@Ivaivana Да сега ми текна кога го имаа попустот , некаде април месец беше , и сега гледам нијансата е 3C2 pebble , па нијансава е претемна и незнам кој би ја користел затоа и само таа ја продавале.. ако сакаш тестерчиња , се во мали ќесички и треба без пари да ти ги дадат. Мене во Сефора вакви ми даваа
Денеска се решив да купам пудра бев во шатци и неамаа тестери да пробам од dubble wear, имаа само тестер од таа max.d.w.c vanila нијанса. Убава е и покривна ама како да ми тежи на лицето и се изнервирав, а инаку се на попуст 2300 ден И наместо пудра си купив маскара на дебора на 40% намалена
@koritsaki Која пудра е потрајна и повеќе покривна за мрсна кожа, оваа на estee lauder или некоја пудра на Mac што ја користиш? Ти благодарам
@Tedyyy мене ми се допаѓа многу double wear ,пудрата е полупокривна и се надградува по потреба. Бидејќи 5-6 пати ја имав купено и ми здосади , сега ја користам на MAC prolong wear и таа е мн трајна исто полупокривна и исто се надоградува по потреба. На mac и ти е поевтина околу 2100 а на Есте е поскапа 2990 денари. Пробај ја оваа на мак , прво од тестер. Или studio fix fluid ама ако не ти е мн масна кожата може да ти е тешка.
Дали некој може да ми помогне која нијанса би ми одговарала ако од Лореал користам 2.N Vanilla? На интернет баш гледам нијансава Екру е многу потемна отколку што @koritsaki ја има тука објавено. Во корпа ја ставив Schell па Desert Beige ама не сум сигурна. Дали може тестери прво да се порачаат онлајн од некаде во странство?
Не е темна воопшто, јас ја имам користено од Loreal true match 2N порано и Екру ми беше добра, а јас сум доста светла инаку во тенот
Ми испадна Natural Suede. За мене една нијанса потемна од лорал тру меч 2н и да не е на жолто или розево туку накај месо боја кафеаво Ептен сакам да ја пробам есте лаудер само да не ја промашам нијансата како што правам со сите пудри до сега.
@koritsaki дали пудрава е за суво лице или нема врска тоа? Ич не се разбирам во пудри а сакам да ја земам оваа, гледам доста си информирана за истата, фала