Не, не ве молам. Сега најинтересно е сабскрајб! Сега е во мода менење на годината на раѓање за да се над 18 години, и да можат сите машки да кликнат сабскрајб. Па нели, кој има најмногу е фаца
Морав да реплицирам, ама навистина морав.... А зошто те нервираат мажени жени кога ставаат слики, еве и јас имам на ФБ. слики од одмор, и тоа од сите одмори си ставам слики па и цели албуми.... на некои сум сама баш по купаќи, на некои со другарките, на некои со ќерка ми или мм. Што те нервира толку баш ме интересира ....јас не ги ставам сликите за лајкови, онака сум ги ставила ...во почетокот ми беше интересен ФБ. па ставав слики, сега не ми е, па чат-пат ќе ставам некоја сликичка колку да сменам профил слика. И не, не се правдам и не се објаснувам, само не ми е јасно што е страшното, грдото и невкусното во мажена жена во купаќи. Мислам стварно не гледам ништо лошо и страшно во тоа што сум се сликала во купаќи, или ај сега се омаживме и да се забулиме.....ако Марамке ова не е хејтање, тогаш не знам што е. И да не бидам офф топик, ќерка ми да стави вакви слики и да ја прогласат за револуционерка на неделата има во весник од неа да се откажам....и ако оваа (горе наведената Јованоска) е модел и ако вака сака да се пробие нашла погрешен, ама ептен погрешен начин. И право е Росонерка, барем за Плејбол нека се сликала ќе си земела евричи, а вака ниТо, нада....само е хејтана.
Море мажена жена во купаќи ќе сварам (без разлика дали има добро тело или е буцкаста) ама мажена жена во секси долна облека и слика на ФБ Можеби има отворени бракови каде сопружниците се рекламираат по Фб као ,,види цице,, ,види тело,, ,види дупе,, и утре ќе биде родител Со овој начин на помодарство на рекламирање ако може така да се рече е простаклук на кило, неписменост и без морал. Таквите не се достојни ни за коментирање а не па за др.ање од страна на машката популација (си има др. стручна литература за тоа ). Да ги има, ги има, на жалост толку памет носат и се гордеат со ,,својата слава,, јадно.
Девојкава изгледа евтино, не секси. Треба да ми фали нешто за на интернет да си ја рекламирам мојата долна облека. Искомплексираност до максимум. Чист просек, дури и незабележителна девојка ќе се слика во танга за да ја приметуваат. Онака жално дури. Греота.
а какво е тоа пишно правило дека ако се сликала по ,купаќи или по долна облека немала да биде добар родител???Тоа не е простотлук драга моја.Неписменост па уште помалку.Простотлук е твоево вреѓање овдека и плукање по темава за нив.Зошто сте бе толку затворени.Ништо не чини за вас.Зошто малку не гледате на убавата страна на работите?ццц
Има разлика од слика до слика. Не гледам ништо страшно во тоа повозрасна жена да стави слика од плажа, не мора да значи дека на секоја таква слика треба да се чепи или да си го прчи газот. Сите по дома имате фамилијарни слики од плажа на кои и мајка ви е по купачи, па не делуваат невкусно, туку напротив - фамилијарно. Мислам, едно е да прави пози на карпи и да се прпелка по песокот како рипче на суво, не доликува тоа на постари, ама што е страшното во нормална фотка по купачи? Затоа и постои регулирањето на приватност, да не може секој да ги гледа таквите слики, ако веќе сте се одлучиле да ги ставите.
Ме мрзи да читам 18 страни, ќе одговорам стрикно за темата. Денес е акуелно она camera whore, за жал се повеќе и повеќе до степен да ми се згади. Не се работи само за моралот, таквите девојки, пред се’, немаат почит за себе и не ми е јасно како очекуваат да си најдат пристоен дечко, кој ќе ги сака и почитува? Напупените газови, напрчените усни и цицките „на мегдан“ нема да бидат гледани како личности, никој нема да погледне во нивниот карактер и душа, ќе бидат само обични секс објекти. Пред некој месец случајно налетав на една таква и пробав да ја вразумам, ама тешко е да разговараш со амеба...
Моментот албуми, албуми изгледа не го забележа. Да, хејтам мажени жени, со дете, без дете кои имаат профил слика напрчени со газето во купаќи, албуми од секој можен одмор каде мажот и децата ги нема, сликите се само од неа. Ако вас ви се допаѓа тоа океј, но мене не ми се допаѓа. Невкусно ми е. Не велам дека треба да се забулите, но не сте повеќе девојки. Подоле во коментарот пиша дека ќе ти пречи ќерка ти ако се појави ваква, што значи ти пречат и овие девојчиња. Не гледам разлика зошто мене да не ми пречи возрасни и созреани жени да се однесуваат на исто ниво со 18 годишни. Што сакате да покажете дека сте родиле дете, но сепак изгледате како девојка од 18?
