Има некој вечер за Белгија што ќе е? Или сама сум? Ви реков јас против ќе навивам повеќе отколку за А не ги сакам Португалија многу
Еве го првото изненадување на Европското (за мене и не баш). Холандија елиминирана уште од старт. Иако јаки на хартија, поради тренерот кој е тотален аматер знаев дека нема да догураат далеку. Ме чуди и во нашата група како извадија 3/3 победи. Браво за Чесите. @Celltica , јас ќе сум вечер за Белгија. Немам симпатии баш за Португалија, а и Белгијците според мене се топ 3 фаворит за освојување на првенството. Ај да не ги подречам, па да се лизнат после.
Изненадена сум од сите натпревари досега. Велс-Данска немав конкретни прогнози, сепак не очекував толку голови во мрежата на Велс. Од друга страна Италија-Австрија, очекував дека италијанците доста полесно ќе ја елиминираат Австрија. И еве сега Холандија-Чешка, бев убедена дека Холандија ќе се пласира и тоа со убедлива победа. За денешниот натпревар Белгија-Португалија, навивам за Португалија, а мислам дека победата ќе ја однесе Белгија.
Jaс типувам Португалија, не дека навивам за неа туку затоа што досега имаше изненадувања па зошто да не и на овој натпревар?
И јас навивам за Белгија, не ја сакам многу Португалија. Холандија беше голем фаворит, но изгуби од првиот посериозен противник.
Ако испаднат Холандија и Белгија во ист ден, најсреќна ќе бидам. Тоа ни во најубавите соништа ми се нема случено.
Eee, ништо. Издишаа Португалците против Франција, паднаа, и сега повторно им се погоди тежок противник. Не беше утакмицата солидна за мој вкус. Кога играа Португалија со Франција беше највозбудливо. Франција игра поубав фудбал од Белгија. Белгијците физичка сила ги вади. Едит - Ама ај да видиме до кога