Ние затоа овде пишуваме,не е за џабе отворена темата,можи некои ќе видат,ќе прочитаат и ќе се свестат,ама тешко ти на некој да му кажиш и да го воспиташ отпосле...Ова е ете да речиме индиректно потсетување. Иначе и мене не ме засегаат(засега),што сакаат нека прават,ама кога би имала свои деца не би сакала и не би дозволила тоа да се случува.Треба да има некаква граница... Спојлер Можеби би ме засегале ако понатаму кога ќе работам идат за многу аборти и сексуално преносливи болести(пошто и фб ќе допринеси за тоа)Ќе треба докторите освен алкохол,цигари,дрога и др раб. да почнат и фб да го забрануваат Ќе треба кампања да направам,ете ако имам можност понатаму и би направила,зошто да не Ајде,ако треба и постер нека се направи или незнам што.Едно е убаво и естетско сликање на голо тело со уметничка цел,а друго е промовирањето.Затоа после можи да им понудат работа(како во една книга автобиографија другарка ми што ми ја кажа) демек добро платена,а потоа ги земаат и додека се осетат и освестат да ги продаваат,и тоа се се млади девојќи.Не би сакала на ниедна да и се случи тоа,ама затоа сами треба да сфатат. А во денешно време и од работното место понекогаш можат да ти го гледаат профилот и да разберат каков си,па некои работи да влијаат на работата. Еве предлагам да има и една таква статија на страната на Фемина,со сите лоши работи што би можеле да се случат,на страницата барем секој ќе можи да прочита.(можно е и веќе да има) Знам дека имаше за тоа како да си ја заштитите приватноста,ама ова да е баш за таквите слики.
Ајде се надевам ова ќе ми биде последен коментар на темава, зашо после пак ќе викаат дека сум завидлива или трачарка Мимс, ти велиш дека сме коментирале затоа што сме биле љубоморни шо мажите ги лајкале сликите . Па темава е тука да се оставаат коментари, инаку ова ти е исто како јас сега пример да одам на тема фудбалски натпревари и да ја плукам играта, на што знам, еве Барселона само затоа што не ми се допаднала, а да ми излезе некој да ми рече дека сум љубоморна на Меси и се чувствувам загрозена од него, па затоа зборам. Зошто сме ги напаѓале, па ако е така, тогаш ти што ги браниш? А и не е феријално од твоја страна да велиш дека трачариме. Јас никого лично не сум посочила на темава, ниту пак покажувам со прст луѓе кои не се закачиле со мене. Фејсбук не сум отворила откако постои ниту кога беше на врвот на популарноста и кога сите беа опседнати со него. Токму затоа што мислам дека врие од малограѓанштина, вулгарност, сеирџиство и мешање во приватност. Што значи, нема врска тоа дека нешто многу размислувам или сум загрижена за ваквите. Само темава ме поттикна да искажам став. Оние профили на машки шо се палат на простаклук мене воопшто не ме интересираат, нив ги ставам во исти кош со овие така да... И само пример, додека мене во средно ме болеше ѓон што прават есбуковките, за тоа време таквите се смараа со мене, со мојата петка по историја и со машките што се интересираа за мене, и покрај тоа што мене нивните напалени обожаватели никогаш не ме интересирале. Така да, добро сум запознаена какви особи и малограѓани се всушност ваквите, па слободно си земам за право да зборувам против нив. Исто така не посочувам никакви "свети" морали. Плус јас моралот во голем дел го поистоветувам со свеста. А сигурно не е моја работа да ја подигам свеста на непознати не ни можам јас тоа да го правам, да финансирам и спонзорирам некакви проекти или што треба... Свеста кај човекот е вродена, кај некого е поголема, кај некого помала, само работата е да се надоградува за да се одржи. Е сега со новово либерално и "демократско" време каде нели никој не смее да команда со никого овие со недостаток на истата таа свест и мозок не се воспитувани соодветно, можат да си прават што сакаат, еден ден ќе ни се ску*чи ова и на глава ќе ни дојде на сите, само касно ќе биде . Инаку ме боли мене за проституција или ку*вање од било каква врста, мора и такви да има, не ме засегаат, само работата е да не станат мнозинство празноглавиве. Колку и да не сакам да имам допирна точка со нив треба животен простор да делиме. Тука е проблемот, нејќам јас утре да имам деца кои ќе растат во вакво општество, капираш? Инаку ајде сите да бидеме пасивни на темава и да не коментираме ништо, или пак да ги тапшаме по рамо, уште подобро.
