И јас не ја сфаќам поентата со It's coming home. @bicycle, Германија ми е на исто рамниште со Англија, не зборев за тој натпревар, само дека ќеф ми беше што изгубија. Данска на сите ни ги освои срцата, верувам дека цела Европа синоќа навиваше за нив. Италијанците ги следам од мала, и се гледа дека оваа генерација се солидни играчи, што има големи шанси да освои трофеј, не само на Европско, туку и на Светско. Оштетени се многу со повредата на Спинацола, што се виде на натпреварот со Шпанија. VAR ни јас не го сакам, само го уништи фудбалот и дојде до израз неспособноста на судиите да носат клучни одлуки во одредени моменти. Ако има правда, Италија ќе тепа сред Лондон. Ама реалноста е друга приказна.
@Annath треба смена на судии по првенството. Секаде, у секоја лига. Нови, некои непристрасни. Подобрување или укинување на ВАР. Уште на стартот кажав дека не ми се свиѓаа Енглезите со Саутгејт, ама јбг, одамна навивам за нив. Околу пеналот нз зошто е досуден, ваљда сакаа големо дерби. Штета што не играа ко со Германија, ама па и Италија да победи нема да ми е криво. Сакам да има убав фудбал, секако без контроверзии.
И јас ги симпатишав порано со Лампард, Џерард и остали ама аверзијата према нив не ми е ради некој фудбалер. Ме нервира тој препотентен менталитет, it's coming home е чист пример за тоа. Клечат за blm а свиркаат на химната на противниците, лицемери
Англија и сега има добри фудбалери ама ништо нема да ја смени ерата на Фердинанд, Тери, Френки. Инаку да, типични лајна се, тука се согласувам.
Инаку It's coming home не се мисли на титули, туку затоа што фудбалот потекнува од Англија. Нема ништо спорно во песната. Хумористична е. И ја пејат на секое големо натпреварување од кога паметам јас. Е сега што сите ги земаа на заб, тоа друго е. Препотентни им се навивачите, неписмени, и затоа го навлекуваат гневот. На Шмајхел за пеналот со ласер му светеа. Багра. Инаку одамна си имаат лош епитет. Порано и стално во тепачки учествуваа. Во Франција со Руси се тепаа, со Пољаци... За минатото да не зборувам, за Скинхедите и убиствата што се случувале на стадиони и околу стадиони. Среќа па сега има многу строги правила и безбедно е. Ама пак на дерби утакмици има кошкања пред стадионите. Лондон е најопасен град за живеење во Европа, со најголем процент на криминал. Тоа е таа лулка на човековата цивилизација и демократија. Шлајм.
И ова ли се случи? Не оти Данска заслужи финале само затоа што цела јавност ја мрази Англија, ама судиите требаше да дозволат на пенали да се реши очоболот од меч, без три дена да се дискутираат спорни ситуации. Срамна е ваквата судиска помош. Иако не верувам дека во недела ќе биде така, Италија не е некоја "помалку битна" репрезентација да си играат мајтап со неа.
@Billy Idol Англија НИКОГАШ не била ниту ќе биде лулка на било каква демократија или некој било каков човечки дострел. Може да е лулка на окупација и експлоатација само А за песната да, ок е самата песна, ама мемињата што им ги прават се не зошто ја пеат песната, туку зошто отекоа на твитер дека фудбалот ќе си се врател дома. Буквално ништо друго не пишат освен тоа и некој примитивни твитови кај што сите се гадни освен нив, а уствари они се најгадни Страшно одвратни тим и навивачи.
Па живееме во нивната ера. Еве веќе 500 години како што ја започнаа колонизацијата, они се тие кои што владеат. Секако, САД се, ама они стојат позади нив, и нивната култура се шири по светот, оној западен свет како што ние сакаме да бидеме, му се умилкуваме и го копираме. Во реалноста, тој свет е ваков шлајм невиден.
Мој фаворит беше Франција. Играат добро осмислен, брз, отворен фудбал, убав за око, само без везе изгубија со Швајцарија. Тука му замерувам на Мбапе, но не за промашениот пенал. За пеналот апсолутно беше грешка на селекторот што воопшто го стави него да го изведе токму последниот одлучувачки, кога човекот играше 120 минути во кои се изнапромашува чисти шанси. Му замерувам што кога веќе виде дека не му иде во играта, сепак остана себичен и до крај идеше сам за секоја шанса иако секогаш имаше играч плус што можеше да поентира. Нејсе, веднаш после нив ми беше Данска. Лекција за како треба да изгледа Европски фудбал, без глуматање, без калкулации, со отворена тимска игра и влегување во секоја утакмица како да е финале. Поени плус поради психолошката цврстина што ја покажаа за да се вратат со последната утакмица од групната фаза и после да газат на осмина, четврт и полуфиналниот натпревар. Полуфиналево го играа одлично и се единствените кои ги одведоа Англичаните во продолженија, што кажува многу за нивниот квалитет. Мислам дека избрзан потег беше само тоа што селекторот прерано ги замени Дамсгард и Долберг. Дечките се покажаа на цело првенство извонредни, а како што забележав немаа проблем со некакви повреди или пак самите да бараа замена поради х причини. Да останеа во игра, мислам дека Данците ќе имаа подобри шанси за победа со само 90 минути. Несреќна околност беше автоголот, но дефинитивно натпреварот го заврши слепецот судија со неправедно досудениот пенал. Не смееше да си дозволи да стави конечна црта при сомнеж за исправноста на одлуката, па посебно на чекор до пенали за кои ако ништо друго ќе беше среќа и подобар голман во прашање. Треба да крка казна за вакво контроверзно судење. За финалето што да кажам, освен дека ќе биде една театарска претстава наместо фудбал. Да сакав да гледам драма, ќе навивав и за Шпанците и за Португалците. Не ги сакам ниту едниве, ниту другиве што се во финале. И двете екипи калкулираат, тактизираат, симулираат непостоечки фаули и секако Англичаните се кралеви на умртвена игра до в корен, до толку да ти се одмили животот. Премногу среќа со судиски одлуки и бам ју ар дер, д трофи ис уан степ оуеј. Сепак, кога веќе е вака, ќе навивам за Италијаниве да ги збришат Енглезиве на сред Вембли. Не ги можам заедно со Вилијам, краљевството, медиумите и сите нивни фанови у пм. Фала. Чао. За мене остануваат победници Данците, ме освоија начисто и едвај чекам Светско идна година за да ги гледам и навивам пак. Инаку како што остана само уште финалето, ми иде она познато чувство како после завршување на добра серија. Не знам што понатака со животов после првенствово. Ќе ми фали фудбалската еуфорија.
И за мене беа фаворити број 1. Не дека навивам за нив 15+ години, но индивидуално, стварно не може никоја репрезентација да се носи со нив. Но, како по обичај што прават, после секој голем успех, наредно првенство флопнуваат јако затоа што ретко може да се држи дисциплина помеѓу толку ѕвезди. Така беше случај и сега. Мбапе и Гризман не се сакале, се карале. Мајка му на Рабио, за која надалеку се знае каква е, се испотепала со фамилијата на Погба и Мбапе. Погба се испокара со Павард. Итн. Итн. Вака неуспехот е загарантиран. И баш тоа им се случи.
Завршницата стварно требаше да ја пренесат на неутрален терен, на пример во Баку, како што се предлагаше, оти господата актуелни домаќини влегоа во филм и спремни се по секоја цена да дојдат до титула.
Цел форум vs. @bicycle. @bicycle да си резервираш карта за Македонија во сабота, не е арно ко поддржувач на Англија, да бидеш во Италија тоа време.