Многу сум задоволна од матирачкиот флуид на Еуцерин со SPF 50 ја матира кожата веднаш се упива не остава бели траги и што е најважно е некомедоген не предизвикува акни,можат да го употребуваат и луѓе со проблематична кожа.Слободно може да се користи и под пудрата. Кошта околу 830 ден.
Би ви била многу благодарна доколку би ми препорачале нешто за чистење на лицето било да е тоник, крема, гел итн. Немам толку голем проблем со акни, не се толку страшни ама ме нервира што секој ден имам по некоја нова па ги лечам 2-3 дена. Сакам да го исчистам лицето, па спремна сум и да пробам нешто поскапо, хлораколот не ми помага. ЕДИТ: имам комбинирана, накај сува кожа.
Се извинувам што пишувам едно по друго мислење, ама да прашам. Порачав по мајка ми од овој тоник Спојлер а го купила овој Спојлер . Е сега прашањето ми е дали е истиот или не пошто на овој пишува Toner а на мојот Gesichts-tonic ?
Свит Ејнџл, колку го купи тоникот? Многу им варираат цените, баш ме интересира колку си го купила ти, како најтазе. Мојот го истрошив и уште одамна одлучив дека наредниот што ќе го купам ќе биде Еуцерин.
Истиот е. Gesichts-tonic е тоник за лице. Германците сакаат да си специфицираат што за што е, па во превод е целото - тоник за лице, не само тоник. Претходниот ваљда на англиски била декларацијата цела.
Колку чини ролнот? Инаку јас го имам млекото Dermato Clean и сум задоволна, а пробав и тестер од новата крема Even Brighter и во план сум да си ја порачам
Оние што го користеле, за колку време имавте резултати од тоникот еве овој Спојлер ?? До пола го потрошив а не видов некои промени на лицето
^ Тоникот нема некоја голема функција ако го користиш самостојно,затоа треба во комбинација со кремот за проблематична кожа од истата колекција. Прво се чисти кожата со тоникот затоа што тој е наменет за отварање и прочистување на порите и за намалување на појавата на митесери,за отстранување на црвенилото,а потоа се става кремата за поголема ефикасност.Ниту еден тоник ја нема таа ефикасност за да ја исчисти, излечи кожата од некои поголеми неправилности.
Фала за советот, ќе ја купам и кремата само читав овде дека на некои многу им помогнал па затоа прашав. Инаку дали можеш да ми дадеш слика од кремата, да знам точно за која се работи бидејќи има дневен,ноќен крем,хидратантен крем итн. И што цена е?
Ова колекција содржи дневен хидратантен крем,дневен со заштитен фактор SPF 30,ноќен крем,и крем гел,и активен концентрат кој се става директно само на акната,мислам дека секој производ поединечно кошта околу 800 денари. Според составот мислам дека најдобар е дневниот хидратантен тој е нешто помал од другите 40 или 30 мл е, првиот на сликата е тој.
^ Во ред но на тој пишува дека е за мрсна кожа, а јас немам мрсна кожа . Се надевам дека нема врска бидејќи тонерот не ми ја суши кожата па не би требало да има проблеми.
Презадоволна сум од сите производи. Кожата на лицето ми е мрсна и оваа колекција многу ми помогна: Кремата и тоникот прават чуда за помалку од еден месец. Зимно време имам огромни проблеми со рацете, ми се сушат до тој степен што почнуваат да крварат. Течниот сапун, лосионот и кремот за раце со 10 % уреа ми го спасија животот. Да, цените се малку посоленки, ама си вредат производите.
Од таа колекција погоре, мене само гелот за миење лице ми беше доволен, ми го правеше лицето супер чисто. (А, другите не ми одговараа бидејќи се за масна кожа, склона кон акни)
Имаат. Еве, мислам дека се само овие два. Eucerin® DermoCapillaire pH5 šampon (200ml) Eucerin® DermoCapillaire gel šampon protiv prvut (200ml)