1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

F.C. Internazionale Milano (Inter)

Дискусија во 'Спорт' започната од Virus997, 27 април 2012.

  1. Virus997

    Virus997 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    66
    ФК Интернационале Милано или почесто именуван како Интер, е италијански фудбалски клуб од Милано. Формиран на 9 март, 1908 година откако се случил раскол во Фудбалскиот и Крикет Клуб Милан, сега познат како АЦ Милан. Група Италијани и Швајцарци (Муџани, Босар, Лана, Бертолони, Де Олма, Енрико Хинтерман, Артуро Хинтерман, Карло Хинтерман, Пиетро Дел’Оро, Уго и Ханс Ритман, Фелкел, Манер, Виф и Карло Андруси) кои биле незадоволни од доминацијата на Италијаните во Милан, се одвоиле од тој клуб, што довело до креација на Интернационале. Уште од почетокот, клубот бил отворен за странци што му дава значење на неговото име. Оригиналниот прекар на клубот на италијански бил La Beneamata (Ла Бенеамата), Галеници.

    Интер го освои своето прво Скудето во 1910, а второто во 1920 година. Капитен и истовремено и тренер на првиот златен тим бил Вирџилио Фосати, роден во Милано и брат на Џузепе Фосати (кој го освои второто Скудето). За жал Вирџилио Фосати загинал за време на Првата Светска Војна.

    Во 1928, за време на ерата на фашизмот, Интер бил принуден да направи фузија со Унионе Спортива Миланезе и да го промени своето име во Амброзиана СС Милано, а дресовите биле променети од сино-црни во бели со црвен крст, кој го претставувал грбот на градот. Во 1929 името било променето во А.С. Амброзиана. Ова не им се допаѓало на навивачите кои и понатаму го извикувале името Интер, па во 1931 името било променето во Амброзиана-Интер. Клубот ги освоил титулите во домашното првенство во 1930 и 1938, потоа го освоил првиот Куп на Италија во 1939, редводен од големиот Џузепе Меаца, по кој подоцна ќе биде именуван стадионот. Во 1940 освоена е петтата титула, а подоцна клубот си го враќа името ФK Интернационале Милано, кое го задржува до ден денес.

    Во годините после војната, Интер го освои своето шестто Скудето во 1953 и седмото во 1954 година. После освојувањето на овие две титули, за Интер следуваше период кој со златни букви е запишан во неговата историја, влезе во ера позната како La Grande Inter (Ла Гранде Интер), Големиот Интер. За време на овој златен период, клубот под водство на аргентинскиот стратег Хеленио Херера стана 3 пати првак на Италија во 1963, 1965 и 1966 година. Најважните моменти во оваа декада ги вклучуваат двата едноподруго триумфа во Купот на Европските Шампиони. Во 1964 година, Интер за првпат триумфираше во ова најсилно натпреварување, победувајќи го во финалето славниот шпански клуб Реал Мадрид. Следната сезона, играјќи на нивниот стадион, Џузепе Меаца, Интер по вторпат го освои Купот на Европските Шампиони победувајќи ја португалска Бенфика. За време на овие славни денови, многу големи играчи го носеа црно-синиот дрес: Луис Суарез, Џакинто Факети, Сандро Мацола, Анџело Доменгини, Марио Корзо. Сопственик и претседател на клубот беше Анџело Морати, татко на денешниот сопственик. Тој понуди огромна сума на пари за да ги купи Еузебиу и Пеле; двајцата се согласија да играат за Интер, но политиката замеша прсти. Воените диктатури во Португалија и Бразил одбија да ги регистрираат трансферите, со што обидот на Анџело Морати за Дрим Тим пропадна. Во 1967 година, Интер загуби со 2:1 во финалето на Купот на Европските Шампиони од шкотски Селтик.



