Многу ми е криво што Мбапе добива многу хејт. На секој може да му се случи. Има 22 години! Дете е! Не дека великани како Роналдо и Меси ги имаат давано сите пенали, лол. Вечер навивам за Германија и Украина.
Малце се преценува детето, а уште многу фурни леб има да јаде за да стигне некои од величините на светскиот фудбал. Не чини кога имаш преголема самодоверба, треба граници и самокритика. Секако дека секому може да му се случи да промаши пенал, а синоќа не докажа дека е баш спремен да се носи со притисокот што го наметнува едно вакво натпреварување.
Mbappe mu treba prostor za da dojde do izraz na terenot odnosno ekipi koi se branat i igraat blok, toj i takvite napagaci nema so da baraat na terenot osven da se borat,ali mlad e i pred nego e golema karijera (koja I veke ja ima)
Ми се смачи од Шпанија, баш сакав да испаднат. Хрватите прилично добро се покажаа, штета што не успеаа да се пласираат понатаму. Unpopular opinion: Мислам дека Чешка ќе имаат предобар пласман.
Разочарана сум во Англиските навивачи. Дерење додека се интонира туѓа химна... Денеска сум неутрална, можеби малку повеќе сум за Германија.
На годините што е сега, и моментално најдобрите на негови години правеле дупло поголеми грешки и дупло помали успеси. Од грешките се учи. А за неговиот труд и успех, од мене за него, капа доле.
Утакмицава мислам ќе оди во корист на Англија. Они сакаат оваква мртва игра, тогаш се најопасни. Сите утакмици вака ги умртвуваат и даваат гол од нигде никаде. Ајде баш да видиме што ќе биде.
Како и да заврши ова, досаден натпревар Стварно кој пиша вчера, "големите" како играат, можевме ние да им парираме