Еве ќе го образложам моето мислење. Мислам дека имаме многу подобар тим од некои пред нас, според мое мислење. Знаеме да изненадиме, посебно со победата над Германија. Последниве години играме фантастично. Некои што се пред нас имаат помали шанси од нас и не знам зошто се наоѓаме на последно место, не кажувам дека треба да бидеме во први десет, затоа што реално не сме за таму, ама Австрија, Шкотска со оваа игра сметам дека не треба да бидат пред нас. П.с. Можеби тоа "подучи ме" звучи малку грубо, не ми беше поентата да звучи на негативен начин, туку стварно не знам како се рачунаат овие проценти и кој всушност ја правел листава, ама мислам дека не треба да сме на дното.
Абе битно ние да се исхајпаме и три утакмици да се дереме па све друго понатака е гратис. Еднаш се дешава ова
Леле пуштив на ESPN и ко гледам гостин во студио е Del Piero , тој е причината што сум доживотен навивач на Италија и Јувентус Ќе ги гледате Италија и Турција сега? за кого навивате??
Секако. Еуфоријата е присутна. Се очекува одличен меч. Навивам за многу голови, немам фаворит на оваа. Спремен со пуканки во исчекување на почетокот. Какво грандиозно отварање со Господин Бочели. https://mobile.twitter.com/C_MAlexander/status/1403425122074169350?ref_src=twsrc^google|twcamp^serp|twgr^tweet
Е па таму се пресели, во Америките, малце му беше Италија. Иначе за Италија навивам, мм за Турција. Интересно ни е по дома
Да во ЛА живее и таму ја заврши кариерата. На ESPN ќе коментира цело европско, баш му рече на другите двајца во студиото, вие сте криви што ќе гледам фудбал со вас овде од студио наместо да сум таму во Европа. Кој знае колку е платен
Убав натпревар, 3 убави гола. Прв пат во историјата на ЕП прв постигнат гол е автогол. Судијата требаше да досуди очигледен пенал. Се наежив кога го видов нашето знаме. И да, отварањето беше одлично. Бочели. А официјалната песна за првенството ми е нон стоп на рипит.
И после многу долго време постигнати се 3 гола во првиот меч. Последен пат било на натпреварот Југославија 5 - Франција 4, не запамтив која година.