Убаво ти кажа Офспринг, затоа што имам морал. А извини ако сум те исплукала и увредила сигурно си се пронашла во мојот пост. Сега знам дека веќе не сум ти драга а и не треба Тоа што чини и е добро за мене немора да биде за тебе. Јас така гледам на работите и тоа е мојот став
^^^ Mарамке ма, просто сам изненаѓена и увреѓена А зошто држев диети и слабеев, па да ме види народ Се шалам... Не ми смета ништо, посебно не делам на мажени или не, со деца или не, само да не се поминат границите на нормалното т.е пристојното...
Офспринг Што е тоа морал за тебе? И дали воопшто знаеш што е тоа?Или само мешате баби и жаби кај шо треба и не треба. А за таа другата девојка...дали сум се пронашла или не...не е твоја работа.А тоа ако сум ставила слики од одмор по купаќи па сеа ја неам морал..... па сеа некој шо нема друга работа ќе ми шири морал по форуми не не фала.Ич не ме занима.Ај уживајте
Eпа сеа види вака - Морал е збир на правила на определено општество или општествена класа за содржината и начинот на меѓусебните односи на луѓето и на човечките заедници. Морал разликува помеѓу доброто и лошото и претставува правец во философијата кој како предмет на изучување ја вклучува етиката, што всушност опишува начин на живеење т.е., став кон животот со свест за дисциплина. Па не е ни твоја работа да кажуваш како јас гледам на работите. Абе сликај се и гола, ќе ти дадам лајк , верувај ми. Уживај во форумот и не се нервирај
Кралици на фејсбук како што можев да заприметам кои досега ги објавија се моми со цицки до заби, на кои повеќето фотографии се распичиле во провокативни пози, кои делуваат како да се продаваат, очајни им се и одговорите,( не би сакала да бидам игнорирана, или мојот сон БМВ.. Крај)! Што има да се коментира, и очајно ми е кога ќе видам цури со долна облека и шират секс наоколу, ти се молам да го користиш фејсбук за да си го нахраниш егото или да си го најдеш вниманието на тој начин е повеќе од ЕФТИНО И ОЧАЈНО. Секоја од нас може да го стори тоа, ама очигледно кофициентот на интелгенција ни е различен некој можат да си ги постигнат своите цели со ум. И има разлика од манекенка/модел и од овие очајниве.. Или кога ќе видам некој напален ко кретен и пишува маче што би ти правел, срцка си, и оваа дебилнава одговара- фала! Има разлика од фотографија сликана во бикини во сосема нормална спонтана ситуација, без напрчени усни, стискање цицки со рацете од страна да ти изгледат циците восхитувачки. И јас сум мајка, и не ми се допаѓа осудана дека мајка - бикни, не знам ова она, со ќерка ми сум заедно и не ги доживувам како вулграни, ма да сепак немам постирано (мислам), кога и да ги погледам не се споредува со патењето за внимание, и покажување на атрибути по тераси, кревети, карпи песоци.. Има голотија која јас како фотограф знам да ја преставам во уметнички стил и да не делува вулгарно, ама ова со онаа Јовановска е за жалење..
Јас не го забележав моментот албуми а ова болдираново што е кажав имам и јас цели албуми, ама изгледа ти мислиш на оние албуми каде е само мајката и никој друг, прецизирај, потенцирај на што мислиш.... Не сме повеќе девојки, извини ама јас баш се осеќам како девојчица И ова посебно што го болдирав, не ми се верува што читам. Знаеш има девојки кои родиле, а се` уште немаат ни 18 год., а има и мајки кои родиле со по 30 и кусур години и изгледаат 15 пати подобро од 18 годишните, и не секоја сака да докаже дека изгледа солидно (да не речам гром) за една родилка....секој со свој памет...али ај да не бегаме ептен од темата. Значи ти попрво би ги оправдала овие квази-модели, макакенки или не знам уште што се под 18 год. како се бламираат и понижуваат, се` уште недоволно созреани и пораснати, кои можеби и се жртви на фејсбук популаризмот, отколку некоја мајка која има може и подобро тело од горенаведената, али таа е мајка....дај ти се молам, стварно. Па, пожалосно е да гледаш 18 год. девојче како се бламира и понижува отколку некоја си мајка, а таа мајка и не е баш доволно созреана, нели И кога нешто хејташ и презираш биди поспецифична. Сега разбирам дека тебе уствари ти сметаат мамици со напрчени усти, г*иња без деца и без мажи, а не мамици во купаќи.....има тука разлика Мене не ми сметаа овие мамици, мене ми се смешни и ако маж и` и дозволува и се гордее што неговата жена-родилка има гром тело, ако него не му смета да му ја гледаат жената и да да се диват на нејзината лепота, мене па ич не ми смета.....јас само би се смеела и би си помислила дека и двајцата имаат мозок колку кикирика. И да, јас реков дека ми пречат овие девојчиња што собираат лајкови на своите тела и со своето себеприкажување се само мета на педофили, сексофили, др*аџии итн.итн. и жал ми е што денешната младина на ваков начин се себепромовира, па и се гордее и ликува на секој је*озовен коментар. Толку од мене, кој ме сфати добро...кој не, пак добро. Фала на пажња.
Нели помислуваат дека некој ваков во секој момент дрка на нив. И, нели им се гади од таа помисла? Сигурно Бред Пит не дрка на нив, дрка некој запечен, што нема вагина видено.