Форумџика на годината

Facebook проституција! Да или не?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Boyfromtown, 27 март 2010.

  1. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Океј Еш,очигледно јас и ти имаме различна претстава за тоа што е голотија,затоа батали ова. Да беше поставено ова од "почитувана членка на форумов" во модни критики,муабетот немаше да биде плукање... Јас сеуште си стојам на ставот дека темава испадна лечење комплекси. Продолжете со дискусијата :)
     
    На livert и enca.69 им се допаѓа ова.
  2. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Болдот кажува се'.
    И те разбирам, ни јас не би сакала некој да ми зборува лошо за другарка добра.
    Уствари да ми сере.. А,кој би?
    Јас само ти дадов еден мал пример која е разликата меѓу деклоте и голотија од моја гледна точка.

    А, за тоа дека темава има потенцијал за лечење комплекси, има и тоа голем.
    Но, тоа мене не ме засега,затоа што не се проаоѓам во таа категорија и немам потреба понатаму што да коментирам иако имам мали цицки!
     
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.766
    Пол:
    Женски
    Баш прееска ги гледав сите девојки и не ми се мене нешто многу глупи. Девојкиве си се промовираат, па и зошто да не?
    Конкретно за плавушава па и не и се провокативни сликите, мене и баш ме изненади со една ко слатко детенце е, погоре некој ја постираше. Имаше една со бела мокра кошула ама па затоа речникот не и беше нешто лош, плус модна агенција има. Девојките кои сакаат понатаму да бидат или се модели нека си се промовираат вака.
    Вака барем ќе ги види и можеби ангажира некој. Не ги ставаат џабе сликите на нет.
     
    На Towelie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bitolcankaa93

    bitolcankaa93 Активен член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    zasramota..samo del od devojkite koi mi padnale v oko so slikive na FB
     

    Прикачени фајлови:

  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    [​IMG]
    Оваа ко да сере у природа потклекнала.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Абе какви комплекси,глејте на шо заличува светов! И ова не се прави само од помалите генерации,туку општо од сите,од 10-80 год. да речиме...Дали е тоа нормално? Епа не е! Овие на фб што ги ставаат ги стават за лајкови,а си прават само штета,додека овие другите,фациве,си имале цел и некако си ја реализираат,како што кажа марамче,си се промовираат за некој од агенција или богаташ да ги забележи,па се пријавуваат и на конкурси и се живо.Нивна работа тоа.Во секој случај,Фб само ја зголеми проституцијата и ги направи луѓето болно да размислуваат.На некои тоа и им одговара и се им е и подостапно.Што дека ќе стави едно знакче за над 18? НИШТО! Секој можи да види. А да не зборуваме колку се достапни и порнографските материјали.Порано барем не се реметеа толку детските умови.Се знаеше,возрасните си земаа касети од видеотека за тоа :lol: А сега братче,уште од 10 год гледаат порно,дури и соученичките им се разголуваат,деца раѓале на 9-10 год. Па како и нема? Страшно е ова што се случува. Фб и сличните треба да се забранат и да не постојат жими се,иако сега го користам,ќе поплачиме,ќе се навикниме пак и без него.Ете еден скајп или мсн е доволен за зборување(макар и на нив ќе се прави тоа,ама пак се позатворени и поприватни) Ќе има комуникација меѓу луѓето и нормални односи!
    Е сеа кој си има таков ум како на пр педофили,манијаци и останати,пак ќе си се такви.

    Е да Офи вистина,или ко да си го бара(можи и наплаќа,па за да излези од мизеријата во позадина)Ама како,сите лајк ќе и манат...Некој ден ко бумеранг ќе и се врати позата и ќе ја удри во глава да се замисли,ама касно ќе е
     
    На avita и antilla им се допаѓа ова.
  7. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Мене лично не ми сметаат ама ич, зборам за овие што се „девојки на неделата“, мислам дека сите се +18 и се доволни големи за да знаат што сакаат и што прават. Ако ја импонира тоа што некој средновековен запечен чичко или некој бубуљичав тинејџер ќе и остава коментари и лајкови, и ќе дркаат на неа нека си се слика. Ма и ако и е мерак нека се слика, нејзино си е.
    Не ги осудувам и нарекувам лесни, прости, глупави и други вулгаризми, мене ми се смешни, ама па не ни им се замарам, какви се-такви, сами за себе.
    Јас можам за себе да кажам дали ќе ставам такви фотографии или не, дали ќе се сликам по бикини, во ВЦ, на кров, где год било, со или без облека, мое си е.

