Што ќе кажете за еуцерин бб кремата. Дали е покривна, дава чи свежина на лицето хидрира ли? И колку пари е од прилика?
Која крема според вас е е со полесна текстура, да не е мрсна лесно да впива и да хидрира...AQUAPORIN или Q10 за над 25 години? (Се работи за сува и осетлива кожа)
Девојки искуство со eucerin крема со заштитен фактор. Некоја која не ја суши кожата и која нема да светне после ставање на ББ крема
Неколку дена ја користам само и сега за сега е баш тоа што очекував. Не го масти лицето, лесна е, брзо се впива, како да немаш ставено ништо, не се осеќа. Сега за сега не ми е исфрлано лицето.
Еуцерин е квалитетна козметика, но зависи и од типит на кожата, на кој што му одговара. Генерално сите производи што ги имам пробано се ок.
Jaс го обожавам гелов. Нема никаков мирис, наменет е за нормална и комбинирана кожа.Ептен длабински го чисти лицето и трагите од шминка. Кога ќе се погледнам во огледало, навистина е тој ефект што го сакам од било кој гел. Обично геловите ми ја сушат кожата, ама овој не. Од медицинска страна, а не органска е предобар. 563 денари чинам е, ама трае добри 2 месеци.
Па искрено не се разбирам дотолку ама еуцерин ја препорачуваат дерматолози и ја сметаат за медицинска линија, исто како и биодерма. Е, сега поентата ми е што биодерма не треба баш да ја препишуваат и да ја сметаат за таква пошо каде каде е полоша од еуцерин. А, еуцерин стандард си држат ниво и се над нив(ова според мене). А, јас ја купувам во зегин. Така да, мора да ја има во зегин.
Чисто за инфо, кај нас Еуцеринот ја носат од Бугарија, таму ја прават по "германска" лиценца, така да, ако некогаш се двоумите, подобро нарачајте ја негде од страна.
девојки дали некоја од вас ја има користено дневната крема анти-пигмент на Еуцерин? ме интересира дали има ефект? јас почнав да ја користам минатата недела но тоа е кратко време за да приметам некоја разлика, а инаку имам еден дел од лицето со потемна боја, пигмент.
дали некоја има користено кремата против црвенило на лице ( Eucerin anti redness ) , дали знаете колку чини и дали е ефикасна