Go imam koristeno denskiot I go zemav 1500 den so gratis dva spot corrector. Ima dobra struktura I dava rezultati
Јас ја купив дневната и ноќната на Еуцерин за хиперпигментација, па ќе видиме каков ќе биде исходот. Првичниот впечаток е позитивен..
Сакам да почнам да користам Eucerin козметика, не ради некој проблем туку поради додатна свежина на лицето мекост и слично. Имам нормална а некогаш и помасна кожа на лицето. дали овај крем би ми одговарал? Некое искуство ?
Имам позитивно искуство. Една капка е доволно за местото да остане меко и хидрирано цел ден. Но тоа му е намената, нема влијание врз намалување на брчките под окото но со самото тоа што добро хидрира, помалку се познаваат. Околу 750 денари но трае цела година.
Дневниот крем е прекрасен ( другите не сум ги пробала ) . Одговара на сува кожа. Околу 950 денари, но долго трае.
Година дена подоцна во темава, ама вреди да се развива Од скоро, поради атопичен дерматит, корисник сум на маслената купка на eucerin и можам да кажам дека вреди за секој денар од цената која е прилично солена. Потоа ја пробав atopi control линијата и воодушевена сум од ефектот. Од евтина козметика до сега само Nutra effects од Avon, линија за тело со бадемово масло ми е компатибилна, за почеста употреба, додека atopi лосионот за тело на eucerin е беспрекорен, но и помалку се нанесува па и повеќе трае. Сега сум на ум да пробам нешто за околу очи, ако имате сугестија, бујрум
Се двоумам меѓу дневната крема Aquaporin active i Evenbrighter . Имам сува кожа и нееднаков тен, плус неколку флеки од акните .. Што мислите што да земам? Да не ја утнам, а не е баш ефтина.. Некој со искуство, збор два за било која крема ?
Во Зегин во Сити Мол се од еуцерин е на 20 % попуст до сабота. Не знам конкретно за кремиве, мислам дека even brighter е за позрела кожа, над 35.
И јас да прашам дали негде има попуст на Еуцерин? Лани летото фатив попуст во Зегин, кремата од 800 на 500 беше, би било супер да има негде пак да си земам 2-3 производи овој пат. И дали некој има искуство со Eucerin Dermopurifyer cover stick? Како коректор е, но со салицилна киселина, се нанесува директно само на местата каде е исфрлено лицето, демек го смирува црвенилото.. Ама 700 денари беше, па не ми се ризикува.
Јас користам cover stick и ми се допаѓа. Има само универзална боја и се вклопува добро со кожата. Проблемот е дека треба да се користи само на активни акни. Ако го користиш на места без акни, како на хиперпигментација, со текот на времето ќе почне да ти го изгори лицето бидејќи содржи salicylic acid (тоа го направил кај мене, не знам дали се случил и кај другите). Не знам каде го видовте за 700 ден, но во Zegin чини околу 500 ден, плус ако одиш во City Mall до вторник имат попуст за 20% на Eucerin продуктиве. Извини за грешките во јазикот.
Вака, првпат кога слушнав за кремата бев воодушевена и си реков ова мора да е нешто добро и ефикасно ! Ја купив околу 990 беше... Кремата е малку мрсна така да ако имаш мрсна кожа не би ти ја препорачала.. Ја користам 2, 5 години дневната крема иииии нема врска со тоа дека го чисти лицето! Повеќе ми се исчисти од лореал него ли од тоа... За прв пат се разочарав во еуцерин.. При крај ми е третото пакетче и не планирам ново.. Сега користам сапун (dove) и тоник лореал, лицето ми е чисто. Така да не би ти ја препорачала зошто нема ефект, единствена позитивна страна е 30 заштитен фактор... Ноќната не сум ја пробала, којзнае можеби е поефикасна.. Се надевам ти помогнав