Everybody Hurts...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Boyfromtown, 13 април 2010.

  1. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    90
    Sometime.Ужасно е тоа кога нас можат да не повредат некои мали ситни неважни зборови и таа како наизглед ситница може да продре длабоко во нашата свест,душа ,а остава длабоки траги по нас.Мислите ли дека постојат рамнодушни,незаинтересирани,непордуховени личности на коишто ама баш ништо неможе да ги растажи коишто немаат сочувство со туѓата болка,среќа,коишто ништо неможе да ги спушти долу,коишто туркаат напред без опрезност и слично.Дали мислите дека такви те луѓе се само пред јавноста Ахил,а внатре во себе и тие имаат тажна приказна и моменти коишто можат да ги растажат.Дали сте имуни на тагата,болката колку една ситница може да ве повреди?Што мислите за луѓто што немаат никакво перде на јазикот што можат се и сешто да шљапнатн некому дали и тие би се чувствувале инфериорно кога истото и нив некој би им го кажал.Дали секој човек крие тажна приказна во себе и секој човек потклекнува на предизвикот кога тогаш или ..............
     
  2. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    256
    navistina e uzasno koga i mala sitnica (zbor) moze da ne povredi no toa e toa. ne postojat luge koi "nisto" ne moze da gi rastazi, sekoj vo sebe krie tazna prikazna,toa e fakt. i mene mi se slucuvalo da povredam nekoj (nenamerno) so nekoj mal zbor,ama za nea/nego golem udar, i mene me povredile na takov nacin. no koga e nenamerno (zavisi, mozam da zamislam koj go rekol toa,dali e namerno ili ne) iako me povreduva ne i posvetam tolku vnimanie :)
     
  3. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    167
    Секој во себе носи тажна сторија.Тоа е факт.Тие што се прават дека ништо не ги боли,всушност се најповредени.Јас се кажувам в лице и после тоа ретко ми е жал за тоа и сакам в лице се да ми се кажува.Повеќе ме боли кога случајно дознавам отколку кога ќе ми плеснеш се во фаца.
     
    На vilda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Shelea

    Shelea Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    14.480
    Гледам дека REM се инспирација за темава :) Ќе бидам кратка и јасна.
    Секој е несреќен и среќен на свој начин, и така и го покажува тоа. Некому болка му претставува тоа што нема нови чевли, некому тоа што нема што да јаде дента.
    Зависи од мноштво фактори што и како ќе те здоболи, каква траума и последица ќе остави, и дали ти како личност си доволно духовно и емотивно силен да го издржиш тоа и да не го претвориш во гнев и омраза кон светот.
     
    На teletabis4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.702
    Познавав еден на кого не му беше гајле. Мерсо се викаше. Татко му Ками се презивал...
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    Постои секаков тип на луѓе,дека има такви кои што не сочуствуваат со болката,тагата на другите луѓе,има и тоа многу.Стварно незнам и се чудам зошто се такви,нормално и вистина е дека нешто во животот ги повредило,а пред јавноста се прават силни,па поради таа психичка повреда,повредуваат и други со цел да им вратат или да го почуствуваат тоа што тие некогаш почуствувале болка.Според мене мислам дека тоа некако автоматски им оди,потсвесно и го прават тоа,доволно е и само да ти помислат нешто лошо,а најмногу да ти направат лошо,да те повредат,секој човек бил повреден на одреден начин,некој на некому враќа,а некој пак не.Само што на таквите луѓе не им е јасно дека се проѕирни во своите зборови,дела,мислат дека другите незнаат,знаат и тоа многу добро,само некој е свесен,а некој не,има и такви кои што си ги остваруваат своите цели без разлика на тоа што мислат или што чуствуваат другите.Незнам и не разбирам како можат така да прават.
     
  7. Braveheart

    Braveheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    87
    :y: ...а го викаа Албер.Наскоро се оженил, но тоа и не е толку важно. Хехехе, ме фасцинира ликот.Закон е!

    Секој има слаби точки.Бесчувствителноста е само маска која сите понекогаш ја носиме.Не постои човек без емоции.
     
