После долгогодишно (неуспешно) лекување и пробување на секаков начин да ја излечам псоријазата, во последно време доста луѓе ми го посочуваат маслото од Ему како можно решение за овој проблем (како и многу други кожни болести и иритации). Пред да се одлучам да го купам и да го пробам, сакав да ве прашам дали некој од вас има искуство со ова масло и дали навистина помага... затоа што низ годините што се немам пробано и многу пари имам потрошено на секакви масти, средства, мелеми, чаеви... и ништо од тоа не ми помогна скрос да ја излечам псоријазата. Ќе ви бидам благодарна ако споделите ваше мислење и искуство околу темава, стварно би ми било од помош пошто и не е така ефтино.
Еве јас да ти кажам.. На мајка ми дијагнозата и беше псоријаза и тоа на лактот на левата рака. Мачкаше креми еден куп, тогаш за тогаш.. Не знаеше за маслово, јас и го купив и пак немаше ефект.. Единствен ефект - помалку стрес, здрава исхрснс, витамини, железо, се да ти биде во ред.. Мислам откако стресот си го намали, и се смири. Овие 5 дена пак е стресена целата, почна да и се јавува пак на истиот лакт. Целосно да се излече е мн тешко, скоро и невозможно. Секогаш ќе се најде нешто да ја активира пак..
Моја другарка го користеше за стрии и одличен е. За 3 месеци редовна употреба, стрите и се повлекоа и кожата и е стакло. Можеби е поскапо, ама дефинитивно има ефект.