На еуцерин баш оваа линија имаат нови паковања така да да не ти биде чудно тоа што не ги наоѓаш производите. Паковањата им се со бледо зелена боја сега. А во врска со кремата ќе проверам утре и ќе те известам. Ја бараш кремата за дневна употреба така?
Приметив дека имаат нов изглед и никако не можев да ја најдам кремата, па почнав да се грижам да не ја повлекле. Да инаку, обичната хидратантна за дневна употреба. Многу, многу ти благодарам.
Истите производи се без гајле слободно прашај ги вработените ке ти објаснат.Во стари паковања нема да доаѓаат. А за тоа ќе ти пишам
Колекцијата Dermopurifyer не се повлекува само е сменет изгледот и затоа старите се на попуст. Незнам каде точно во ск можеш да ја најдеш но сигурно нема да ја повлечат само има др паковање.
Zdravo Feminki.Koristev gel za mienje na lice za mrsna koza sklona kon akni od Eucerin dermopurifyer.Go zemav na popust,prekrasen bese no vcera koga otidov vo zegin nemozev da go najdam...smeneta e ambalazata ili veke go nema? za ovoj gel stanuva zbor
Пх5 млекото за тело, се навлеков на него. Свила ми е кожата. Прво почнав да му "поткраднувам" на синко а потоа и да користам Истата линија маслото за бањање, двете во комбинација идеално!
Сменета е амбалажата и јас не можев да ги најдам пред некое време. Мислам дека веќе би требало да им бидат надополнети залихите, јас кога прашував воопшто ја немаа кремата од истата линија. Само неа ја користам, за другите продукти не знам ама гелот 100% го имаат веќе. Го имаше и на почетокот од месецот во Зегин кај Буњаковец.
Колку беше цената на кремите за лице за нормална кожа во сет што се? Ич не ми текнува колку им се движеше цената, некој скоро да не има купувано?
Јас ја користам, за хидратација е ок, за намалување на темни кругови и подочници не, ако сакаш таков ефект. Јас ја користам како превентива за брчки, веќе 3,4 пат ја купувам кремата за тие пари е добра
За брчки ја купив и јас бидејќи е за 25 +, меѓутоа кога ја ставам ме печи, ме лути, ме чеша, не чувствувам дека ми одговара баш добро на моето лице. Па дали е таква кремата или сепак не ми одговара на моето лице незнам. Дали и ти го имаш истото искуство или ?
Најверојатно не ти одговара кремата, јас досега не сум имала такво искуство со неа, тестирај некое време ако така ти реагира кожата подобро не ја користи.