми се вратија спомените кога како деца секое лето во склоп на летната рекреативна програма (божее кој ужас беше!) секој ден даваа по еден филм и ги пуштаа сите филмови на Елвис Присли. Со него израснавме и со неговите песни. И да не си современик на Елвис не може да останеш имун на него. Филмовите му се лимунади ама како хипнотизирани сме ги гледале, јер харизматичен до крај, и ни подобрувале расположение сепак. Ќе запее Елвис на тебе нозете ти играат сами.
    Мајка ми како што е во пеесетите родена, ми раскажуваше за музиката што ја слушала, за Елвис и неговиот приватен живот, за манијата на девојките по него, што дремеле надвор со саати за него и го сталкале. Како дете мене тоа лудило ми беше баш несфатливо. Мајка ми, секако,повеќе од слушање од постарите знаела за него иако неговата музика била ветена и слушана, сепак била дете тој период. После него следеле Битлси и сите се трескале по нив. Тоа било општо лудило и кај женски и кај машки. По пример на овие ѕвезди тинејџерите од нејзино време се облекувале, шминкале и шишале. Заради тоа често биле казнувани во училиште, биле терани да се ошишаат машките и да бидат уредни.
    Рок ен ролот е бунтовна и прогресивна музика за времето во кое се раѓа. Рокерите се бунтовници во однос на squares. Пеат за теми кои се за тогаш контроверзни и непристојни. Тагата на блузот, ритамот на R&B, стилот на џезот, духот на госпелот. Се пее за секс и страст. Се игра со цело тело, спротивно на добриот бон тон. Џинс, кожни јакни и мотори стануваат симбол за бунтовен дух кој живее по свои правила и го крши конформизмот.
    Филмот добро става акцент на сето тоа и на корените на оваа музика од црнечките стилови како блуз, џез и од црковната музика т.е. госпелот.
    Сите денешни музички правци се изродени од тука.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  15. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    48.079
    Пол:
    Женски
    @Cosmic Girl откако Елвис ќе дознае за долговите на продукциската куќа ќе му рече дека крвта му ја цица, што ли уште сака? Полковникот тогаш му вели дека тие двајца се уствари една иста личност. Двајцата не можат еден без друг, двајцата профитираат и заработиваат огромни средства. Ако се немаа еден со друг Елвис никогаш немаше да се воздигне, Полковникот никогаш немаше да заработи толку големо богатство…

    Единствено ми беше криво што не успеа да замине на светска турнеа, тука го сопре ради фактот што Полковникот немаше пасош, од друга страна лажен идентитет.

    Таа сцена каде што Елвис на сред настап ќе го обвини Полковникот е всушност фикција, таа расправија се случила позади сцена, а инспирација за таа сцена добиле од еден настан кога Елвис јавно го критикувал Хилтон поради тоа што му дал отказ на омилениот работник.


    Не си единствена, утринава пак го гледав, гледајќи си цупкам со нозете во место на песните негови а камо ли да сум имала можност во живо-ништо поразлична од толпата.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.206
    Пол:
    Женски
    Елвис во служба на политичката коректност би бил точниот наслов. Едвај трага од најпознатите скандали кои го следеле приватно.

    Што па да се очекува од филм во кој најдобрите сцени беа оние со вистинскиот тој на крајот, и од филм кој неговата поранешна сопруга "го чешлала".

    Просечно кон лошо, мислам дека еден Елвис бил преголем залак за екипата што стои позади.

    Подобро да репризирав негови вистински настапи, далеку поекстатични, а во филмов, Афроамериканците го засенуваа главниот актер додека беа присутни (ОК, тоа е можеби намерно така изведено, заради поента).
     
    Последна измена: 14 декември 2022