Пред некое време гледав на тв за лосион и шампон на Eucerin Против опаѓање на коса. Дали некоја феминка има информација каде може да се најдат и дали се ефикасни?
Многу сакам да пробам некој производ од колекцијата против акни. Само незнам дали Dermo purifyer cleanser, scrub или toner? Да ми каже некој од искуство кој е најдобар од овие три?
^ Сите три продикти се добри,секој си има своја намена,тоникот ги чисти порите го отстранува црвенилото и ја освежува кожата,пилингот ги отстранува мртвите клетки на кожата и длабински ги прочистува порите,ја прави помазна кожата,гелот исто така ја чисти кожата од наталожените нечистотии и на крај кремот ја хидрира кожата и нормално помага во процесот на лекување на акните.
^^Jас ги користам гелот за миење лице, дневниот крем како подлога за пудра и ноќниот крем за пред спиење и еднаш-два пати неделно пилингот (зелената линија). ПРЕЗАДОВОЛНА СУМ! Лицето не ми било поубаво!
Јас ги користев сите три и можам да кажам дека лицето ми се подобри од нив..стварно се предобри..ама имам слушнато дека за да имаш резултати треба да ги користиш 6месеци..на дечко ми сестрата така ми кажа...јас искрено видов убави резултати уште вториот месец..ги користев долго време и лицето ми се исчисти..буквално акните ми ги сушеше за ден,два зборам за оние поголемите...сега имам уште многу малку акни..ама користам една крема која ми ја порача кожен лекар..сепак мислам дека лицето вака ми се подобри од ерцеринот,а кремата си ја доврши работата јес да се скапи ама вредат за секој даден денар. П.С:побарај во аптека едно време ги имаше сите три во еден бел несесер за 1000 и нешто денари (така испаѓаше поефтино отколку да ги купиш сите посебно
Презадоволна сум од млекото за чистење лице за сува и чувствителна кожа. После чистење го нема она чувство на затегната кожа, сува и лупење посебно како што е состојбата со лицето во зима. Дури и заборавам да ставам крема после чистење! Хидратира и ја остава кожата мека
Девојки кремата за мрсна кожа, таа од зелената линија, дневна со заштитен фактор 50 колку е? Летото беше околу 700-800, ама сега е сигурно поскапа, знае некој цена? Да знам или па да барам замена со некоја поевтина
Имам внатрешни бубуљици само на челото и сакав да купам Еуцерин, ако знае некоја нека ми каже која крема е најдобра за млада кожа до 20 години
Девојки отсега Еуцерин има и своја Фејсбук страна во Македонија, поддржете ја! Тука ќе најдете многу интересни содржини за самите производи, а отсега се што ќе ве интересира за Еуцерин, а е поврзано со медицинската нега на кожата ќе можете да прашате, а ќе ви одговара Д-р Соња Петрушеска Специјалист - дерматовенеролог и стручен соработник за Еуцерин
Ме интересира дали сите цени на еуцерин производите се секаде во секоја аптека исти или си зависи од аптека до аптека? Исто ме интересира дали цените на производите се исти во сите градови во Македонија?
Еуцерин производите имаат препорачана цена во сите аптеки, па горе-долу сите отприлика ја почитуваат. А во Зегин, освен што се по препорачана цена, има и стручни лица кои можат да помогнат согласно потребите на секоја кожа. НА ОВОЈ ЛИНК МОЖЕШ ДА ПРОЧИТАШ ПОВЕЌЕ ЗА СЕКОЈ ОД ПРОИЗВОДИТЕ -Мhttp://www.facebook.com/media/set/?set=a.567087276643351.134304.488846411134105&type=1
Задоволна си од кремава ??? јас ја земав 964 денари беше во зегин лицето е помазно посвежо ама ептен ми останува мрсно а го земав за чуствителна кожа и мислам дека од многу мрсно ми испагаат ситни гнојнички ке го менувам изгледа а што туку е почнат
Пишува на сајтот на Еуцерин дека кремот Eucerin Q10 за осетлива кожа е наменет за сува или многу сува кожа ,додека флуидот Eucerin Q10 е наменет за нормална и комбинирана кожа.
Ќе ми го пофалите активниот концентрат? Цена? Прочитав дека бил real magic ама сакав и вас да ве "чуам".
Попуст имаат некои производи од колекциите Dermo Purifyer и AquaPorin. Ги користам лосионот и кремата од колекцијава и сум презадоволна. Го сакам и ова, ама го немам забележано, каде го има и по која цена?
Разгледав низ брошурата, но ги имаше на неколку страни повеќе производи (и страните не беа една до друга туку на различни делови). Затоа не успеав да запаметам, а и не користам производи на Eucerin за да ги паметам кои се. Пишав овде заради темата
Можете ли да ми препорачате од нивната палета на производи оние кои се наменети за сува кожа? И да ми кажете колку се ефикасни, односно дали доволно ја потхрануваат кожата (поконкретно од оние за лице мислев)?