Futurist пишува дека е за комбинирана до мрсна кожа или грешка сум? Јас мислам дека скоро секоја пудра што ја "преобразуваат" не излегува подобра од претходната, старатa Double wear ми е одлична, не е премногу покривна, ама не е ни како ББ крема да стваш, плус многу достапни нијанси има, и сега за новава сум скептик некако, да не имаат премногу работи изменето..
За сите типови на кожа е Futurist SkinTint, мојата е таа со пипета. Не знам како би се покажала кај баш мрсна кожа, мојата е комбинирана и добра ми е пудрава. Сепак Double wear ми е подобра, ама ете, сакав да пробам и некоја друга. Оваа другата футурист што е во тубичка со пумпица ја немам пробано и заборавив за каков тип на кожа беше. А Double wear мене ми е многу покривна, буквално никаква акна или црвенило не се познава кога ја нанесувам. Се плашам да не е ептен утка новата верзија, ама ајде ако некоја се реши да ја земе нека сподели убаво впечатоци.
Ја пробав новата формула на тестер, мноооогу е течна, ама исто се суши како старата. Бев уморна, ама скоро сигурна сум дека ја земав нијансата ecru, која ја имам дома, мојава мава на розево, и не ми се допаѓа нијансата, а новата баш напротив, воопшто не е розева... Дали и кај вас е вака со старата? Во Сефора е купена.
Баш истата нијанса е? Пример 1NC, нели има разлика под тонот, да не ти дале друг број од под тонот, и да оди на розево, обично сите нијанси им се исти броеви, и за новите формули на пудри.
Оваа дома што ја имам 100% е 1N2 ecru. И тоа купена во Сефора. А новата бев уморна и не сум баш сигурна дека беше екру, скоро сум. Ќе ја проверам пак во прва прилика.
Провери, зошто прави мн разлика дури и само ако еден број е различен, штом викаш дека мава на розево, мислам дека е различен под тон.
Ако мава на розево, тогаш сигурно е некоја со C подтон. Јас одамна ја користев пудрава, се сеќавам дека ја земав нијансата 2N1 Desert beige, и секогаш кога ќе ја ставев си мислев дека требаше една нијанса посветла да земам. Е сега, 1N2 Ecru навистина потемно изгледа на слики, ама веројатно не е таква во живо. Скоро налетав на видео од некој дерматолог/шминкер не знам точно што беше и имаше коментирано како новата формула била тотално упропастена, некои нови состојки ич не биле за мрсна кожа. Мене незаменлива пудра ми е MAC Studio Fix Fluid, NC 15 ја користам. Џабе што и да купам дрогериско, ништо не ми е тоа тоа.
Ова е една од најсветлите нијасни, со натурал под тон, во натурал немаш ни розева, ни жолта боја како под тон, баш тоа што го бараш, затоа и мислам дека под тонот на новата што си ја пробала е некој друг број/буква.
Епа јас за оваа што ја имам зборувам дека ми е розе малце, ама на фаца, на рака изгледа нормално. Сум ја тестирала милион пати. А и приметувам дека ми е и темничка. Пудриве или ми се светли или темни, средина нема. Најголема фрустрација ми е да си најдам нијанса. Од есте не ми е формулава по мерка, сакам нешто за нормална-сува кожа, ама новава формулација ми привлече внимание. Само што морам да купувам две различни нијанси и да ги мешам за да добијам идеална нијанса.
Истово скроз го помислив пред некое време, баш и со една членка пишавме. И јас сум скептик за реобновениве пудри, секогаш. Има нешто што сјебуваат во составот, секогаш.
Кажав јас пред скоро во муабет со другарка - требаше да си докупиме барем по 1 шише од старата Есте, зашто и онака беше намалена насекаде. Ама тоа е. Во новава немам надеж, би ја пробала онака од тестер за да видам каква е. А дали ќе ја купам, не знам. Порадо би дала шанса на некоја друга пудра од брендов, иако ми се чини дека ништо не е како double wear.
Ништо не е! Работев долго време со шминки, евентуално пудрата не Герлан може да е слична на double wear, ама и таа не 100%.
Јас сум 2N1 со години ја користам. Се што ќе се залажам друго нит нијанса погагам нит ми се погодува на кожа. Е за Mac знам пред многу години 2, 3 шишенца потрошив, не ми текнуваше нијансата, фала што пиша. Немам веќе пудра, за жал. Се каам што не купив 2 3 шишенца. Ќе се префрлам на Mac.
Леле значи ја расипаа пудрата. А старата верзија значи веќе нема да се продава? Јас 1N1 , 1N2, 1W1 ги користев, сите овие нијанси ми одговараа. Штета..
Сигурно е повлечена веќе старата, затоа и беше на попуст ставена низ сите дуќани за козметика. Баш ми е криво што не си купив, ама бидна работа.