Барав по другите теми,не можам да најдам.Доколку сметате дека е дупла или треба да се премести некаде,слободно. Секаде по светот,па и во Скопје,во подем е бизнисот со организирање на настани и се смета дека овој бизнис во иднина ќе биде уште поразвиен и доходовен.Би сакала да слушнам мислења и искуства од вас.. Повеќе ме интересира бизнис секторот т.е организирање на деловни настани,конгреси,семинари и слично,бидејќи кај нас организирањето на свадби,крштевки и разни свечености обично го преземаат цвеќарите или самите клиенти си организираат.Дали знаете каде се одржуваат обуки,семинари и секакви подготовки за овој тип на организирање на настани,колку би било исплатливо и профитабилно во помалите градови низ земјава и кои се инвестиции се потребни за почеток?
идеата за бизнисот ти е супер само што во нашата државичка не знам колку може да се развива и да се профитира ,инаку јас имам искуство со јавен повик од невладини или таков вид на организација,се уште ме немаат исконтактирано ми рекоја после празниците тоа за организирање спортски активности ако добијам други информации ќе пишам пак,сакав да ти кажам дека има тимови кој што работат на идеата