Се согласувам со твоето мислење, само што јас тебе не те посочив никаде, ниту пак посочив некого, туку си кажав само јас како ја гледам темава, а тука дискутираме нели? Незнам дали ја имаш прочитано цела тема, ама ако ја прочиташ ќе видиш дека голем дел од мислењата мене ми оставиле таков впечаток. А јас ниту бранам ниту напаѓам, тотално сум неутрална затоа што туѓите животи не ме интересираат. на некој начин тука сите вие наводно не се замарате и не ве интересираат, ама пак темава врие од такви коментари. Никаде не напоменав дека сите што дале некој коментар се љубоморни, искомплексирани итн... Ако немаш фејсбук и никогаш не си отворила, еве велиш дека тоа не те засега вооптшо од каде инспирацијата воопшто да погледнеш ваква тема и да ја читаш и да коментираш.. зошто нели велиш дека не се замараш и не те засега фејсбукот? Ништо лично против тебе, а и немаше потреба да ми го опишеш твојот живот без фејсбук Ми се допаѓа твојот став
^ Пак ме тераш да се повторувам, а воопшто не сакам да пишувам повеќе мислења на една тема. Мене не ме интересираат тие лично, туку ме интересира каде води сево ова, првенствено ради мене самата. Не ми се свиѓа изопаченово ново време, тука не можам да бидам неутрална кога влијае директно или индиректно. А за другите што коментирале и како, не можам да тврдам ништо, јас можам за себе да кажувам. Ти не посочи никого лично, ама затоа изгледаше како сите општо да ги посочуваш. А инаку мојот живот без фејсбук не е опишан, не ни сакам животот тука на форум да си го откривам , поентата беше друга. Зашо од твоите постови се остава впечаток како тие да се некакви жртви , а сите добро знаеме за какви особи станува збор и да не повторувам сега и други што кажале пред мене. Темава е отворена за коментари, ете, ти си неутрална, па пак на некој начин нападна група коментаторки, во ред, но зошто некој да не може да ги напаѓа овие? И стварно, ништо лично, ама иритантно е прогласувањето за светец и чувар на моралот кога некој ќе посочи нешто што не чини во општествово, поготово затоа што ич, ама ич не е во мој стил да морализирам Само сакам да бидам реална. Толку од мене на темава, досадна стана
Леки гуски, абе мило ми е жими се што си го избришав фејсбукот. Мислат дека кога ке стават слики со цицките надвор, напрчени усти а ла патка, и минич до пич и штрак штрак на фејсбук ке ја закачат и ајде, преку нок ке станат многу посакувани од страна на машките? Бич плиис, со тоа не ти се дига цената, единствено што се дига е рејтингот на ороспија ту би, и на некој си таму стар манијак таквото Не оставаат овие девојки ништо на фантазијата, немора да се бори некое машко за да биде со нив кога веке знае колкави цицки има, ке го издрка еднаш на неа и готовоооо. И ај да бидат некои без целулит, без фотошоп и со стомачни, ај нека стави поразголена слика, ке кажеш, има што да покаже, ами секакви мрсници стават слики од сало Што не бива не бива.
Што видов пред малку на тој Фејсбук,уште сум ваква. Ете во некои граници и не ми беше толку чудно расоблечени во миничи,ама само по танга и уште едната ци*ка надвор,а таа качена врз друга девојка и и` ги трга гаќите.На нив сало 100 кг,чиниш моторици пред колење,па уште албумот именуван HOT. Девојче од мојот град. Не можам да поверувам до каде отишла младинава. Ова е страшно.
Богами како тргнала работава баш фејсбук проституција. Јас сум против ставање разголени слики достапни во јавност, а само кога би знаеле родителите на тие девојки( посебно малолетните) што прикачуваат на нет, тешко нив .
Леле не ми се верува добро бе девојкии толку ли немате осеттт дека сите ве гледаат!! Една што видов така беше некаде постара околу 40-45 години леле мила мајко кога видов тука со танга раслечена со градници тука пола ци*ка излезена лелееее Уште една видов незнам како сум ја прифатила за пријател(тогаш имаше ставено слика нејзина не беше расоблечена)и така бришев некои пријатели и ја гледам неа си велам која е оваа кога сум ја прифатила влегувам во слики ја гледам со друга девојка се бакнуваа и се фаќаа за интимни делови и одма ја избришав и готово одсега кога прифаќам др девојки му ги гледам сликите дан прифатам некоја....
