За кого и да навивам губи, ќе си молчам веќе да не ги подрекнам Италијаниве и Данциве Англија има светла иднина со младиве играчи, ама воопшто не ја сакам како репрезентација, не знам зошто. Посебно почит изгубив кон навивачите кпга навредуваа мало дете додека плачеше за поразот на Германија. Украина стигна до четврт-финале каде што поголеми репрезентации не успеаја, штета што понатака не отидоа, ама тоа им е. На Шпанија ова ЕУРО и е најлошо до сега, ја обожавав во времето кога играа Иниеста, Чави, Бускес...ама сега буквално едвај за опстанок се бори. Педри има истрчано најмногу километри од сите играчи оваа година, што е за секоја пофалба, а и најубав е. Италија и Данска чекам финале
Многу субјективни бевме, лоша проценка Едвај чекам декласирање на Шпанија, а после тоа и на Англија. Мислам дека Италија-Англија ќе биде финале, ама да си ќутам најарно, може нешто друго да испадне.
Јас на анкетата гласав само за Украина и Холандија. Македонија никако не очекував да помине групи, единствено се надевав на порази со мала разлика, дека нема да ги полнат со голови, ама ете. @RainBow, @Ketchup, дајте анкета кој ќе ја освои титулата. Уште Италија, Шпанија, Англија и Данска останаа.
Јас сакам Италија и Данска финале ама мислам дека Италија и Англија ќе биде, уствари и не ми е важно кој е другиот противник само сакам Италија да е во финале
И јас гласав за Данска, ќе ми биде многу мило да ја освојат титулата. После се што им се случи, навистина заслужија. Ако не се тие, тогаш Италија.
Кој е одма да се јави на рецепција. @smile:) Исто. Да не им држам баксуз само, до сега добро им одеше.
Многу сум еуфорична цело првенство, само коментаториве ми го кршат филмот, задремани се луѓево Јас да сум, ќе урлам