EURO 2020 - Европско фудбалско првенство

Дискусија во 'Спорт' започната од Billy Idol, 7 јуни 2021.

?

Кои репрезентации ќе ја поминат групата Ц?

  1. Македонија

    75 глас(а)
    72,8%
  2. Украина

    29 глас(а)
    28,2%
  3. Холандија

    58 глас(а)
    56,3%
  4. Австрија

    35 глас(а)
    34,0%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. Billy Idol

    Billy Idol Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    1.876
    Допаѓања:
    20.095
    Пол:
    Машки
    EURO 2020 е 16-то по ред Европско фудбалско првенство каде ќе се бира најдобрата репрезентација од Европа во светот на фудбалот. Поради Ковид, истото беше поместено за оваа година, 2021, но името EURO 2020 остана официјален назив.

    [​IMG]

    Домаќини на ова првенство се 11 градови, од 11 посебни држави, додека финалето ќе се игра на стадионот Вембли во Лондон, Англија. Поради протоколите, публиката ќе има, но со ограничен капацитет.
    Останатите држави се: Azerbaijan, Denmark, England, Germany, Hungary, Italy, Netherlands, Romania, Russia, Scotland, Spain.
    *болдираните држави се домаќини на натпреварите на Македонија.

    [​IMG]

    На првенството ќе земат учество 24 национални селекции, поделени во 6 групи, по 4 во секоја група. Првите 2 селекции од секоја група, заедно со првите 4 третопласирани селекции ќе продолжат понатаму во 8-финалните мечеви.
    На ова првенство, Македонската репрезентација ќе настапи за прв пат во нашата историја, и ќе игра во група Ц заедно со Австрија, Украина и Холандија.
    Детално презентирање на групите очекувајте од @bicycle во понатамошните постови. :D

    [​IMG]

    Првенството ќе се отвори на 11 Јуни 2021 (Петок) во 21ч каде домаќинот Италија, во Рим ќе ја пречека селекцијата на Турција.
    Победникот ќе го дознаеме месец покасно, на 11 Јули 2021. :D

    Македонија ќе го започне ова првенство на 13 Јуни 2021 (Недела) 18ч во Букурешт, против тимот на Австрија.

    Македонија - Австрија 13 Јуни 18ч
    Македонија - Украина 17 Јуни 15ч
    Македонија - Холандија 21 Јуни 18ч

    Натпреварите ќе можат да се пратат на нашиот национален сервис, МТВ, каде заедно со нашата експертска новинарска фела ќе можеме да ги бодриме Пандев, Елмас и компанија. :D

    Да ве прашам....

    ДАЛИ СТЕ ВОЗБУДЕНИИИИИ?!!! :D



    Линк од преносот во живо.
     
    На EmilyMonte, Agatha, Skorpija99 и 17 други им се допаѓа ова.
  2. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    11.829
    Пол:
    Женски
    Јас не следам фудбал, ама ова првенство заради нашата репрезентација, мора да го гледам.

    Патем, кај да најдам автентичен дрес за внук ми ?
     
    На Bezimenka90 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    3.058
    Допаѓања:
    31.830
    Пол:
    Женски
    Група А

    Италија
    Швајцарија
    Велс
    Турција

    група а.png

    Според вас, кој е фаворит во групата?



    Група Б

    Данска
    Финска
    Белгија
    Русија

    група Б.JPG



    Белгија е фаворит во групава, ваше мислење?

    Група Ц во која игра нашава репрезентација.

