За денес најдобра опција беше типување на голови. Многу изненадувања и сензации на ова Европско. И уште ќе следат јаки натпревари.
Многу ми е мило за Швајцарија, после се што покажаа на овој натпревар, заслужено ја победија Франција. Мбапе е катастрофа цело првенството како што рече bicycle, знаев дека ќе промаши и ќе изгуби Франција ако тој шутира. Сега слушнав и дека имал изјава дека за брзо време ќе биде во рангот на Меси и Роналдо, па со играва што ја покажа на ова првенство, не би се сложила со него.
Mбапе има да јаде многу фурни леб да биде на нивото на Роналдо, Меси и играчи од тој калибар. Не дај боже да игра у Англиско првенство, има да се изгуби. Утре Англија иде даље. хахах
Рони и Лео се друга планета за сите остали и на овие години, малиов уште треба да се докажува за да се споредува со нив. Иначе утре Немачка иде даље, мора да те разочарам Ако испаднат ќе спамам на темава со гифовите на Лев како јаде гомца
Рајава гнасна ми иде на нерв. Франција кога важеше за фаворит (до вечерва), повеќето демек навивачи ја поддржуваа, сега ги гледам истите исмеваат и се подбиваат, Франција испаднале, никакви биле, дрва, од почеток шанси немале за титула кехехехе. Сите наеднаш поддржувачи на Швајцарија до преѓе не им текнуваше дека Швајцарија игра на првенствово. Вака ако се превртливи за фудбал, можам да замислам за побитни работи кое дно од особи се во прашање. Морав да си кажам што ми пречи, јас инаку навивам за Италија, а Франција не дека не ги бива, туку имаа бледо издание. Подобри се од многу што продолжуваат понатаму и посекако интересно ќе беше да минеа и да играа со Шпанија. Ама сами си се криви, грешките беа во нив, иста вечер и експериментирање, и ладење, и преценување/поточно потценување на противникот. Селекторот поготово утна. То е се.
Утре за Украина и.... ќе навивав за Англија, ама срамота ќе биде со ников затоа никој. Посакувам среќа понатаму на Шпанија, Чешка, Украина и секако, Италија. Кој и да е од нив....
Се изнагледавме финалиња пред финале, сѐ си мислам дека баш последните мечеви ќе бидат тапа. Ама стискам палци да бидат интересни како вчерашните. Хрватска - Шпанија го гледав само продолжението оти бев на работа, а Франција - Швајцарија го гледав. Морам да кажам дека ми е криво за Хрватите, не дека навивав за нив, ама по она што го гледав, машки се бореа. А за Швајцарците немам збор, трчање до крај, алал. А Франција изгуби оти ги потцени Швајцарците, па очекувано беше да бидат казнети вака. Попладне ќе биде интересно, ми е мака што најверојатно нема да можам да го гледам натпреварот во 6.