Благодарам на одговорот Девојки дали некој ја користи обоената крема со 50ка фактор и како е задоволен?ве молам споделете
Би сакала да слушнам ваше мислење, односно препорака, имам 26 години и кожата ми е комбинирана па неззз кој производ да го користам од еуцерин. Сакам некоја ноќна крема. Ако некој знае нека пише.
Користам Eucerina повеќе од 3 години...лицето ми е стакло, но сепак идам на дерматолог и кога ќе ти го види лицето ќе ти каже каква крема за лицето ти треба...бидејки ги има повеќе, не може се на своја глава
Не мора дерматолог да ти каже која крема од Еуцерин да ја купиш. Барем имаат едноставни поделби, доволно е само да се отвори сајтот и да се кликне во соодветната категорија па ќе си избереш крема која би била добра за твојот тип на кожа. За комбинирана и мрсна кожа најдобра е зелената колекција, јас имам користено неколку производи од линијата и навистина е одлична, кога би можела да си ја дозволувам почесто дефинитивно тоа би бил мојот избор.
Го користам сапунчето и многу е убаво, но сакам да ми препорачате некои од кремиве против акни и мозолчиња и цената ако може...?
Јас пред некој ден земав крема за сува кожа. Atopi kontrol по препорака на вработената од Зегин. Ја користам неколку дена, по потреба но обавезно на чисто лице. Рано е за било какви ефекти, но сега за сега ми се свиѓа. Другите креми што ги користев многу брзо се впиваа во кожата и имав потреба од постојано нанесување на крема. Ќе видиме како се покаже ова, па ако ми се свиѓа, правaм смена на цела козметика. Можеби се скапи, но сепак лице е во прашање.
Сега се враќам од дерматолог. Денес добив упатства да почнам да го користам од Еуцерин Мицеларен раствор 3 во 1 за отстранување на шминка, Q10 ноќната крема и за дневна употреба aqua апорин...Ваши искуства?
Мицеларната вода е одлична! Убаво и темелно ја отстранува шминката, не го суши или затега лицето и ги вади сите дополнителни нечистотии од кожата. Исто, не ја мрси кожата, мене од тоа ми беше страв, ама навистина е супер. Убедена сум дека ќе ти се допадне и ти препорачувам да си ја набавиш. Кремите ги немам користено, сум ја користела само онаа од зелената колекција која многу ми одговараше и само за неа можам да дадам коментар.
Aко си над 30 години слободно можеш да си земеш и дневен и ноќен со Q10, јас ги користам и сум задоволна. Аква поринот е хидратантен крем и може да го користат и помлади, мицеларната не сум ја пробала ама би требало да е добра. Се на се јас имам само позитивни искуства со Еуцерин.
27 години имам, но ми беше посочено дека Q10 треба да почнам после 25. Ти благодарам многу за одговорот.