Најзадоволни. Сега е отворен салон и во Принцес казиното па тие што сакат можат да го посетат јас бев ))
Сакам да ја пробам aqua porin, некако ја чувствувам дехидрирана кожата на лицето, дали некој ја има користено, како сте задоволни, вреди ли за парите? Благодарам
девојки и претходно сум пишала...јас не сум користела до сега креми на еуцерин но сум слушнала дека се мн добри е сега....јас имам нормално кожа....може во пмс ми се појавува по некоја мозолка....сакам некоја крема да има како матирачки ефект и прочистувачки дали може да ми препорачате? Ви благодарам
Majка ми ми ја купи целата колекција од еуцерин (ама за акни) и сум задоволна од сите производи..ама за цената.. многу пари фрлив, не дека не сум задоволна дека за џабе фи дадов парите туку не се пристојни тие цени за нашиов пазар. (барем јас така мислам)
Знаете ли нешто за колекцијата за сончање?? Цена и кои фактори ги има дали има некој помал од 50 бидејќи мн е јак тој фактор нема абер од сонце да те фати???
Колку од прилика се движат цените на еуцерин кремот спф 30 и гелот од зелената линија да не знае некој?
Овоа не е за лице ама дека е на Еуцерин па тука ќе прашам. Си земав едно масло на Еуцерин за стрии и немам појма како се користи, на германски е упатството. Во една аптека ми рекоа дека се ставало на водена кожа и со водена рака се триело,во друга ми рекоа како и секоја крема/масло за стрии само се ставало и се триело додека не се упие. Некоја од вас го има користено,знае како се користи?
Јас го користам лосионот со уреа и аквапорин, во Анчевски ми го препорачаа за сува кожа. Всушност имам нормална кожа ама повремено ми излегуваат лишаи на образите и ми се лупи носот. Инаку супер е лосионот, јас сум презадоволна го користам само за лице иако е и за тело. Откако го користам престанав да ставам крем на лице. Го купив околу 800 денари 250 милилитри.
Ако ние не знаеме гугл транслејт знае сигурно. Или овде пиши ни па некоја феминка ќе се најде при помош
Девојки има ли некој гел од Еуцерин за затварање на порите имам комбинирана кожа па на образите имам точки не се којзнае колкави ама ме нервираат , и отприлика колкава е цената, дали сте задоволни, фала ви
Може да ми препорачате некоја крема за моево лице,не многу мрсно,имам по некое мозолче,и имам црнки на носот. -.-
сакав да прашам за кремата за флеки на Еуцерин.дали сеуште се произедува и ако jа користел некоj дали помага
Луѓе,си ги купив лосионот и кремата за лице Eucerin за проблематична кожа ги пробал ли некој?има ефекти?
јас и брат ми имавме проблеми со лицето(посебно брат ми) и им бевме редовни по болниците...ама од ко го користиме чудово си немаме никаков проблем можеби се поскапи од другите производи но навистина вреди ВИ ГО ПРЕПОРАЧУВАМ
Пред некој ден земав една крема за околу очи, аква порин актив. Може рано е да се коментира бидејќи ја користам само неколку дена, ама сега за сега сум многу задоволна!
http://www.citymall.ma/images/P/EUCERIN ... RIFYER.jpg Многу сум задоволна, дефинитивно вреди да се купи.
летово го поминав со крем-пудрава на Еуцерин, само пофалби, 2 во 1, предобро штити од сончевото зрачење, 50-ка заштитен фактор.
Го има ли некој користено шампонот против опаѓање на коса? Сакам да му го купам на либето, почнал да ми оќелавува на темето.