Нема место за разочарување дечки. Во второто се вративме, покажавме дека сепак можеме. Заслуживме бод, ама тоа е. Главите горе.
Штета!!! Ама ајде малце да бидеме позитивни 2 меча 2 гола, големата Германија а и Турција сеуште гол немаат дадено
Ах и првото полувреме да го одигравме вака, сигурно ќе победевме. Трајковски три одлични топки, од кои во две шанси, милиметри не делеа од гол.
Јас сум задоволна. Сепак е успех и што воопшто се пласиравме на европско. Глава горе момци и следен пат со победа.
Баш ми е жал. Реално Столе е човекот што баш онака не спаси од дебакл, не само за пеналот, туку општо и во претходниот и во овој натпревар. Реални да сме, толку реално ни се можностите, многу подобра игра против Австрија, отколку оваа денес. Без разлика на тоа, убави моменти, убаво е да си ја гледаме Македонија на овие настани и се надевам ќе успеваме да се пласираме, макар и испаѓале по групи
Да не ни беше голманов мислам дека ќе примевме уште најмалку два гола. Секоја чест за Столе❤ Ама, нема врска, се надеваме на поголеми успеси во иднина, важно е да не ги напаѓаме дечките, успех е што се пласиравме и треба да сме горди.❤❤
Денес натпреваров оди на душа на Мрме. Тотално утната формација во прво. Им влеговме килаво, со бранење и чекање на контра или полуконтра. Одбраната поставена високо, за офсајд замки. Е не може така... Не му требаа овакви екскурзии со Николов на десно. И без шпиц. Рекоа ќе влеземе храбро, ама не беше така. Може и така ќе изгубевме, ама барем подруга слика ќе се покажеше. Второ притиснавме. Можевме да дадеме два гола, можеше и да примиме гол, ама барем фудбалот беше убав за очи. Штета што ни е слаба втората постава па ич немаме фудбалери за ротација. Се виде денес Аврамовски кога влезе какви почетнички грешки правеше. Чурлинов позитивно изненади, и треба да го стартува против Холандија. Морам да признаам и дека ни фали Несторовски. Колку и да не е омилен кај навивачите, знае да спушти топка, да загради, да игра со глава. Овака секоја висока топка e на противникот. Елмас ме разочара. Несериозно влезе во утакмицата. Млад е, има време да се искалеми. Огромен притисок беше и на него како ѕвезда во тимот. Со Холандија се надевам ќе играат без притисок, растеретени, и ќе уживаме во мечот без разлика на исходот. Добро е што добивме едно reality-check на овие два натпревари, каде се виде дека сеуште не сме таа класа. Треба уште многу труд и напорна работа за да сме меѓу најдобрите. Разочараност секако постои, иако имавме мали шанси, желбата беше голема за понатаму. Сепак, играа храбро, се бореа и не дозволија декласирање. Јас сум задоволен.