    Голмани: Stole Dimitrievski (Rayo Vallecano), Risto Jankov (Rabotnicki), Damjan Siskovski (Doxa Katokopia)

    Одбрана: Egzijan Alioski (Leeds), Egzon Bejtulai (Shkëndija), Visar Musliu (Fehérvár), Kire Ristevski (Újpest), Stefan Ristovski (Dinamo Zagreb), Darko Velkovski (Rijeka), Gjoko Zajkov (Charleroi)

    Среден ред: Arijan Ademi (Dinamo Zagreb), Enis Bardi (Levante), Darko Churlinov (Stuttgart), Eljif Elmas (Napoli), Feran Hasani (Partizani), Tihomir Kostadinov (Ružomberok), Boban Nikolov (Lecce), Milan Ristovski (Spartak Trnava), Stefan Spirovski (AEK Larnaca)

    Напад: Daniel Avramovski (Kayserispor), Goran Pandev (Genoa), Marjan Radeski (Akademija Pandev), Vlatko Stojanovski (Chambly), Aleksandar Trajkovski (Mallorca), Ivan Tričkovski (AEK Larnaca), Krste Velkovski (Sarajevo)


    Македонија ке отпатува на ЕП со најсилниот состав со исклучок на Несторовски кој е повреден.

    Како што веќе знаеме ние сме дебитанти во ова натпреварување.
    Очекувам да ги поминеме групите.


    МРМЕ, ЛЕГЕНДО, ФАЛА ТИ ЗА ОВА ИСКУСТВО

    ГРУПАЦ.JPG



    Група Д

    Англија
    Хрватска
    Шкотска
    Чешка

    Група Д.JPG


    Група Е

    Полска
    Словачка
    Шпанија
    Шведска

    е.png

    Група Ф

    Франција
    Германија
    Португалија
    Унгарија



    е.png

    Кој е вашиот фаворит за освојување на ЕП?

    Мои фаворити се Англија и Португалија, покрај нив ќе навивам и за нашата Македонија.
     
    На sunshinebabe, Maria.Fernanda, Bratot и 5 други им се допаѓа ова.
  4. ayton

    ayton Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2021
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Машки
    Francija osvojuva da ne recite ne kazav
     
  5. Billy Idol

    Billy Idol Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    1.876
    Допаѓања:
    20.095
    Пол:
    Машки
    Автентичен нема. Нели, зезнаа работа ФФМ со дресовите и нема, и нема да има во фан шоп.
    Реплика може да се порача од Спортисимо, или од Алиекспрес.
    Гревови сме. :(
     
    На темјанушка, _beautyy_ и g8lQQk им се допаѓа ова.
  6. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    11.829
    Пол:
    Женски
    @Billy Idol :bow: за линкот, само да не заврши првенството додека ми стигне од Али ? :lol:
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    5.292
    Пол:
    Женски
    Возбудени и то како сме возбудени.:D Одвај чекам со нетрпение и еуфорија конечно и ние да гледаме и навиваме за Македонија.:sun:
     
    На EmilyMonte, cresa-jagoda, sunshinebabe и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Billy Idol

    Billy Idol Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    1.876
    Допаѓања:
    20.095
    Пол:
    Машки
    Ќе ти стигне, ама за следното. :lol:
     
    На sunshinebabe, темјанушка, _beautyy_ и 3 други им се допаѓа ова.
  9. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.030
    Допаѓања:
    69.297
    Возбудена сум како јас да ќе играм :rofl:
    Шала на страна, општо сум фан на првенствата во фудбал, и редовно ги пратам.
     
    На cresa-jagoda, sunshinebabe, smile:) и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Stephen Amell

    Stephen Amell Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    15.787
    Пол:
    Женски
    Немам јас нерви.:D Или допрва ќе немам?:wasntme:

    На момците им посакувам среќа, знам дека Македонија ќе ја направат горда.:l:

    Македонија.:inlove: Друг фаворит ми е Полска.
     
