Дали еуцерин е добро за лица кои немаат проблематична кожа? Користам еден тоник и задоволна сум. Другарките ме предомислуваат за креми, а баш сакав квалитетна некоја за нормално чисто лице.
Доколку ти одговараат нема зошто да ги смениш. Плус секој има различен тип на кожа и преференции. Доколку сакаш да смениш разгледај ги на Биодерма, тие имаат добар состав.
Ми кажаа имало некој антиперпирант на Еуцерин кој бил многу добар и спречувал потење, но бил како третман. Знаете коj е тој производ и дали сте го пробале? Знам дека нивните производи се поскапи, па да знам дали вреди.
Година дена како го користам, предобар е, си има упатство не се става секој ден. Околу 500 и нешто денари е, и трае многу едно шишенце
Моментално ова го имам, по грешка на мм му дале наместо тоник, задоволна сум, не е со нај нај состав ама на кожата ми се покажа ок, само што јас нема шанси лицето да го поминам само со ова па колку сака нека сум уморна, се додека не измијам со гел/пена лице нема шанси да поминам само со ова.
Каде има попуст на Еуцерин, денес видов една реклама на ТВ Сител мислам беше ама на крај ја фатив. Нешто беше како 30% но имаше и 1+1 попуст на некои сетови. Во зегин имаат 30% но само во City Mall и немаат акции на сетови. Ако имате инфо споделете, да се обезбедиме за зимава .
Здраво, ве молам за мислење за серумот со витамин Ц ,дали некоја членка го користела и дали е ефикасен? До сега користев на др.Витон ама сакам да го сменам