Летово ја купив Even brighter дневната крема и освен што ја хидрира мојата сува кожа,друго ништо не прави. Сакав некои флеки да ми ги избледне нели и за тоа е наменета но ништо. Пената за лице ја користев краток период, ми го затегаше лицето и не видов некое подобрување во смисла на намалување на акните. Не ги суши и не спречува појава на нови. Сапунот ми беше океј, го миев лицето со него, не ми го сушеше и за дневна нега беше така просечно добро. Маслената купка за туширање Од секогаш имав ситни акни на деколтето,кога почнав да ја користам купкава заборавив на тој проблем. Телото меко ко на бебенце ми беше Мирисот само не е нешто нај,но најмалку битно ми е тоа. Битно после туширање немав потреба од нанесување на лосион или масло Толку од моето искуство со Еуцерин
Не мирисаат убаво зошто немаат вештачки додатоци-ароми. Според мене нај од Еуцерин ми е Аквапорин кремите за лице, Хијалурон филерот кремите исто се убави за затегање на брчки. Се на се по нешто ми одговара по нешто не.
Некој да има искуство со Еуцерин DermoPurifyer дневниот крем за мрсна и комбинирана кожа? Досега го користев од Нивеа Мatifying, но има 15 фактор, а Еуцеринот има 30ка фактор...
Знам дека не е толку битна возраста колку состојбата на лицето, ама ме занима на која возраст си бидејќи користеше Хијалурон филер креми? Какво ти е искуство со нив? Јас долго време користам нивеа q 10, за сува кожа, дневна и ноќна и сакав да се префрлам / пробам еуцерин q 10 active. Меѓутоа, девојката во аптеката ми предлагаше токму Еуцерин Хијалурон филер, ама јас некако бев убедена дека тоа е за повозрасно доба дури и од моето (37 сум) ама изгледа грешка сум. Па сега се двоумам што да земам q 10 или хијалурон филер
Ја користам аква порин моментално, не ми е нешто посебно. Имам комбинирана кожа. Пх 5 им е најдобра, сестра ми има ептен суво лице и не ја менува а ми пријаше и мене. А и најефтина е. Гелот за миење лице е жива катастрофа. Нема споредба со тој на Авен. Единствено ми се допаѓа мицеларната вода
Јас ја користам оваа крема. Мене многу ми одговара, ја користам и самостојно и како подлога за шминка. Цената е доста повисока од цените на Нивеа кремите, меѓутоа сметам дека за моето лице не постои подобра крема од оваа на Еуцерин. Редовната цена и` е околу 800 денари, но често имаат акции на оваа линија па може да се начека за околу 600 ден. Мислам дека ќе ти се допадне, дај и` шанса.
Овоj последниот само сум го користела, наменет за осетлива кожа склона кон црвенило и ефикасен е во своjaта намена, го неутрализира црвенилото. Лесен е, така да според мене одговара за нормална до комбинирана кожа. Цена му е 600-800 денари, не знам точно.
Јас моментално ја користам Aqua porin active и како дневна и како ноќна и можам да кажам дека многу сум задоволна. Таа за нормална и комбинирана ја земав дека имам масна т-зона. Одлична подлога за пудра ми е. Цел ден ми стои. 9/10 од мене
Ja zedov eucerin aquaporin SPF 25 I kremata IMA zolta boja.Testerot prethodno go imav zemeno I nemase takva boja .Ako ja IMA nekoj koristeno neka pisi za bojata pls
Да не случајно е повлечена кремата со пумпица Dermopurifyer? Ако не, би била многу среќна доколку ме упатите во која Зегин аптека ја има. Гледам дека на акција се доста колекции од Еуцерин (меѓу кои и оваа), а кремава не можев да ја најдам во 2 Зегин аптеки во кои влегов. Се надевам дека само им се потрошила од залихи.