За мене се веќе ХЕРОИ, ПОБЕДНИЦИ. Иако дојде крај на една убава бајка, јас сум горда и пресреќна што бевме дел од Европскиот крем.
Италија со Австрија ќе играат во нокаут фазата? Уф сакам да ги СМАЧКААТ Австријците особено Арнаутовиќ. Forza Azzurri А за нашите Македонци, им благодарам за оваа незаборавна недела. За еуфоријата, емоциите и незаборавните моменти без разлика на разултатот. Не обединија како никогаш досега Поклон до земја
Од 5 гола на Европсково, 3 ни се поништени, поради офсајд. Иначе, според мене, заедно со Пандев, Столе е најдобар наш играш на првенството. И С К И Н А!
Спојлер: Rant Е сега како што сум емотивна, ќе се испукам тука за нешто што ми лежи на срце цело првенство. Извинете што ќе измешам сѐ живо и диво. Многу, многу ми е криво што изминативе 30тина години полуписмени индивидуи не освен што нѐ донесоа на ова ниво, да живееме во услови непристојни за живот, туку во контекст на темава гледам дека едни убедија во некоја друга, болна дефиниција за патриотизмот, а другите ги убедија дека љубовта кон својата земја е нешто срамно и простачко. И на темава имаше и такви и такви примери и не сакам да ги повторувам одделно. Јас земјата не можам да не си ја сакам. Срцето ми се преполнува од секој успех, од секој одек на химната како на Европсково, од секое развеано знаме. Кај и да одам, јас ќе сум секогаш од тука. Македонија сме ние, секогаш ќе бидеме. И не е нормално да се срамиш од својата земја, можеш да се срамиш од политиките, можеш да се срамиш од условите, ама не и од земјата кај што си се родил и пораснал. Кај и да сме, ок е да ги отфрламе лошите нешта во нашиот менталитет или да го осудиме тоа што не е во ред и да растеме, ама не можам да сфатам како можете бе да не си ја сакате земјата? Како може да ја мразите и да посакувате да не успее? Каква сака нека е, наша е. Нема народ на планетава што се срами да каже дека си ја сака земјата како нашиов. И не ве прави љубовта кон Македонија помалце либерали, не ве прави ни глупи конзерви, зошто тоа нивното е сѐ освен патриотизам. Јас без разлика на резултатот, уживав во цела еуфорија. Цела населба ми е преполна со знамиња, сѐ е црвено-жолто и посакувам секогаш да е вака. Се радувам на улица што гледам цели фамилии во дресови, се радувам на одеците на зградава кога дававме гол. Секако знаевме дека и ова е веројатен исход, што не значи дека е лошо, баш напротив, да бидеме горди што си ја видовме земјата на еден ваков настан. И дружбата на темава беше топ досега, сега очекувам повеќе спротивставени мислења, ама кога ќе се карате кој бил подобар, ќе ве потсетувам дека уствари не е битно кој ќе победи или победил, зошто ни радоста ни тагата за нив нема да е ни приближна на таа како што би било за Македонија
@Celltica потпишувам. Поголема трема не сум осетила како на 13.06 кога цел ден чекав да си ја слушнам химната. Па и си поплакав. Гордост, ма нек се слуша низ Европа па и пошироко, Македонија на Европско!
Медиумите во Италија за Пандев. Наежување на Амстердамски стадион за Пандев Кажува дека е многу горд за постигнување на Европското првенство, дека успеал да ја одведе нашата малата земја конечно на ова првенство.
Без разлика на резултатот, треба да сме горди што воопшто имаме ваков момент во историјата на фудбалот. Иако имав можност да гледам еден натпревар до пола и еден цел, не се нервирав дека изгубија, единствено ме нервираше кога голот ќе го прогласеа за офсајд. Душа ми се полнеше кога видов како селекторот и играчите од срце и со цела душа ја пееа химната
Македонија влезе на Европско заради Лигата на нации, инаку немаше шанси. Од три утакмици, изгуби трипати, очекувано. Ако може да се намали со еуфорија Че ве моЉа.
Све си у право, ама тоа е поентата на Лига на нации, екипа реално послаба да се пласира на ЕП, на пр. Македонија, Естонија, Ерменија, Грузија, Литванија... што во нормални оклоности немаат никакви шанси.