Има мноогу мои врснички кои си ставаат слики со цицките надвор,устите напрчени,газот напучен,мислам АЛО??!! Прво како не им е срам?? Мене грдо да ме гледаат роднините,пријатели на мајка ми полу гола!!! Една 2 година средно нема повеќе од 16 години си стави тетоважа на цицка и си ја слика и ја стави на ФБ,важно имаат во 300-400 лајкови и 200 кометари,јаката работа лајкови на ФБ!
Не, не, не и НЕ!!!!! Не за џабе се вика фејсбук, а не факбук, титбук, батбук и слично. Си има соодветни страници за тоа, ве молам оставете го фејсбук на мир. И сметам дека треба да следуваат санкции за оние кои го злоупотребуваат со разголени слики, она баш... само кој да ги пријави тие профили? Наместо да бидат пријавувани, тие добиваат 100+ лајкови на секоја слика. Јас пријавувам, пријавувајте и вие. Нека им ги бришат профилите. Па и нови кога ќе прават, ќе пријавуваме пак и тоа е се што можеме да сториме. Пријавувајте ги ваквите профили! Јас пријавувам ако сретнам некој ваков профил за несоодветна профилна слика (штета само таква опција има на тајмлајнов) и потоа за разголеност и порнографија. Инаку, јас немам вакви пријатели на фејсбук и среќа. А фејсбук успешно ја оствари својата мисија. Навлезе во приватноста и интимноста на корисниците најдлабоко што може. Другото го остави за други, знаеме кои страници...
Во иднина ве молам не постирајте фб профили и задржете се на темата,можете да дискутирате и без посочување на примери,зошто верувам дека на повеќето им е јасно како изгледаат тие примероци на...луѓе.
НЕ,но во последно време тоа стана многу актуелно.Сите мои другарки се разголуваат на сликите и добиваат 1000 лајка и после ми се фалат.Сум била во искушение кога бев изнервирана,но сепак не ставив такви слики и нема ни да ставам.Затоа што мои 50 лајка вредат повеќе него нивни 500.Кај некои од моите другарки кога ќе отворам во слики на профил,ко да сум отворила слики на некоја порно страна.Некои од нив дури имаат и правено провокативни видеа. Па не мора да значи.Баш на една моја другарка (да не видев со свои очи никогаш немаше да поверувам) мајката не само што ја пушта туку и она самата ја слика.Баш јас кога бев до кај неа ја начекав како ја слика и и викаше да се наведне подоле (нормално,за цицките да и се видат поубаво) и одма кога се вратив дома ја имаше веќе ставено на фб сликата со пола цицки извадени надвор ilent:
Не, никако. Мразам девојки што се сликаат скоро голи, мислам хелоууу, приватност?! Остави нешто за дечко ти, да му биде интересно, а не се да биде веќе видено од илјада луѓе.
Мене многу ми е проста оваа работа но секој си има свои свакања...Незнам што му сечи во мозокот за да ставаат разолени слики па во некои пози...да се чудиш.
НЕ! Не е фејсбукот место за рекламирање и проституција, нека си идат таквите позади мтв и готово. За жал па имам таков пример баш во моја околина, девојчето што има такви слики на фејсбук и да ја видиш во живо нема да ја познаеш, ни во изглед ни во понашање, а на фејсбукк што да ти расправам поише гола него покриена, и прифатено пријатели со кинески имиња, колку да се каже иам повеќе пријатели и лајкови де. Жално е стварно, ама сепак мислам дека на таквите и не треба да им се обрнува внимание, никој нив не ги сфаќа баш сериозно
Паметно девојче мрш у 5ти разред! Ова мора да се објави на фб иначе како би знаеле сите, колку и вредат услугите.
Ено големо НЕ!!! Си има место за такви работи! Фејсбукот е место за дружење, за нови познанства итн. Тоа е социјална мрежа, а не место каде што треба сите да видат колкав задник и колкави гради има она! Што да се прави, секогаш ќе има такви прости, бедни створења кои што ќе си патат во животот од тоа што немаат доволно мозок.
Леле колку ме нервираат таквите што објавуваат провокативни слики, а за жал се почесто ги има. Зар не гледаат дека со тоа само покажуваат колку се прости и што дека ќе добијат 1 000 лајкови кога сите ќе ги сметаат за лесни (да не кажам к*рви) и ќе се стекнат со таква лоша репутација да после и да сакаат да ја сменат нема да можат. Што се однесува до машкото внимание, може ќе го привлечат, но нема да го задржат, и машките имаат мозок да проценат што вреди, а што не