Каква лева страна од костуров, морници ме полазија Жал ми е што не можат сите у полуфинале Ќе пробам да истипувам 1/4 финалиња: Белгија - Италија Франција - Хрватска Шведска - Англија Холандија - Данска И секако, Италија до златото
Со финале против кој? Англија - Германија. Уф, јак натпревар ќе биде, прејак. Ги мразам Германците уште од 2010 година кога играа против Англија и на глупав начин се протнаа Германија во следната фаза. Кој не се сеќава да го потсетам. На Лампард му поништија чист гол. Тогаш сите нерви ги изгубив, сите, до еден. Типувам одмазда на Енглезите, освен ако Саутгејт не се изглупира со составот. Одбраната со Мингс им е загреота. Португалија - Белгија. Навивам за Португалија но секако не ги отпишувам Белгија, доста силна екипа се. Италија - Австрија. Конечно да испаднат Австријците, не ги можам, посебно Арнаутовиќ. Мислам дека Италија е фаворитот во мечот, пресилни се, добро го започнаа првенството. Швајцарија немаат шанси против Франција. Шпанија е катастрофа, не покажа ништо, освен она последниот натпревар. А би сакала Хрватска да помине. Холандија исто така сметам дека има лесен противник, Чешка. Фаворити. Велс и Данска, 50 - 50. И двете екипи ми се симпатични.
Точаче ептен сум пристрасен кога Италија е у прашање, шо да праам посилно е од мене Али ако збориме реално уште не изиграа утакмица со некоја топ селекција, да видиме како ќе се покажат. Така да дур не го видам тоа само желба ќе ми остане златото. Од другите селекции Франција има страшен индивидуален квалитет, ги очекувам у полуфинале. Објективно, според квалитет на играчи Франција- Англија би било очекуваното финалето ама се надевам жабарчињата ќе изненадат
Какви судии, редовни муштерии им се на Швабите Енглезите... од 2.Бундеслига да им пратат состав ќе ги тепаат, ептен комплекс имаат....