Седи не заебавај. Тие коментари од Кинези кои појма немаат фудбал којзнае каде ги ископа. Нашата држава и онака е тежок блам, фалеше само цела фудбалска Европа да не гледа зацементирани на дното и тоа се случи.
@Isaac Да,да а овие твоите ти што ги прикачи ептен експерти за фудбал се, и многу е важно што ќе кажат тие и никој друг нема право на глас, посебно не моите Кинези ископани од некаде "Зациментирани" на дното сме оти менталитетот ни е слаб и многу ни е гајле што мислат другите за нас
Глупости пишуваш али не би се задржувал. Со ваков „озбилен“ менталитет многу далеку ќе стасаме https://ekipa.mk/shto-se-sluchuva-p...-vo-najluskuzniot-restoran-vo-bukuresht-foto/ После критичарите ќе бидат виновни за петардата од Холандија
Препрчитај си ги мислењата и види колку глупости тресиш ти. Ајт сега Чао, доби повеќе внимание околку што заслужуваш!
Читам последниве страни некако хејтерски ми изгледаат. Знаете кои беа коментарите последните 30 години за фудбалерите? Дрвца, не ги бива, абе ајде тие ли ќе ги гледам, само губат... Па 80% од луѓево не ни знаеја дека се играат квалификации за ЕУРО 2020, додека не обезбедивме пласман. И одеднаш БУМ, цела Македонија на нозе! Па нели е тоа убавината на спортот, да разбуди емоции кај толпа на луѓе? Абе уживајте, гледајте, навивајте, дерете се, исфрлете ја таа негативна енергија од вас. Нели ви идат морници кога се интонира нашата химна? Нели се радувате на секоја одземена топка? Нели врискате на секој постигнат гол? Уживајте во овие 5 минути! И со ниедна победа да се вратат, со сите порази, за мене ова се нашите херои! Видете го Столе како брани, видете како Пандев на 37 години постигнува гол, како Мрме будно ги следи, видете како сложно играат Алиоски, Барди, Елмас, Трајковски, Ристовски.. . Нели ве радува тоа? Не читам негативни коментари, повеќе верувам на Шевченко кој има само пофални зборови на нашите. Rome wasn't built in a day. Нека биде ова почеток и мотив за идните генерации.
Значи типот пребарувал North Macedonia poor, обележани се термините што ги пребарувал на сликата, што да очекуваш повеќе Да ти текне да бараш на твитер вакви глупости Најверојатно не го ни гледа првенството
Абе луѓе сите сакаме да победат ама едноставно ова е прв пат да играме на Европско. Искуството, тимот, организацијата си го прават своето. Сепак далеку од тоа дека не е никакво достигнување, баш напротив фала им што ни овозможија прв пат да ги видиме боите на Македонија на трибините меѓу најдобрите во Европа. Па јас уште како дете се сеќавам со нетрпение чекав да гледам Европско, тоа беше доживување за мене исто и Евровизијата и ден денес е така. Ме поврзуваат прекрасни спомени, лето и забава и баш сум среќна што успеавме да се пласираме, макар биле и најпоследни воопшто не ме засега.
Навивачи на батерии. Патриоти на батерии. Така беше и со кошарката, ракометот, па ќе биде и со фудбалот. Кога има некој помал подем сите се тука за пиење, чаталење, глупирање, сликање. Кога нема успех сите ги снемува. Си наоѓаат нова забава. Погледај странски лиги. И, четврта лига полни стадиони.
Да не закачувам милион скрин, мислам дека повеќе објави видов од Италијански медиуми за Пандев отколку од Македонски. Толку е ценет боже мој и заслужено, како што рече некој погоре толку е одмерен и природен и навистина талентиран и способен. Среќа па заминал од Македонија за да си го гради талентот и кариерата, да бил таму што ќе бил? Какви услови им нуди Мк на нашите преталентирани фудбалери? Италија се гледа од небо колку се залага за фудбал, тоа сите го знаеме. Навистина се фудбалска земја некако. Колку само пати ми рекле, чекај Македонија -Пандев нели?
Селекторот и капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски и Горан Пандев, по вечерашниот натпревар на ЕУРО 2020, против Украина, го прекршиле ригорозниот ковид-протокол. Македонија, вчера доживеа пораз од Украина (1:2). До крајот на првенството, Македонија ќе гостува кај Холандија на 21.јуни. Ангеловски и Пандев, со сопругите, биле на вечера во луксузен ресторан. Моментот го „уловиле“ романските медиуми. Прашање е дали и како ќе реагира УЕФА, бидејќи селекторот и капитенот ги прекршиле ковид-протоколите и го напуштиле „меурот“.
Италија е голема земја. Имаат 10 супер богати клубови со врвни младински школи. Ај да не извадат по некој фудбале. Кај нас, без разлика тоа што сме мала земја, најголем дел од градовите немаат фудбалски клубови, а да не зборуваме за младински школи. Фудбалот е скап спорт, а ние тие пари ги немаме, а да не се лажеме. И, талентот ни фали.
Хрватска - Чешка најинтересен ми е од денешниве, навивам за Хрватска, после Светско од 2018 верувам дека и овде далеку ќе стигнат (иако изгубија од Англија во првото коло) . Англија - Шкотска, Англија е фаворит. Ама секогаш ми се интересни ова британциве кога играат еден против друг. Моментално играат Шведска и Словачка, немам баш некое мислење или очекување, ама типувам на Шведска. Утре некако поинтересен ден ќе биде, групата на смртта игра Генерално кој ви е фаворит за титула?
Секогаш сум за Македонија, но ако не се пласира понатаму, тогаш се надевам на успеси од Италија. Мислам дека таа никогаш подобар фудбал не играла во последните години, имаат големи шанси. За денешните натпревари мислам дека Хрватска и Англија ќе носат победа, ама ништо не се знае, никој не е за потсенување, секој може да изненади.
До последно ќе навиваме за Македонија, едвај чекам понеделник да играме со Холандија ⚽ За Италија и јас сум на мислење дека многу далеку ќе истуркаат ова првенство, добра игра покажаа до сега. И мене ми се фаворити.