Што мислите за овогодинешниот exit,ви се допаѓаат ли гостите тие 3 дена,што мислите за новиот sie dance во будва кој е всушност продолжение?Што мислите за цените на влезниците,кампот и слично?Ќе оди ли некој од вас??
Да, баш е супер фестивалот. Ќе врие од наркомани и травари, а на локалното население ќе им се крева косата од гадни хипици и неперотини од сите страни на светот. Прекрасна глетка.
Со оглед на тоа што оваа година прават се` за да ја задржат титулата на најдобар европски фестивал (иако мислам дека е многу нефер спрема Зигет и нивниот ужасно добар лајн ап), имаат добра организација, ама не и изведувачи. Некако им се веќе видени и неприкладни за Егзит. Масимо Савич и Тамара, што да дискутираме повеќе. Цените се прикладни (во средина на декември беа уште поевтини). Јас ќе одам само на sea dance во Будва. Лајн ап-от не е ништо посебно (освен Џамирокваи, Андерворлд, Маас и уште пар изведувачи кои вредат), ама искрено мене најмногу ми е за плажата, плус кампот е отворен 7 дена така што ќе си истерам цел одмор. Единствено сум скептик во однос на безбедноста со шатор, мислам дека немаат сејфти локерс, а и башка што никој не сака пијани англичани да му се убацат во 8 сабајле. Како и да е авантурист сум по природа, така што верувам дека ќе има добра журка.