Си поигруваат од УЕФА. Да го суспендираа и против Украина, ќе поверував во нивната непристрасност по однос на Австријците, вака е казнет симболички и ради реда.
Па, супер поминал! Немам зборови да беше навредениот црнец ќе се кренеше БЛМ, или да беа навредите од наша страна ќе беше баш строго. П.С денес на работа зборуваа како македонските играчи не се професинални фидбалери туку работат нешто друго само така како за “хоби” играат за националниот тим . Овие овде на западот стварно немат појма, затоа не треба да плукаме и ние по нашето доволно не хејтат соседите и други земји.
Со Манчини заврши ерата на италијанското катанаџо. "Доста беше играње дефанзивен досаден фудбал, сега ќе играме офанзивен фудбал и тоа ќе ни донеси резултати".
Овде вришти од пристрасност. Арнаутовиќ не е ништо помалку или повеќе безобразен од Алиовски. Алиовски цел натпревар провоцираше, туркаше играчи и прв го испровоцира Арнаутовиќ, а тоа што на Арнаутовиќ му проработи балканското и дозволи да падне на евтини провокации е друга приказна , но ни начука гол. На крајот семафорот е битен. ,
Денес е голем ден, денес одиме по првата победа. На Крис ќе му биде вметнат пејсмејкер. Денес во десетата минута на мечот Белгија - Данска ќе има едноминутно ракоплескање во чест на Крис.
Многу ме радува атмосферата во Букурешт по тоа што гледам на интернет. Македонски навивачи сплотени со украински навивачи, заедно пејат, се веселат, се сликаат. Убаво е да се гледа еден таков пријателски и позитивен дух. Украинците ни се едни од најблиските наши пријатели и многупати ни имаат помогнато низ историјата. Одамна сме блиску врзани со нив и секогаш постоела таа блискост. Колку сакав и јас да сум дел од цела оваа еуфорија, посебно што пријатели мои се таму и ми пренесуваат дел од убавата атмосфера. Еднаш се доживува вакво нешто за нас, тој адреналин, таа позитивна енергија... Им љубоморам што не сум и јас со нив. Се живо и диво испиле. Од друга страна, иако цела јавност не потценува, и Украина се фаворити, читам доста пофалби и од Шевченко и неговите играчи кои покажуваат енормен респект кон нас. Не третираат како рамноправен противник и сигурно ќе влезат со сите сили на натпреварот. Од друга страна, слични изјави читам и од нашите, кои најавуваат дека утакмицава за нас е со значај на финале. Паа, очекувам и така јако да излезат и срце да остават на терен. Без разлика на исходот, јас сум презадоволен што сме овде, што имам можност во животов да ја гледам Македонија на европско. Кој би сонувал за вакво нешто дека ќе доживее. Возбудата расте уште отсега. Да се биде, или не! Прашање е сега.
Ајде Момци денеска со среќа и памет со Украина. Морада бидеме физички спремни и да бидеме жилави и во напад а и во одбранан.