Гелот е лесен и нема некој одреден морис, јас забележав дека ми ја суши кожата но имам сува кожа а тој е наменет за нормална кон комбинирана. Имам кожа склона кон акни но не забележав некоја особена промена додека го користев нити на полошо нити на подобро. За цената не е ништо специјално истиот ефект можеш да го добиеш и со геловите на Балеа а се третина од неговата цена
Досега сум задоволна, не ми ја иритира кожата што е најважно бидејќи имам премногу чувствителна кожа, не ми предизвикал нови акни. Би го купила повторно.
Zdravo, ako moze nekoj shto ja ima koristeno kremata AquaPorin ACTIVE da spodeli iskustbo za nea. Imam dosta kombinirana koza koja znae da bide beskrajno mrsna i so pojava na akni i suva vo odredeni periodi i teshko mi e da pogodam krema. Sekoe iskustvo bi mi bilo dobredojdeno. I ako znaete cena pishete mi vi blagodaram
930 денари нормална цена во Зегин, кога е на попуст околу 690ден. Aqua Porin за комбинирана кожа беше супер, гелеста структура хидртира а не светнува. Ама ја нема подолго време јас каде што сум. Aqua Porin за сите типови кожа е со спф 25, потешка структура ама веднаш се впива и не остава траг. Ако ја најдеш Aqua Porin за комбинирана кожа земај ја. Двете се некомедогени со години ги имам користено без проблем.
Здраво . За овај тоник не знам но, јас го имам гелот на Еуцерин од оваа линија. Задоволна сум убаво ми ја чисти кожата,јас имам комбинирана со мрсна Т зона. Го зедов крајот на летото имаше попуст на Еуцерин мислам околу 600/700 ден.
Баш ова не, но го имам гелот,мицеларната и матирачкиот флуид од истава линија. На почеток ко да исчезнаа акните, сега после 2-3 месеци секој ден нови ми излегуваат. Не се големи гнојни акни, но тук там има по некоја. Не би го купила повторно. Големо е паковањето па секако имам уште за месец или два, ќе му дадам шанса уште малку.
Јас денес го купив еуцирин Aquaphor големото пакување 1050 денари.Најмногу ми е за усните ништо не ми помага се ми се распукани
Имаа акција - 20%, - 30% на различни линии во Зегин оваа недела, викендов имаат гратис масло за тиширање ph 5.5 за купени производи од 999ден.