    Мене ми сметаат малолетни девојчиња кои прават вакви фотографии, ужасно многу ми сметаат. Едно што не им доликува на годините, друго што незнаат ниту зошто го прават тоа, дали за лајк, дали за да биде главна цура во школо, или за инат на мајка и и татко и.

    Насловов ми боде очи зошто девојкиве не се проституираат, се додека доброволно без паричен надоместок објавува вакви фотографии, тоа не е проституирање туку промовирање. Кога некој ќе и плати да спие со него тоа е проституирање, а разголеното и провокативно фотографирање не е.
    Зарем сите девојки што се сликале голи се проститутки, тогаш пола и повеќе манекенки и селебрите фацки се проститутки, така му доаѓа нели?

    Невкусно е, навистина, особено за малолетните девојчиња, и срамота за нивните семејства, меѓутоа далеку од проституција.
    Или за проституција го сметате она „продавањето за лајк“?
     
    На wolf4e и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  8. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    И мене тоа ме нервира,што малолетни го прават тоа,а тие слики на Фб не се плаќаат,ама лошото е што водат до проституција,некои од нив да помислат и да го направат тоа,како полесен начин на заработка да речиме.Не мора да има некој да ги продава,некои сами доброволно си почнуваат со тоа.И на Фб се е доброволно.
    А славните,и тие го прават за да привлечат внимание и на некој да му се крени цената,да му се продаваат повеќе филмовите или албумите итн.
    Иначе да,за себе можиме да кажиме.Јас сум против такви слики и не би ставила.
     
  9. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Е сега водат до проституција, попрво би рекла сиромаштијата ќе доведе некој до проституција отколку фотографирањето за на фб.
    Секоја девојка со два грама памет знае да си постави граница, е сега има и такви кои немаат граници, ама се е тоа до девојчето или девојката сеедно.
    Потикнуваат погрешни сфаќања за морал и опшествено пожелно добро, и нормално дека може да има негативни последици.
    Меѓутоа од фотографирање до проституција сепак има еден голем простор за маневрирање и откажување.
    Но не може да се заштитиме од ФБ, самиот интернет „ги учи“ децава на поинакво однесување, ги десоцијализира, ги затупува, ги дисконектира од ова опшество зошто гледаат примери за друго демек подобро опшество.

    Затоа и не сакам малолетни, гледаат од постарите и мислат дека така треба, а родителите во трка по пари, полесно им е да им плати интернет отколку да седне од време навреме и да поразговара.
    Јас во мое време читав книги и енциклопедии, така се информирав и образовав, а овие мислат дека се знаат, и читаат дека Хана Монтана дувала, Биберон незнат ти таму што, и почнуваат да живеат во некој друг различен свет.
    Мајка ми ме учеше да бидам невина, а сега овие уште ни цицки не им пораснале носат чипкани гаќи и градници, или немаат влакна ама уште од 5 одделение на депилација.
    И не зашто се мора, туку зошто Хана, Селена или некоја си ќурка така прави.

    Забегав во друга тема, ваљда ќе ми се прости, сепак се поврзани и се надополнуваат.
     
    На ANGEL1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Во право си и ти,да,секој си ја знае границата до кај му е...Тие што се научени да имаат граници де.
    А фб е само уште еден начин да се занемари моралот,интернетот ги сруши тие граници и сега некој ќе ги искористи за добри цели и да научи нешто корисно,а некој да научи нешто што само ќе придонеси за деградација. А и од воспитувањето зависи,и тоа многу.А и самите родители се виновни што дозволуваат се,а има и некои што самите се лоши примери за децата,тие самите(некои од нив) ставаат слики какви што ќе им текне и што не се за покажување,ставаат слики,и тоа public ос своите деца,домот,работата,што прави се подостапно на криминалците на пример. Плус се измешаа и секакви култури и сваќања што се вовлекле од целиот свет.И Америка и нивната слобода.

