зависно кои производи, од некои сум била крајно презадоволна, за за некои крајно пренезадоволна , а колку што знам ист производител ги произведува еуцерин и нивеа
од оваа козметика го користам анти пигмент за лузни (со заштитен фактор 30 е ) и користам тестери(ми ги дава една аптекарка) што ме познава инаку производот е 1000 и нешто
Искрено да ви кажам го земав гелот за миење лице тој класичниот и не сум нешто посебно задоволна а не е баш ефтин 500 денари е а го користите секој ден и брзо се троши.Позадоволна сум од Гарниерот со пумпица-најсериозно,исто и од нивеата плавиот со микрогранули.Значи од гелов не сум воодушевена,ништо посебно.
Мама по препорака купила Eucerin крем за регенерација на кожа. Е сега си мислев.. бидејќи имам оштетено лице(односно траги од митисери, флеки) дали да ставам? И дали има врска возраста? Јас мислам дека е за постари лица, ама не сум сигурна.
Па најдобро ти е да прашаш во аптека.Незнам што да ти кажам.не пишува на кремот за која возраст е?Ај те молам кажи ми ја цената на кремот,добро би ми било да најдам некој таков крем за регенерација. Па пробај еднаш стави,ништо страшно од еднаш не е.
Linn1 се надевам дека ке ти помогнам. Во зависност од колекцијата за што е наменета кремата Eucerin производите се ралични за различна возраст. Еве вака:од 20год па нагоре се употребуваат Eucerin AQUAporin AKTIV RICH за сува кожа додека Eucerin AQUAporin ACTIVE LIGHT или ACTIV UVA за нормална или мрсна кожа. Од 25год па нагоре Еucerin Q10 ACTIV за сува и нормална кожа додека за мрсна кожа се употребува колекцијата Eucerin Q10 ACTIV FLUID. За над 35год. без разлика на типот на кожата се употребува Eucerin hyaluron - filler. Колекции кои не им е нагласена старосна граница се Eucerin DermoPURIFYER за кожа склона кон акни и Eucerin UREA која е за атопична кожа или екстремно сува Се надевам дека ке ти помогне да ја пронајдеш твојата уфф се изнамачив еј Спојлер Инаку колку за инфо не рекламирам или било што, јас користев дел од производите на еуцерин и покрај мене случајно го видов каталогот што ми го дадоа во една аптека од кој и се информациите не се така плукнати
Денес на козметичар,ми дадоа да исчистам лицето од шминка со Eucerin производи.Употребив прво млеко и после и тоник.Морам да признаам прв пат ги употребив и сум воодушевена.Лицето добива свежина,слободно дише и воопшто не е сува кожата.Ке си ги земам дефинитивно!
Сапунот исто така е многу добар, за нормална кожа е,после миење го прави лицето убаво не ти се растегнува како со употреба на некои други сапуни.Дури се препорачува и за бебиња, а цената е околу 150 ден ама секако вреди
И јас ги користам истите производи. Многу сум задоволна. Дали некој има искуство со пена или гел за миење на лице од Eucerin, за сува кожа?
Го користам млекото за тело со 3%(мислам ) уреа.Имам прблем со сува кожа на грбот и абсолутно ми помага.Исто и обичниот сапун за лицето го користам и сум презадоволна.
Се надевам ќе ви помогне Еуцерин според возрасните групи: Eucerin® pH5 – линија наменета за сите возрасти од раѓање. Има еден крем кој одговара за нормална и сува кожа, а за оние со многу сува кожа од после третата година има линија со Eucerin® UREA – линија наменета за после третата година. На располагање имаме дневен и ноќен крем со 5% уреа, наменети за сува и многу сува кожа на лицето. Eucerin® DermoPURIFYER (DP) – линија наменета за масна кожа, од влегување во пубертет. Има два дневни крема (Хидратантен крем за претходно нетретирана масна кожа и Интензивен хидратантен крем со СПФ 30 за претходно третирана со лекови масна кожа која е пресушена, се перута, лесно се иритира) и еден ноќен за интензивен третман на акните. Eucerin® AQUAporin ACTIVE – линија наменета за сите над 18 години. Има три различни крема според типовите на кожа и крем за нега на кожата околу очите. Одлични се за нега во летните месеци. За сува кожа по 18-тата година, покрај производите со Уреа, имаме и регенеративен крем Липо-баланс, кој го балансира нивото на маснотии и церамид-3 во сувата кожа. Eucerin® Q10 ACTIVE – линија наменета за над 25-тата година. Претставува еден вид на витаминска нега на кожата. Има два дневни крема (еден за сува кожа и еден за нормална и комбинирана), ноќен крем и крем за нега на кожата околу очите. Eucerin® HYALURON-FILLER – линија наменета за над 35-тата година. Хијалуронската киселина ја надополнува концентрацијата на хијалуронска киселина која се намалува по 30-тата година. Има два дневни крема (еден за сува кожа и еден за нормална и комбинирана), ноќен крем, крем за нега на кожата околу очите и концентрат за најинтензивен третман на знаците на стареење. HYAL-UREA – нова линија наменета за многу сува кожа со дневен, ноќен крем и крем за нега на кожата околу очите. Спојлер Превземено од femina.com.mk
Девојки сакам да ве прашам дали некоја од вас го има користено Euceri DermoPURIFYER колку е задоволна и колку чини? Фала ви однапред
Сакав да прашам дали може некој да ми каже која крема на еуцерин да ја користам, имам нормална кожа само некогаш на челото ми се појавува некоја мозолка нели во оној пмс период....сакам да прочистува и освежува па би Ве замолила да ми кажете ако знаете!Поздрави.
Го имам користено гелот за миење лице кој воопшто не ми се допадна и се вратив на Гарниер. Додека за кремата имам само пофални зборови, феноменално го хидратира лицето, како кадифено е после
јас не бев премногу дебела, имав 67 кила на висина 170, но сакав да ја намалам, кога ја намалив на 60кг, ми ми се појавија црвени стрии. Потоа по препорака го имам купено овој препарат Најпрвин се исплашив, бидеји стриите уште повеќе се вцрвенуваа, но верувајте сега почнаа да бледеат.Дојдоа до едно ниво нежно розевки. Е сега сама сум си крива што зимово го прекинав со користење инегде негде малце розевки стрии ми останаа, ќе морам повторно да продолжам да го користам. Цената му е околу 600-650 денари, го има во аптеките на зегин.
Јас сум многу задоволна од производите на еуцерин кои ги имам користено. Користев крема некое време, и за околу очи (Aqua нешто). Само во еден непогоден финасиски период се вратив на нивеа, ама само да ја дотрошам тековната крема, и ќе купам пак еуцерин. Малата имаше првут, и ги користи шампонот против првут, многу е ефикасен.
Ај препорачајте ми крема за лице за многу сува кожа од еуцерин и пишете и цена отприлика зошто претпоставувам дека се прилично скапи