И да си знаете секоја среда во Зегин МНТ има промоции на Еуцерин. Па ако ве интересира нешто конкретно можете да проверите за некој производ. А девојкиве кои работат на промоција се многу добро обучени. Јас баш вчера земав еден флаер од зегин и го загледав ова.
Си направив проблем со пудрата од Менхетен исфрлив цела, дали помага кремата на Еуцерин од зелената линија за акни, има ли за нормална до комбинирана кожа, Еуцерин за осетлива воопшто не ми помогна ниту пак од др. Шелер
Колку пари е колекцијава за мрсна кожа сколна на акни во Зегин или некоја др аптека и колку пари се само гелот за миење и хидратантниот крем?
изминатиов месец имаше -20% попуст на целата колекција Инаку сега се кремот 800, гелот и тој е тука така околу 800
Искрено нека се скапи важно мие да има резултати,затоа што досега имам пробано се и сешто и ништо не помага А и од гелот за туширање на Авон најверојатно ми се преззасити кожата па ако знаете некој друг гел за кожа склона кон акни на грбот кажете
Некој коментар за кремата на Еуцерин за околу очи? Од линијата аква порин е што значи е погодна за млада кожа.Ме интересира дали убаво хидрира?Каква структура има?Која цена е?Како сте задоволни од неа?
Јас ја користам и сум презадоволана. Одлично ја хидрира областа околу очите и долго трае.Цената мислам дека е околу 600 и нешто денари ама вреди за секој денар. Погодна е за секоја возрас (18+) зашто не е антирид туку е само хидратантна
И јас ја користам супер е,каде ја купуваш за 600 ден?исто така од аква порин користам и дневен крем.Ме интересира Q10 за која возрст се препорачува?Дали знаете во кои аптеки се добива нешто на подарок со купен производ на еуцерин?
што мислење имате за кремата,ја има ли некој употребувано денес ја купив и со нејзе добив два гратис концентрат како да го употребувам.
Има ли од Еуцерин серум за лице,ама за млада кожа,не против брчки него за хидрирање на пресува кожа?Ако има која цена е?И каков ефект има?
Колку што знам правилно серумите ги произведуваат исклучиво за повозрасна кожа. Затоа и се нарекува серум. Освен кремата, како додатно средство се користи за зрелата кожа. Од Еуцерин засега не сум видела серум за помлади. Знам имаше од Авон серуми за лице и за помлади, но какви се, не знам, рерко кој ги купува.
Грешка си дека само за поздрала кожа се наменети серумите. Серумот е всушност концентрат кој има состав како кремите но е направен така да многу побрзо се упива во кожата и да навлегува по длабински. А серуми има за секоја возраст и за секаков тип на кожа.
Пишав во темата за серуми. Досега немам користено, освен на Биотерм од едно мало тестерче, а цената му е сигурно околу 3000 илјади. Мислам дека има на Афродита од линајата ХидраТермал, ама немам некое искуство....
Па затоа и реков дека сум гледала серуми за помлада кожа од Авон. Ама воглавно ретки се тие за помлада кожа, демек немаат потреба толку од серуми. Ако си задоволна од Авон, во тие производите на Планет Спа имаше серуми. Ама, какви се, навистина не знам.