    Сепак фб носи последици.
     
    На antilla и najubava2010 им се допаѓа ова.
  11. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Јас имам впечаток дека сега тинејџериве се преокупирани со фејсбук само за да соберат што повеќе лајкови као демек тоа ја зголемува нивната популарност , тоа им е некој престиж како да се на некој натпревар :^) .... јас ја разбирам и н ивната младост и хормони и се, ама стварно кога нешто не е вкусно не е... добро јас не сум тинејџерка ама имам фејсбук и морам да кажам дека го отворив многу касно, цел свет користеше фб а јас ко да сум од марс падната имав и некаква одбивност, ама за да бидам во контакт со другарките пошто имам многу малку слободно време ( а телефониве се поскапи :) ) цело време ми велеа отвори фб аман :D ... Сега го користам да видам некој дали има роденден од пријателите и да му честитам, и си играм некои безвезни игрички што ме релаксираат да си го пуштам умот на пасење :D ...а ме чуди кога ќе видам напрчени муциња по сликите на тинејџерки, слики во милион комбинации на облека (као демек имам многу алишта, имам вкус и стил), одам на шопинг ваму, се вратив од шопинг од таму, и слики по купачи костими како да конкурираат за мис бикини :?:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  12. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Пошто немам фејсбук, на драго срце можам да изјавам дека сум нешто помалку изложена на овој феномен кој претставувал "мелем за очи" :drunk:
    Мене повеќе ме запрепастува фактот какви родители, поточно, какви татковци имаат овие дома.
    Не за друго, туку малце се подзамислив со какви т.н особи го делам кислородот и животниот простор. :^)
    А тоа што за празноглавиве поим за успех било нивните напучени г'зиња и ци*иња од социјална мрежа да преминат на секој иксразреден интернет портал каде повторно секакви напалени мрсни чичиња и недозреани (пост)пубертетлии ќе си го тинкаат на нив, само по себе воопшто не е нешто што ме загрижува, баш напротив и ме засмејува по малку. И не зборувам само за assbook "моделирањево" кое е за без пари, туку и за оние кои се платени да се сликаат во вакви пози, било каде (зашто првите уствари ги имитираат овие вториве). Е сега, пошо, нели секоја може да се соблече без проблем, треба да знаат дека не е тоа некоја посебна привилегија, ама :!: не секоја сфаќа што има убаво во помислата твојата слика некој да си ја пика во валканите гаќи.
    Нејсе, нивна работа, немаат сите капацитет да искористат други таленти што ги дава природата, па мораат вака да се пробиваат, на крај мора да има и такви, мене тоа не ми смета, реков :D .
    Но, вистинскиот проблем кој ама ич не е за смеење е во тоа што ваквото понашање станува карактеристично за се поголем број на девојки и почнува масовно да се пропагира како најнормално (а не е), следствено на тоа, као оние шо не ја гледаат "убавината" во ова се веднаш осудувани дека се полни со предрасуди, па затворени умови, конзервативни, заостанати во времето, дури и љубоморни, завидливи :^) и не знам уште какви се не епитети и етикети се лепат :?: .

    И бидејќи таквите се осмелуваат со таков однос да истапуваат, ќе кажам оти мислам дека веќе е доста разни, ај поблаго да се изразам... поматени умови воедно со исклучително низок IQ да си ги прикриваат недостатоците и да си ги лечат комплексите криејќи се зад некаков си либерализам, зашо шо е многу е многу, стварно. Почнуваат да се преминуваат граници со ваквото понашање.
    Во ред нека се сликаат цуриве, нека си го "онадат" на нив загорените и манијаците, никој тоа не може да го забрани, ама да се прогласуваат вакви профили на личности за "девојки на неделата", "амбициозни", "интелигентни", "со сите квалитети", на сајтови добро познати и лесно достапни за целата публика е... :^)
    ...не знам како да го наречам и како што рече Дивајн, кога ќе погледнам и деца какви навики попримаат растејќи покрај вакви појави, не знам ни каде води ова...
    Ете во тоа е проблемот, што вулгарноста и простаклукот станува составен дел од начинот и културата на живеењето, а инаку не верувам дека некој од други причини сака да си губи време со осуди која била таа што се сликала, од какви побуди и зошто. Барем за мене можам да тврдам дека е така. :)
     
