Го земав пилингот за чистење на лице од акни, ама касно прочитав дека е за мрсна кожа, а јас имам сува. Би имало некое влијание тоа, да не предизвикам контра реакции, бидејки немам проблематична и нафрлана кожа, единствено сува со комбинирана т-зона. И дали некој го користела?
Од таа зелената колекција- дермо пјурифајер или...? Те молам за инфо бидејќи јас таа колекција ја користам, па да знам дали ми одговара понудата.. Фала ти Поздрав
Artemida81, кремата е Еucerin Аquароrin Light бела амбалажа, 800 ден. пакет крема+гел. Eucеrin Dеrmо Рurifyer се намалени -20% (тоник, пилинг, гел, кремата и корективниот стик)
Јас пред два дена го купив кремот Aquaporin Light од Зегин ама не ми дадоја гел или пак тоа е некоја друга понуда?
Во пакет идат кремата и гелот спакyвани, 800 денари, јас кyпив со xијалyрон за мајка ми, тој пакет е 1400. (крем+гел). Можно е во таа аптека да немало y залиxа, иначе понyдата yште трае, сега баш го гледам каталогот на Зегин.
Anggell, каталогот на Зегин е за ноември, а може и повеќе да трае. Најверојатно истата понyда ја има и во дрyги аптеки/продавниЦи, мислам дека акЦијата е од дистрибyтерите на Еucеrin, а не на Зегин. Поздрав
ме интересира дали некој има искуство со еуцерин за мозолчинња ама и на врат и ако има какви производи од еуцерин има користено........ми треба за над 25 години ........во план сум да земам ама незнам кој производи најмногу ке ми одговараат (мрсно лице) ако знае некој ве молам да ми пишииии......фалааааааааааааа
Имам гел за миење, како масло за чистење едно 3 во 1 и крема за лице за нормална и комбинирана кожа. Ептен сум задоволна сега за сега, се надевам не се фрлени за џабе толку пари зошто реално гледано и не се баш ефтини производиве. Лицето ми е многу помеко, посветкаво и како почисто од кога почнав да ги користам производиве! Сега за сега им давам палец на горе, се надевам дека палецот ќе остане дигнат и понатака
Девојки, пред некое време видов негде по телевизииве дека има некоја промоција за 3 купени производи на Еуцерин, дали сте виделе нешто вакво?
Пред некој ден ги разгледував во Космо,ама не видов за мрсна кожа.Сите беа за сува кожа,и комбинирана.Дали Космо ги нема во понуда или воопшто нема таква линија.
Дали знаете дали во Македонија се продаваат овие три производи од Еуцерин: White Solution EYE: Hyper-pigmentation: Even Brighter Concentrate: Hyper-pigmentation: Even Brighter Spot Corrector: Ако знаете дали ги има кај нас и колку се движат цените, ве молам одговорете ми.
А да си прашаш во аптека нема да ти биде најубаво? Јас не знам, од причина што не сум се заинтересирала да прашам, ама можда некој друг знае па ќе ти каже, сепак додека чекаш овде одговор, најубаво ќе ти биде да тркнеш во најблиската доброснабдена аптека и да си прашаш, најсигурно ти е.