    После златните шеесетти, Интер успеа да го освои своето 11-то Скудето во 1971 и 12-то во 1980 година. Вторпат во пет години Интер беше поразен во финалето на Купот на Европските Шампиони губејќи 2:0 од Ајакс на Јохан Кројф во 1972 година. За време на седумдесеттите и осумдесеттите, Интер двапати триумфираше во Копа Италија во 1978 и 1982 година. Освои ново Скудето во 1989 година.

    Периодот потоа до 2006 година е познат како „тешки времиња“ за нероазурите. Во овој период Интер никако не успеваше да дојде до титулата, но многуте сомнителни случувања во Сериа А придонесоа да избие скандалот познат како „Калчополи“, по што на 4 клуба им беа одземени бодови а Јувентус беше казнет и со преселба во понизок ранг.

    Сепак, во овој период Интер успеа дури три пати да го освои Купот на УЕФА и тоа против Рома во 1991, Казино Салцзбург во 1994 и Лацио во 1998, а уште еднаш играше во финалето но го загуби двомечот против Шалке по изведување на пеналите.

    Периодот од 2006 наваму изминува во тотална доминација на Интер на апенинскиот полуостров. Клубот нанижа вкупно 5 титули во Италијанската серија А со што го израмни рекордот на Јувентус за освоени 5 трофеи едноподруго. Сезоната 2009-2010 ќе остане запишана како најдобра во историјата на клубот. Во оваа сезона Интер успеа да стане првиот италијански клуб кој го освоил треблето односно Италијанската лига, Италијанскиот куп и Лигата на Шампиони, а исто така ќе биде запишано и дека Интер е првиот клуб чии играчи биле единствените носители на награди во лигата на шампиони, односно Жулио Цезар за најдобар голман, Даглас Маикон за најдобар одбранбен играч, Весли Снајдер за најдобар играч од средината и Диего Милито за најдобар напаѓач, Милито ја освои и наградата за најдобар играч во лигата на шампиони.

    Сезоната 2010-2011 ја донесе светската круна во рацете на Интер. После победата над Мазембе во финалето на светскиот куп, Капитенот Хавиер Занети по петти пат истата сезона крена трофеј, овојпат светскиот со што Интер стана најдобриот Италијански клуб кој освои најмногу трофеи во една година. Исто така победата во купот на Италија на Интер му донесе два трофеја, едниот за купот а другиот кој за првпат се додели односно купот во чест на 150 годишнината од обединувањето на Италија.
     
    На Ligavka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ligavka

    Ligavka Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    88
    Браво Virus конечно на некој да му текне да отвори ваква тема :) ... I love Inter :l: :up:
     
    На Virus997 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Virus997

    Virus997 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    66
    Мој човек :) :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
     
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Maxymous

    Maxymous Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    70
    Иако италијанскиот фудбал не го сакам зошто е премногу спор и монотол сепа кај мене се издвојува Интер како фаворит :)
     
  6. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    3.112
    Пол:
    Женски
    Always in my heart ! I love you Inter <3 <3 <3
     
  7. Somnitelno-Lice

    Somnitelno-Lice Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    248
    На doll.a му/ѝ се допаѓа ова.
  8. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    3.112
    Пол:
    Женски
    Со парите на Кастаињос Интер го купува фудбалерот на
    Барселона,Ибрахим Афелај!

    Ај би требало добро да се покаже :)
     
  9. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Интер е еден од најголемите лузери на светскиот фудбал кој благодарение на две работи се искачи на врвот на Европа. Тие две работи се аферата Калчополи и Тренерот Жозе Мурињо. Долго време Интер немаше титула и немаше да има доколку не беа овие две работи. Јас им порачувам на фановите на Интер да го сменат клубот оти титула во Лига на Шампиони повеќе нема да доживеат
     
  10. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    3.112
    Пол:
    Женски
    Нема зошто да мењаваме клуб и последен да биде секогаш ќе навивам за Интер зошто од 6 години сум си за нив а иначе Интер има осовено и друга титула во Лига на Шампиони кога не бил Мурињо тренер ;)
     
  11. GazdataodParencoJR

    GazdataodParencoJR Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    40
    Слабо нероаѕури на форумов, а ?