    На Moira и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  13. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Она што заборавив да пишам а мислев :!: е дека овде цело време низ темава се провлекува фактот за тоа што прават девојчињава на фб. ама морам да признам иако не толку честа појава (барем јас колку сум приметила) имам видено и профили на машки тинеџери кај што се сликани подома или веќе незнам каде полуголи кај што ај да кажам рекламираат мускули, бицепси, трицепси и све остало... како да го прифаќаат женскиов феномен... всушност за нив тоа е се толку нормално, и на сликата гледаш 589 лајкови од кои 587 лица воопшто не ги познаваат а им се пријатели???????????
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  14. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    ^ Имам претстава за какви збориш. Tие се веќе ептен за никаде :^) ... впрочем како и женчињава.
    И сега оф топик ама кога веќе ги спомна, баш вчера-завчера налетав на една тема во Насмевка за таквите што мислам им е... поприкладна де :D
    nasmevka/simptomi-of-being-a-seljak-t3998/240.html
     
    На Divinebutterfly и avita им се допаѓа ова.
  15. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Е да да,не се само женските,и кај мажите ја има таа "мода",па да имале мускули,и тоа некои не застануваат на добро градени(тоа сие го сакаме,ајде ок),туку почнуваат да не личат на себе,огромни ко планини,па и земаат стероиди,протеини едно друго,а не мислат дека понатаму тоа ќе им се одрази на здравјето.Ама важно тие да се фаца и на фб да ставаат слики...
    Па и овие
    сељаците
    се сликале со се и сешто...Барем ќе знаеме да не си фаќаме работа со тој и тој :D
    И како што кажа Ангел1 од такви кои не ги ни познаваат...
    А шо фајда па да имаш 354564565 пријатели? Ако во реалниот живот не можеш да се потприш на ниеден? Барем ајде,нека стојат тие што ги познаваш колку толку...
     
    На ANGEL1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Баш така. Додека не беше ФБ сите `помирни` беа, ама со ФБ, се доби лесен начин за себе претставување и себе промовирање.
    А, да ставаш секакви слики, и тоа пред многу непознати фаци е навистина незрело и глупаво. :^)
     
    На ANGEL1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Ова го најдов кај еден другар на фејсбук, ова е преодвратно, да се засрами. :puke: :puke:
    I have no words more. :x :x
    Докај ојде светотт, еххх се запустија сите.
    Не знам дали е од фејсбук или од негде на друго место, ама е ужасс. :puke:
    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Мене коментариве во темава ми мирисаат на она... како да кажам... се ку*чите дека дечковците додаваат вакви цури па ви бодат очи :D пошо реално нема да се замарате волку со некој што нема никаква допирна точка со вас.
     
    На thinkerbell и funkygirl им се допаѓа ова.
  19. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Да бе, сите ние што коментираме овде сме искомплексирани, грди, влакнести, подгрбавени стокилашици со мрсна коса, полни со акни и болно им љубомориме на овие. Јас барем ептен сакам да бидам како нив за напаленава сељачана да си го треси на мојата појава. |(
    Е токму за ова зборував и во претходниот пост. :)
    Кога ќе сфатите бе луѓе дека секоја што сака може да се соблече, само кај некои постои нешто што се вика гордост, достоинство и згрозеност од изопачената околина? :^)
     
    На sweet-star, hermosa, Elennaa и 5 други им се допаѓа ова.
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    ^Епа за тоа зборам цело време де. Сите знаете да коментирате и да покажувате со прст за нечии голотии, а за промена да направите нешто со кое би ја подигнале нивната свест на пример...
    Никаде не посочив дека сите сте искомплексирани, искрено не ме засега тоа, како што не ме ни засегаат нечии голлотии на фејсбук кои што немаат допирна точка со мене.
    Затоа може само да трачарите и да плукате по девојкиве посочувајќи ги светиот морал :worried:
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.