Прекрасни се, си има специјално за секој тип на кожа и посебно тие што ја потхрануваат кожата се предобри, зошто навистина ја потхрануваат, ја прават мазна, блескава и мека (ова од искуство ти го кажувам)
Млекото за чистење лице за сува кожа е феноменално! По негова употреба немам потреба од крема биддјќи доволно ми го хидратира лицето, ја прави мека кожата, мерак производ! Вреди за секој денар и ми трае 3 месеца.
Јас ја користам зелената колекција од Eucerin DermoPurifyer веке 3 недели и немам никакви подобрувања мислам повеке ми се исфрли лицето, многу ми е криво, а толку надеж имав во нив
Уште тогаш кога прашував на темава го земав тоникот од зелената линија и задоволна сум многу, ми го смири лицето не ми се појавуваат брунчиња повеќе, инаку секој ден имав нова брунка незнам што му беше на лицево Овој го користев Од кога го средив лицето, преминав на поевтна варијанта сега Neutrogena daily wash користам
Барав нешто за Зегин ислучајно пронајдов неколку слики од последниот број на нивното списание. Само не знам до кога важи и дали е помината акцијата. Секако не се прегледни па ги споив во една слика за да не зафаќа премногу место.
јас ги користам..млеко за тело, една крема за лице( ми кажа фармацевтката дека за таа добиле нобелова награда)..за сува кожа иначе...мн сум задоволна.. сега ќе си ја земам новата колекција ever briter, пошто ми се прават дамки од сонце...се надевам ќе биде добра... поскапи се, ама се многу квалитетни...
НА последната слика 4тото е 685 денари во ЗЕГИН , вчера ја купив, па ќе ви пишам резултати за некое време...
Ми треба лосион за лице мислам некој го постираше и дневна крема за нормална и комбинирана кожа.Немам никаков проблем со лицето ама незнам од која линија да земам дали од Q10,ми треба за над 30 ама па несакам да биде специална за брчки.Некоја препорака,користел некој и дали сте задоволни?
Јас имам земено крема за раце од еуцетин со 5 % Urea ми излегуваше алергија на разе од сјај за садови и многу ми помогна. Исто така по препорака на мојот гинеколог го користам сапунот на еуцерин и преубав е наместо интима.
Дали некој го има користено рол-онот со 48 часовна заштита? Јас вчера го купив и веднаш имаше резултати но сакав да прашам дали некој знае да не треба од вечер да го ставам или сабајле?
^ А тоа што според упатство пишува дека треба да се нанесува барем преку еден ден? Зошто правите такви глупости кога според упатство е нагласено дека не смее да се прават одредени работи? Вие упорно по свое и потоа ќе се жалите дека „не ми делува овој, не ми делува оној препарат“...
Ама јас немав упатство со тоа... Мене таа аптекарката ми кажа после туширање да ставам па не бев сигурна и прашав тука... Како и да е ви благодарам!
Рол-он си е рол-он не е атомска физика,се знае како се употребува, во зависност од тоа колку си активен во текот на денот толку пати ке си ставиш,на упатството не ни пишува колку пати да се стави, така да немора ни да се придржува до него.
EMILI1999 не мислев на тебе. Знам дека бараше совет ________________________________________________________ Си пишува уште во насловот дека е 48 часовен рол-он што значи дека не е препорачливо да се користи почесто. И на останатите пишува дека имаат 48 часовна заштита но не се работи за ваков рол-он конкретно. Настрана тоа што оние кои работат во аптека знаат многу малку бидејќи воопшто и не се оптеретуваат да дознаат повеќе. Ете, некои си напишаа дека го користат првите 3 дена секој ден, а потоа преку еден ден и тоа им е сосема доволно дури и на оние кои имаат проблем со потењето. Е сега, доколку е неопходно може и секој ден (иако не верувам дека ќе е така). Што значи, два пати во денот е премногу за ваков рол-он.