Сељаков од алиекспрес лига никаде не мрднал. Во Европа би греел клупа,а со однесувањето па никој не би го зел. Умре тоа време на вакви играчи,пред 15 год.се вреѓаа вака на национална основа. Трета класа фудбалер.
OK. Ништо не направил. Барди има подобра цена на маркетот од него. Типов е никој и ништо. Не го величајте без потреба. Среќа имаа што нашиве имаа трема и примија килави голови. Ништо повеќе,никаква акција нит игра немаа. Ќе го видиме јунаков со Холандија.
Не знам што не ви е јасно? Фудбалот не е Евровизија. Имало, има и ќе има ситни провокации, инциденти, тепачки помеѓу фудбалери и навивачи. Затоа 90% од публиката се мажи. Тоа и сакаат да го видат.
Нашите изиграа добро и јас сум задоволна што воопшто се пласираа. Повеќе од нас да победат сакаа тие. Од судијата не очекував толкава пристрасност. Австријците играа премногу грубо. И да беа испровоцирани, така не се возвраќа. А не беа. Да бидеме реални. А тој Арнаутовиќ е едно тешко сељачиште. Со пцуење прославува гол. Треба да му се забрани да игра фудбал.
Денеска цела Западна Македонија и делови на Скопје навиваа и славеа за победата на Австрија. Србинот всушност не знаеше колку поддржувачи имаше денеска во нашата земја
Пред да почне првенството, на анкетана горе гласав дека Холандија и Украина ќе ја поминат групата, и сега по ова што го видов во првото коло мислам дека би било штета Австрија да оди понатаму на сметка на Украина. Баш ме заинтересира развојот и разврската тука во Ц група.
Јас реков дека на EURO навивам само за Русија, а симпатиите ми ги освои и Украина. На денешниов натпревар бев тотално неутрален. Сеедно ми беше кој ќе победи.
Добро , и јас навивам за Германија секоја година но, сега дискутираме за Македонија. За германците ќе пишувам утре кога ќе иргат.
Навивале пола Мкд за Австрија. Шо ве чуди, сами ќе се уништиме ние. Кукавме за ЕП сега јадеме трици како требало. Оооо бе, од нос подалеку не виделе, репрезентации они ќе оправат. Дај им топка на полн стадион, нема да знаат да шутнат. Ќе мочнат у гаќи, а ваму вака така требало. Такви сме ние, туѓи ќе величиме свое ќе хејтаме, затоа не не бидува.
Најавено е дека во среда заминува од болница, во четврток дека ќе биде да ги бодри соиграчите на стадион.
Јас разбирам да ги понесе еуфорија и се друго, ама вреѓање на национална основа и било каков друг тип е одраз на некултура. Според мене утакмицата требаше да заврши нерешено, и двете екипи бевме тука некаде, ама искуството(и судијата) пресуди. А овој Арнаутовиќ да беше некое големо играчиште, како што се замислува, не ќе играше во кинеска лига.
Јас не го догледав натпреварот. Ми беше јасно како ќе се одвива, ама затоа почеток со маичето - нашиот дрес на стадионот и публиката која грмеше на цел глас пеејќи ја химната, ми беа доволни да си го наполнам срцето.
Арнаутовиќ: Немаше расистички зборови кон Алиоски... Навистина ме погоди тоа што се пишуваше за мене. Јас не сум расист и никогаш нема да бидам. Провокациите со противниците е дел од фудбалската игра. По мечот застанавме еден од друг и разговаравме и ја расчистивме работата“, рече денес напаѓачот на австриската репрезентација. Денес 3 натпревари. Шкотска - Чешка моментално Полска - Словачка од 18ч и дербито Шпанија - Шведска од 21ч. За кого навивате? За кого типувате? Очекувате изненадување некое?