    На Mencia, cresa-jagoda, sunshinebabe и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Billy Idol

    Billy Idol Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    1.876
    Допаѓања:
    20.095
    Пол:
    Машки
    Франција. :D
    Евентуално Белгија и Англија од втор план да изненадат.
    Најголеми флопови очекувам да се Холандија и Хрватска. Во надолна линија им се репрезентациите и нема далеку да догураат. Германија исто може да се лизне во фазата на елиминации. После поразот од нас, веќе не се непобедливи. :)

    За нас, не знам зошто ама имам некое претчувство дека ќе се протнеме во следната фаза и ќе сме слатко изненадување на стартот. А и да не сме, ќе бидам задоволен со секој даден гол на Европско и секој добиен бод од нашите. ^_^

    Инаку еве како изгледа мапата на пласирани репрезентации, тие со сино, и црвено, тие што не се. Островче сме на Балканот. :D

    [​IMG]
     
    Последна измена: 7 јуни 2021
    На Mencia, M.B., Кена Рис и 8 други им се допаѓа ова.
  12. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    3.058
    Допаѓања:
    31.830
    Пол:
    Женски
    Јас мислам Португалија пак ќе изненади, има и одлични играчи, шала на страна.
    И да, очекувам финале Португалија - Англија.:inlove:
    Одамна не играле овие меѓусебно.
    Хрватска, последна у групите.
     
    На Maria.Fernanda, _beautyy_ и Billy Idol им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    13.163
    Допаѓања:
    296.693
    Хрватска или Германија.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  14. _beautyy_

    _beautyy_ Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    326
    Пол:
    Женски
    Според мене сите можат да изненадат, па дури и ние.:clap: Има доста добри репрезентации нпр. Англија, Португалија, Германија(знаеме дека беше доминантна претходната сезона иако претрпе пораз од нас).
    Секако ќе навивам за Македонија:l::l:
     
    На cresa-jagoda, Maria.Fernanda и Billy Idol им се допаѓа ова.
  15. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    20.448
    Пол:
    Женски
    Порано бев заразена со фудбал, но од ко не живеам во Мкд гледам фудбал од светско на светско и на олимпијадата.
    Стегам палци за нашите, им посакувам среќа и добар успех (fingers)
    Мои фаворити се Италија.
     
    На cresa-jagoda, _beautyy_, Аргентина * и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Bratot

    Bratot Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    4.471
    Пол:
    Машки

    Оодимее јакооо :party:
     
    На EmilyMonte, _beautyy_, sunshinebabe и 2 други им се допаѓа ова.
  17. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    3.377
    Искрено не сум возбудена многу заради тоа што сум зафатена педиодов.
    Се надевам дека ќе успеам да ги гледам натпреварите барем нашите. :l:
    Верувам дека ќе изиграат храбро и дрско до максимум, со некоја луда среќа може и да поминат група.

    Јас ќе сум задоволна и со една победа или бод, бидејќи битна ми е сликата која ќе ја оставиме, по кое ќе си го вмрежам во сеќавањата Европсково.

    Не следам многу фудбал па би рекла дека ќе освојат Франција или Португалија.
    Секако ќе навивам и за Хрватска да изненадат од сенка. (fingers)
     
    На _beautyy_, Bezimenka90, bicycle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    Не сум воопшто возбудена иако настапува нашата репрезентација бидејќи е се јасно.
    Ние групата ќе ја завршиме со 3 убедливи порази тоа е и повејќе од јасно затоа нема простор за возбуда и еуфорија.
     
    На Poyraz Karayel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Stephen Amell

    Stephen Amell Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    15.787
    Пол:
    Женски
    Зошто со 3 порази? Украина и Австрија не се толку јаки, па за да не можеме да ги тепаме. Ние Германија ја тепавме! Нема простор за еуфорија и возбуда?:^) Мене уште сега ме мава адреналин.:D

    Барем сега дајте поддршка на момците, а не уште пред стартот, почнувате со плукање. И последни да се во групата, за мене е огромен успех што се пласираа.
     
    На Mencia, cresa-jagoda, M.B. и 7 други им се допаѓа ова.
  20. ayton

    ayton Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2021
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Машки
    Ti ako imas 1 utakmica gledano na nasive jas e :D