После многу години користење на VISHY вчера ја купив кремата на EUCERIN-Q10 AKTIVE.Бидејки имам нормална до комбинирана кожа ја зедов таа за осетлива,бидејки аптекарката ми рече дека другата е за мрсна кожа,се надевам дека ја потрефив
Eucerin ph5 кремата е одлична и не е така скапа, околу 400 денари е, а има 75мл. Го смирува лицето и го хидрира.
Спојлер Колку пари е кремава? Низ аптеки сигурно ја има, јел да? Ми фати око. Уште ако е добра како подлога за шминка, мајка Јана да е, ја купувам!
После многу години користење на VISHY вчера ја купив кремата на EUCERIN-Q10 AKTIVE.Бидејки имам нормална до комбинирана кожа ја зедов таа за осетлива,бидејки аптекарката ми рече дека другата е за мрсна кожа,се надевам дека ја потрефив колку и е цената и како си задоволна посшто и мојата кожа е нормална до комбинирана ти благодарам однапред
Првата крема е околу 600 и нешто денари, мислам дека може да ја користат и деца над 13 години ...знам по сестра ми таа ја користи оваа крема и е многу задоволна. Наменета е за комбинирана кожа, и одма се впива. И искрено вреди за тие пари , а за втората незнам.
Jа купив од зегин околу 760 ден на акција беше во тоа време.задоволна сум пошто во ова студено време ја храни,и влажни,само ставам во помали количини заради големата густина на кремата .
Ја пробал некој кремата со хијалуронска киселина? Планирам да ја земам за мајка ми, па да чујам некој коментар
ДА,ЈАС.Мене ми е многу добра.незнам за која прашуваш мојата е со пумпица.Не е класична кутијата за со прст да земаш.Ептен ми ја измазнува кожата и и дава прекрасен сјај.hialuron filer пишува,ама од германија е и затоа неможам да знам дали е таа точно,незнам како пишува на нашите амбалажи,ваљда е истата.
Па претпоставувам дека е без пумпа, не знам точно на реклама ја видов неколку пати, сега ке излегувам па ке видам баш каква е
Кажи ми дали е наменета за нормална и чувствителна кожа и дали е добра како подлога за пудра? благодарам однапред
Многу сум задоволна од тоникот и млекото. Ја мазнат, чистат и хидратираат кожата, и иако се за сите типови кожа, идеални се за комбинирана накај сува. И двата се по 500 денари во Зегин, ама траат по 2 месеца најмалку, а инаку се 200 мл. Нема да погрешите.
^ Се препорачува за над 35 годишна возраст,затоа што има поголем процент на хијалурон и филер тоа е за пополнување на подлабоки поизразени брчки.
Јас од кога се спремам да купам еуцерин за чуствителна кожа,дека имам некои цвренила понекогас,ама се кога ке дојде ред купувам некоја друга поефтина,сакам да ве прашам вредат ли за парите? и дали некој користел од таа за чуствителна кожа?