    Групата на Интер во лигата на европа

    1. Интер
    2. Рубин Казан
    3. Нефчи Баку
    4. Партизан

    Ќе се оди во Белград .. :D :)

    Forza Inter! :l:
     
    На Ph0enix му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dannyella

    Dannyella Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    17
    Единствената љубов за која не се каам !!! ИНТЕЕР ... Мурињо освои со Интер се што можеше да се освои , ќе го чуваме во нашите срца ... Сега е на ред Страма да покаже што знае !!! Nel bene o nel male c'e solo INTERNAZIONALE !!!!
     
    На blond, Ph0enix и GazdataodParencoJR им се допаѓа ова.
  13. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Ми се допаѓа овој подмладен Интер, и се надевам дека во Страма се крие млад, амбициозен тренер кој ќе ги постави темелите кон нови успеси во годините што ни доаѓаат. Засега ми се допаѓа Интерот под негово водство, само ме загрижува што оваа сезона веќе три натпревари во серија немаме победа на домашен (два во Лига Европа и неделата со Рома). Исто така, Милито не би го играл во први 11, многу е неконстантен и премногу се коцкаме со него - попрво би го ставил Паласио. :) Исто така, очекувам многу од Касано, само да не не’ „кошта“ секој натпревар една принудена измена, поради неговата неможност да одигра 90 полни минути од натпревар. :worried:
    Резервиран став имам и за Силвестре (дефинитивно најслабата алка во минативе 4-5 натпревари), но и Гуарин (страшен потенцијал, но и очекувана себичност - ќе треба многу да работи на тоа).
    Сепак, сезоната е долга и очекувам низа типични (нервни, но се надевам со позитивен исход) Интер моменти. :lol:
     
  14. Dannyella

    Dannyella Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    17
    Милито исто така го постигна својот максимум во Интер ... Време е малку да ни се одмори Принцот ... За Лига Европа не е земен Рики Алварез ... Машинатаа нашаа ... штета што имаше повреда ...
     
  15. GazdataodParencoJR

    GazdataodParencoJR Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    40
    Јас би играл со Касано и Кутињо како напаѓачки крила, а во шпицот Родригито .. :)

    Лонго е страшен потенцијал, веќе даде гол за Еспањол во Шпанија и тој е идната 9ка не Интер.

    Милито после 20 минути дише на шкрги, дефинитивно не е фит за игра ..
     
  16. Dannyella

    Dannyella Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    17
    Експериментира Страма сеуште ... Али ајее има време уше не е касно ... Само да не се заборави ...
    Патем , еве ни го Моооооу на МТВ :*
     
  17. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Добра беше синоќешната утакмица. Голот на Милито ептен ми направи ќеф. А пак кога ја пропушти втората топка, за да ја добие Kасано мх мх, милина.
    Само вака да продолжат со победи.

    Туку ќе одите во Белград на 8 Ноември?
     
  18. GazdataodParencoJR

    GazdataodParencoJR Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    40
    Супер натпревар синоќа, се согласувам ..

    Ханда супер бранеше, не извади од :swear: самите што си ги напраивме .. :clap:

    Што се однесува до болдираното .. Ако даде господ и ако е се според план, па би требало :)
     
  19. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    3.112
    Пол:
    Женски
    Честито победа на сите Интераши !!!

    Јееееееее најјаки смеееееее :)
     
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Јас морам да ја прашам Блонд, како беше на вчерашниот натпревар во Белград (ако отиде)? :)

    Можам само да замислам кое возбудување е да го гледаш тимот за кој навиваш во живо. Јас ќе ги чекам во Скопје да дојдат. :D

    Драго ми е што се подобри и подобри, Паласио е одличен, Ханданович исто, ма само нека продолжат. Со Аталанта е следната, се очекува уште една победа со оглед на формата.