Како не паднавме во друга група... И дај бе нека научат македонски веќе еднаш фудбалериве, на што личи ова! Горда сум на Македонија без разлика на се, стигнавме до Европско, така да сите останати нека не гледаат и нека кукаат до утре сабајле. Добро ќе беше да победиме барем еднаш. Одиме со последните сили против Холандија!
Е јас не можам да се помирам со тоа “важно е да се учествува“. Следно треба да се навива за таа Австрија против онаа Холандија. Веќе не знам кој ми е поодвратен во групава.
Не е неписмен, разбира македонски. Дечкото е Кумановец каде што се зборува кумановски дијалект, кој е многу поразличен од литературниот македонски јазик, и нормално е да згреши со некој збор или да додаде по некое кумановско зборче, се случува.
Данците како се борат за секоја топка, алал да им е. Нека учат нашиве што значи ,,го оставивме срцето на терен '' Белгициве се изгубија
Леле луѓе, аман, фудбалери се, општо во светов не ги бие глас за најпаметните луѓе на светот, не знам што очекувате рецитал да направат? И другите да ги слушате не се баш многу елоквентни
Дечки бе, министри на Р. Македонија не зборуваат македонски, Талат за инает некогаш не зборува македонски, а не па фудбалерите. Камо само фудбалерите да беа. Тоа е ко некој тренд во последно време.
Очигледно не се разбираме. Погоре беше прашано кога ќе научат македонски, јас се надоврзав и прашав кој од фудбалерите не знае македонски. Помислив дека можеби се родени и растени надвор од МКД па не научиле воопшто македонски, еве не знаев дека зборувате за дека зборуваат со некаков дијалект или неправилен македонски јазик или пак дека знаат ама не сакаат да зборуваат. Аман не ме тепајте одма само прашав и еве пак ќе прашам кој од фудбалерите не знае македонски?
Алиоски е роден и израснат во Швајцарија, Албанец е и тешко му оди со македонскиот, го зборува некако. Додека Адеми е роден и израснат во Хрватска и си зборува хрватски, незнае македонски.