Англија нема никаков систем на игра нити воиграност, Италија во споредба е поим за цврстина, тактика и постојаност. Англија сношти едино самоуверено започнаа, веројатно поради навивачката атмосфера и чувство. Имаат некој тим релевантен на хартија, кој на терен знае да биде таков очобол и сафра.... Јас немам ништо против Англичаните и не го делам мислењето на повеќето дека се арогантни, дивјаци и не знам што. Поголем џган на Балканов живее него ли во Англија. Од лично искуство, луѓе од Англија биле едни од најкоректните, а како им беснеат навивачите не ме занима, такви испади има насекаде. Ама англискиот фудбал ми е многу селски и мртов за око, никогаш сум го нејќела и не ми е јасно како има луѓе кои сакаат островски стил на игра. На големи првенства кај што се остаени сами со своите можности се докажува дека не го бива. Финале само дома можат да играат, а некогаш не го можат ни тоа. Јас сакам да гледам фудбал од југот, од кај што се знае дека произлегува најдопадливата игра. Ајт.
Пресреќна што Италија го понесе трофејот. Сосем заслужено ги добија. Од друга страна она што се случувало пред и по натпреварот на улиците во Англија и по социјалните мрежи само покажува зошто и финале им беше премногу. Сета препотентност, намќорство, расизам, лудило, агресија, дивјаштво на виделина. Фудбалери на кои им е мака да честитаат победа, такви кои пред очите на целиот свет веднаш ги вадат медалите, навивачи кои скандираат пцовки и исвиркуваат туѓи химни, такви кои фрлаат флаши кон противнички гол, оние кои светат со ласер во очи на противнички голман, тие кои инстантно го напуштаат Вембли не покажувајќи ниту трошка почит кон играчите на противниците додека се прославува, оние кои тепаат, плукаат, навредуваат на сите можни основи, такви кои оставаат ѓубре позади себе за кое и три дена се малку да се собере и се способни да демолираат и уште остана да се испоубијат меѓу себе. Да му се згади на човек кој тоа има моќ во светот, кој проповеда култура. Уште 55 години да не видат трофеј.
Роналдо ја добил наградата за Top Scorer на ЕУРО. Го обожавам човеков, ама мислам дека Шик ја заслужи наградата, имаа исто голови, Роналдо даде 3 од пенал а Шик ги даде сите од напаѓачка позиција.
https://www.quotidiano.net/sport/ca....6582347?utm_source=upday&utm_medium=referral Дојдов ова да ви го покажам. Се расплакав.... јас па... милион емоции во себе Пречекот на фудбалерите во Рим, во влада... говорот химната итн... Потоа одат со откриен автобус по Рим
Ми фалии шампионатов Само празнина остави зад себе Навистина ме фати некоја летаргија, меланхолија....многу ми е мачно. Светското дури во ноември 2022 Каша попара ќе стане распоредот во националните првенства
Ќе се отвaра тема за Олимпијадата? Мислам @ane.bella пиша поназад за ова. Јас никогаш не сум ја прател премногу и не сум во тек, па ако има некој поупатен, нека отвори.
Другите се само спортови. Фудбалот е повеќе од тоа, ништо не може да замени еден фудбалски собир на најдобрите Најубавите спомени во животот ми се поврзани со фудбал.
Има уште 10 дена до почетокот на олимписките игри, ќе биде интересна дружба ако некој отвори тема. Би отворила јас но некако слабо ме бидува за вовед, па затоа нека отвори некој друг, Please Пошто оваа тема е за фудбал еве кои земји ке се натпреваруваат, ептен јако ќе биде i can't wait Men's Olympic Football Tournament Tokyo 2020 (fifa.com)
уствари фудбал е само спорт, поише од спорт е Ф1, мотоГП, покрај спорт треба и инжењеринг, аеродинамика знаење да се направи машина, колку е потешко да се издржи една трка психички и физички, да не збориме. на фудбал ке ги допрат малце се виткаат 5 мин, тука со 300км на саат се дешаават судари...
Од тој први мај кога загина Аиртон Сена, јас не можам да гледам мото спортови. Иако бев дете, го паметам судирот, уште ми е пред очи сликата. Оттогаш мотоспортови не сакам, не гледам, немам желудник за нив. Он топик, уште слават Италијаниве, ех да сум сега во Италија... За Олимпијадата не знам дали ќе ја гледам, ама ќе следам пливање, тоа ми е фејв спорт од олимписките, тука некаде и атлетиката. Не ни може во Катар да биде во јуни, јули, ќе поцркаат играчите. И сега на шампионатот се прекинуваа мечеви за да се изладат и да можат да трчаат, не можам ни да замислам колку е жешко во Катар сред лето.
Штом мислиш така, можеш да ја активираш темата за ф1.... ама и ти си на оваа заедно со пола форум. Инаку сметам дека фудбалот на највисоко ниво бил во 90-те што се однесува до жар на игра и компетитивност, штета што не го фатив тоа време без пелени и цуцла. Тоа е јасно како бел ден, Катар си ја купи организацијата и ќе гледаме скратен предновогодишен турнир. Идното ЕУРО 2024 ќе се одржи во Германија, а Светското 2026 во Северна Америка (Канада, САД и Мексико, најважните натпревари ќе се одиграат во САД) Светско 2030 најверојатно ќе се организира во Северна Африка (Мароко) или на Пиринејскиот полуостров (Шпанија и Португалија со заедничка кандидатура)