Тоа е нашиот менталитет, штом изгубиме веднаш се вели леле колку беа лоши, вакви се, такви се... Ако веќе се натпреваруваш треба да си спремен да изгубиш. И мене не ми е мило кога губиме, особено не поради глупости. Но овој пат покажавме добра игра, ја сум задоволна, тоа што очекував да го покажат, го покажаа. Искуството на Австрија се покажа на крајот и тоа е тоа, честитки, тие беа подобри.
Многу агресивни, не очекував да бидат вакви. Нашите играа добро. Но, ни фали искуство и поголема организираност.
Глупави голови примивме. Никаква игра немаа Австријците. Плус судијата што вика @Annath . Цело време внимаваше на секој допир на нашиве со балетаните австриски. Мајмун. Нерешено ќе беше фер резултат.
Да не излегуваше Столе да боксува којзнае уште колку ќе примевме. Сите високи топки им ги фати кога беше Калајџич, па смени формација австриецот. За вториот гол грешка е мислам на Костадинов што го остави Алаба да се намести и центрира, требаше да му влезе поблиску, ама тоа е цената што ја плаќаме со неискуството. Втората постава ни е далеку од квалитет од првата. Добро игравме, чекавме на контри и полу контри како со Германија. Ги имавме неколку, не искористивме и тоа е. Може имаше некои грешки како Бејтулаи на десен, а не Ристовски. Костадинов исто не ја разбрав измената. Милан Ристовски може требаше порано да влезе и притиска напред. Кога го видов Арнаутович, кога влезе, знаев дека ѓубрето ќе ни даде гол. Ептен омразен играч ми е. Провокатор. Може лошо да делува тој трет гол во некои комбинации за трето место и гол разлика, ама тоа е. Се на се, толку ни е силата и треба сите да сме задоволни, без плукање. Уживајте во овие мигови, историски се.
Мислев баш на тоа излегување пред Арнаутович да ни даде гол, ама тоа е секунди се во прашање. И мене ме изнервира ѓубрето Арнаутович уште кога влезе знаев дека ќе провоцира, особено што знам да читам од усни па се го разбирав, а пцовката после голот no comment. Секако дека уживав, тамам работа, само ете, ме изнервираа некои ситни створови, изгледа многу се внесувам хахах
Ѓубре провокаторско. Многу гаден играч. Многу! Не престана да пцуе. Кој го знае од Вест Хем (@bicycle ) знае колку омразен лик е. Па даде гол, мислиш првенството го освои, се живо и диво ни испцу. Дај боже последен да му е. Идиот. Ајде да ги видиме Украина и Холандија. Мене посебно првата ми е интересна вечерва, да видам Шевченко како ги стегнал. Доста компактно стегната репрезентација се. Според мене поквалитетни од Австрија. Јаремчук и Јармоленко се многу многу опасни играчи.
@Ursi и @Billy Idol не пратам нешто многу фудбал и, ама ужасно ме изнервира што цело време пцуеше и тоа уште пред да влезе се заврте кон Муслиу и го опцу. Конкретно за пцовката од сликата погоре не би да ја напишам, но надолго и нашироко објасни што ќе правел на мајката на играчот ( Алиоски или голманот не сум сигурна, но мислам кон Алиоски беше упатена заради друг збор).
@Billy Idol се надевам последен гол ќе му биде. Ич не го можам копилево, мењав канал кога го гледав, гнида. Се надевам ќе добие некоја санкција за провокациите.
Ај, ај, малку намалете со емоциите Што мисли Алиовски? Ова му е втора лига Чаир и Арачиново, па ќе вади ножеви и пиштол на судија и противинички играчи? Цел натпревар, буквално цел натпревар провоцираше, туркаше противнички играчи, правеше груби прекршоци, а и тој прв го испровоцира Србинот од Австрија, па си доби тоа што си доби - трет гол! Австрија буквално им начука три голови од три напади. Тоа е квалитет на една репрезентација.
Јас или сум ќорава или ти си гледал некоја друга репрезентација. Австријците правеа груби стартови цело време, видоа не видоа нашиве возвратија. Имаа и помош од судија Австријците, едвај свиреше прекршок за нас.
Следен пат оди на очно. Најдобронамерно. Не може а да не се искења некој врз репрезентацијата. Ама такви сме, свое хејтаме туѓо величиме. Шо па знае женско од фудбал, кажи а? Ај одам у кујна, таму ми е место.
Никој не кажа да одиш во кујна и никој ништо не ти кажа да не коментираш, затоа што си жена. Не дефокусирајте со глупости. Држете се до суштината. А, тоа е дека Австријциве реализираа 3 од 5 шанси. Семафорот е 3:1. Се друго е залудно да се зборува. Македонија треба да има уште 2-3 играчи од рангот на Пандев, за да направи поголем исчекор.
Искуството си го направи своето. Имаме добар тим но ни фали искуство. Сепак притисокот е голем за прв пат. Очекувам против украинците по смирена игра. Грешката е во тоа што премногу сме дефанзивни.. Главата горе Македонци!