  8. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.674
    За жал некои луѓе прават многу ужасни работи само од своја корист.Дофрлуваат разни зборови,а притоа не размислуваат како другите би реагирале на истите.Мислам дека раната направена со нож може да зарасне многу побрзо одколку раната направена со еден збор,таа ќе остане засекогаш,па макар и да зарасне останува лузна која не се заборава.
    Сите сме луѓе,составени од крв и месо,со едно срце и со чувства и затоа мислам дека нема човек кој неможе ништо да го растажи,колку и да се труди да ја избегне тагата.
    Не сум имун на тагата и на болката,ја чувствувам во секој ден,секој час... во секоја минута и секунда.На никого неможе да му биде животот како една права линија... мора да има по нешто што секој човек го прави да се почувствува тажен и да ја почувствува болката.Можат да ме повредат многу ситни реакции кои најчесто остануваат незабележани од околината бидејќи несакам да кревам врева за една работа која за нив е само ситница и незначи ништо бидејќи не разбираат колку ме повредиле.Грешката е до мене меѓутоа таква сум...
    Има многу луѓе кои незнаат кога им е доста и устата им е побрза од мозокот,меѓутоа устите на таквите луѓе неможат да се затворат...Сигурно не биле во ситуација некој на нив да им исфрлува разни навреди и коментари,меѓутоа тркалото се врти.Се се враќа и се плаќа...
     
  9. WildAngel

    WildAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    100
    :y: :y: :clap: :clap:
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.267
    Допаѓања:
    36.376
    Секој пати поради нешто, но тоа или го покажува или не го покажува. Не постои никој кој не бил повреден или не дозволил никогаш да биде повреден. На секого му фали нешто во животот.
    Мене и кога ќе ме повреди некој со збор или со дело, јас тоа не го покажувам јавно. Исто кога сум нервозна знам да кажам многу работи и да повредам некој, ама после тоа следи каење нормално. Е сега повеќето пати ми простуваат, ама не секогаш.
     
  11. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.646
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    не сите сме надарени да искажуваме емоции
    ние луѓето сме создадени да патиме на овој или оној начин не гледам причина јасно да се изкажува болката и незадоволството кога знаеме дека тоа храни нечие его
    но битно ...Everybody Hurts... :)
     
  12. tinnalove

    tinnalove Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Everybody is going to hurt you , that's the truth .You just gotta find the ones worth suffering for .-Bob Marley :)
     
  13. CherryBerry

    CherryBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2010
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    51
    Во ред,има луѓе што не искажуваат најдобро емоции,па и јас многу често сум таква.Но рамнодушни луѓе кои не погледнуваат подалеку од нивниот нос,е тоа веќе ме иритира премногу.Никогаш,ама баш никогаш немам кажано нешто со цел некого да повредам.Ама је*и га таков е животов.Џабе јас се трудам да не навредам некој кога секогаш ќе се најде некој кретен кој не само што тропа непромислени глупости па уште ќе цели со нив да те удри каде што најмногу те боли.
     
  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.456
    Чувства имаат сите, а секој различно одговара и реагира на околината. Сите сме биле повредени, не еднаш, не два пати, туку многу пати.
    На различни нешта, реагираме различно, чувствувам различна болка.
    Некои се поемотивни и повеќе го покажуваат тоа, други пак сакаат и да прават драма, трети? -Третите се ладни. Налик ништо не може да ги кутне што би рекла баба ми, а во себе сепак, имаат чувства, чувствуваат болка и искусиле тага.
     
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.689
    Сите сме различни. Некои ги покажуваат чувствата, некои не. Но тоа не значи дека ги немаат. Многу често баш оние кои се цело време насмеани, во себе кријат тажни приказни. Но едно е факт-сите имаме чувства.
    А зборот боли повеќе од физичкиот удар. Многу повеќе. Не ги оправдувам оние кои постојано кажуваат непромислени работи и со тоа ги повредуваат другите. Признавам, и мене ми се има случено неколку пати, но потоа се каам, се извинувам и настојувам да не ми се повтори.
     
  16. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    1.740
    Допаѓања:
    2.798
    Пол:
    Женски
    Сите сме биле повредени, некои помалку,некои повеќе.. затоа и сите имаме чувства секој различно ги искажува,некој па и воопшто не ги искажува.. секој кога тогаш, на ваков или онаков начин ќе те повреди но ние самите ќе треба да одлучиме за кого вреди да патиме !
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. jEwElRy

    jEwElRy Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    188
    Чашата се полни со посериозни проблеми, а јас ги истрпувам, ама некогаш и една ситница да успее да ја прелие чашата, час ќе се испукам за се’. Бегајте ми од пред очи во тој момент. :x